Исто како што твоите и моите влијаеле за да не се најдеме на порнографски сајт. Те казнувале? Те тепале?
Јас на моите можам да им најдам маани во воспитување. Плус јас не пораснав во време кога интернет беше достапен како денес, немаа моите предизвици како ти што ке имаш. Камери имаше вга, и никој не се сликаше така. Една во моја генерација. Порно содржини не беа достапни како денес. Сега девојки 10 години помлади од мене изгледаат како генерација да сме, шминка фризура, јас бев цепки тогаш.
Дури вие се препукувате меѓу себе колку и дали е морално тоа што го прават, тие пари си бројат и не се замараат. И темава забега во многу погрешна насока.
Искрено вака со ваква реченица паѓа во вода сето она што се збори за последици, причини, безбедност...Ништо лично кон тебе, ниту пак поентата ми е да морализирам, ама проблематикава опфаќа многу повеќе од тоа кој повеќе пари ќе има.
Поназад имав пишувано и за тоа, туку во последниве страни се препукуваа само за чест и морал, и во тој контекст ми беше постот.
Да ти ебам честа и моралот, каде пола од мажите во брак во државава беа на сексбук, со пенисите испрчени на профилна. Е!... тоа е нашиот 'морал' Прај шо ќе прајш, никој да не те разбери
За жал познавам еден многу близок таков, и таквите први осудуваат дека нели честа и моралот на прво место. Ама ај да не одиме оф-топик.
Не е оф топик. Тие за без пари ги покажуваат пенисите на цела планета, ама оваа ако наплаќала за нејзината вагина, тогаш била неморална. Море нека одат нека мочат сите. Скурчено ми е од искривени вредности и двојни аршини. Гнасен народ сме. Покварен, неверен, подмитлив, криминоген. И се' мразиме! Се' освен Хетеросексуален, Бел маж, Православен, во брак. Се е лице.
Да ти се позлати тастатурата. Ти викам, познавам еден таков што при златна жена и деца дома, тој дреме по такви сајтови и со други жени си тера кејфови. А толку немам моќ да направам нешто да го сменам тоа, за жал. Ми се гади.
Се' е нормализирано кај нас, ако е од маж. 'Маж е тој. Ќе му се исушат мадињата. Ќе му падне' Ко ние жените да немаме сексуален нагон. Нас ќе не казнуваат за нивниот промискуитет. Нас ќе ни ограничуваат каде се соблекуваме и пред кого, нас ќе ни кажат кога да абортираме, кога да раѓаме, нас ќе ни кажат да користиме контрацепција, оти кондомот 'ги стегал' Па уште ко ќе чујам од жени... абе душата ме боли. Толку да не си ја знат вредноста и моќта?! Тажно е у пичку материну...
Што повеќе од за постов. Мене ме боли тоа што и деца страдаат од ваков сексизам, дискриминација, двојни аршини и стандарди. Се надевам дека нема да ги бришат последниве постови или да ги преместат во друга тема ако забегавме од оваа тема.
Ама тука не зборуваме за сексуалниот нагон. Таа сигурно нема сексуален нагон кон некој чиче на кој што му се праќа? Дај не споредувајте абортуси, контрацепции со проституција. Не знам кога се ни стана толку нормално… Да за право на избор, да за моќ врз сопственото тело, да за едукација. Ама добро од лошо мора да се разликува, морално од неморално, безбедно од небезбедно. Да се знае што е за поддршка и поздрав, а што не. И едно нешто не спомнавте- “5 илјади лајкови и Лазаров да отвори онлифенс” , да беше во обратна ситуација лом ќе го напраевте, а она што го “промовира” , нема везе нели..
Кое банализирање на темава. Значи, девојчево што работи во Стокомак во мојата улица е луда што во 7 часот наутро носи 2 деца во градинка, доаѓа истовара роба, се мачи цел ден заедно со нејзиниот маж да донесат леб и храна секој ден. Хех, будалче може да шири нозе на перверзњаци и дебили за 20 долари. Значи, комшивкава моја што шие венчаници по цел ден е исто така будала. Тешка будала. Дреме цел ден на машина, смислува дизајни, секој ден мисли како плата да извади, данок да плати, струја итн. Будалче. Нека си отвори OnlyFans и нека шири нозе за 20 долари. Значи, јас сум будала што секој втор ден доаѓам дома во 23 часот, затоа што од сабајле ми бруи глава како ќе протерам со поскапени сметки, поскапо гориво, материјали и целиот живот поскапен. Ете, имам шанса да ширам шупак на некое перверзчно чиче и да му покажувам стапала за 20 долари. Тоа ни е шансата да направиме пари. Проституција имало, има, ќе има, но се дур е таму на периферија на општество нема никаков проблем. Проблем е кога такви ликови ко типкава почнуваат да се глорифицираат и од нив да се прават мејнстрим ѕвезди, затоа што 'правела пари'. Ќе ги видам тие за 10 години кога ќе остаре, кога веќе нема да е барана, нема да е атрактивна и духовно уништена. Најголем дел од порно ѕвездите во САД се тешки нарко зависнички и под антидепресиви. Одреден дел имаат извршено и самоубиство. Тоа се такви пари. Кој не верува нека прочита слободно по нет. И, патем некој спомна да се пробивала на светскиот пазар. Па, само во Србија и Бугарија имаш проститутки, кои изгледаат 10 пати подобро од типкава, а да не зборуваме пошироко. За крај никој нема ниту да ја убие, ниту нападне. На луѓето многу им е гајле за животот на типкава се дур не им е мајка, сестра, потенцијална жена. Жално е што на форумот не се коментираат круцијални теми од типот поскапување на струја, храна, гориво, лошата состојба на економијата, иселувањето, а се посветуваат страници и страници на маргинални ликови, кои треба да бидат тоа - маргинални ликови.
Само затоа што е во тренд не значи дека треба да биде нормализирано. Премногу се брани тоа што е штетно, и за двата пола..
Не сум ги видел. Јас ниту знаев дека типкава постои додека не ја отворив темава. Жена ко жена. Гради ко гради. Big deal.
ееее како така збориш па ти, ние што не си ги сликаме половите органи сме болни заостанати, дискриминираме, не прифаќаме. Знаеш дека ние сме причината оти не сме во ЕУ. И ти зошто работиш? Сликај си го пендрекот има кој да ти плаќа. И утре седни на софра со цела рода што те видела како си го маваш како хеликоптер, не работи па ти па, биди паметен а не вреден И погоре некој пиша ама не секој сака да се жени и да има деца. Океј ама таа секако на некој ќе му биде тетка стрина што и да е, ее види го овој тетка му со дундата што се слика вчера и ја видов етикетата си стои, и нема никогаш да се тргне. Не куќа, авион и палата нека си купи, таа веќе ги има изгубено сите морални вредности во животот и сакале или не е ставена на продажба од цели 240 денари.