Кога ќе ја нападнат баш ќе видите дали е проблем. Одма тогаш ќе рипате како е она жртва на насилство ама никој нема половиот орган да го заболе. За џабе ќе тупите тука.
Значи да не можам да живеам како сакам, оти имало манијаци во светов? Не златна. Манијаците се проблем, не жените кои се соблекуваат, или облекуваат. Мора да го означите прво тоа како проблем. Не ни се еднакви улогите во општеството. Жените се хиперсексуализирани, ама никаква сексуалност не смеат да изјават во јавност, одма ќе и' се смеат. Или, не дај Боже да се пали на нешто поперверзно, скраја да е. Абе на исто ниво сме ко ЛГБТ заедницата. Греота е шо не сте ни свесни колку сме обесправени.
Знаеш дека ако не го отворам тој дел од месинџер, нотификација не ни ми стига? Не е дека потекнувам од ерата на грамофони и плочи. Имам долг стаж на социјалните мрежи. Ете, никогаш не сум имала такво искуство. Испаѓа дека е лошо ако немам.
Па жртва е, ако ја нападнат. Шо е? Насилникот треба да го осудувате, да пријавувате, да зборувате гласно, кога ве вознемируваат, кога ве навредуваат, кога ве повредуваат. Сите да знаат со каков човек си имаат работа. И да се води евиденција за нив, оти тие ги кршат законите, не жените со самото постоење. Не е: 'Наведната гла, сабја не ја сечи' ако ќутиш, ќе те товараат дури можат. Сите.
Ама што има врска тоа со темата златна. Збориме за продажба на слики од голо женско тело за пари. Почни на соодветна тема за манијаци да збориш, ќе ја сменам реториката.
Па истата тема е. Разликата во перспективата на општеството, кон машката и женската сексуалност. Од тука излегуваат сите проблеми. Будала и јас, место да ви објаснувам вас, треба дисертација да напрам на темава. Запрашајте се: Од кого зема пари? Јас да бев то ќе ја прашав. Колку клиенти имаш од Македонија? На која возраст се? Дали се сингл или во врска/брак? Кои им се преференциите? Која е најчудната понуда што си ја имала?
Абе што е разликата? Па син ми ако реши да си го покаже курот нормално дека би го учела на вредности да си се цени себе си пред се. Тоа е пораз на родител.
И сега ќе се убедуваме дека местото на тема за манијаци и пениси не е за тука. Мислам дека никој, ама баш никој не рече дека постоењето на истите е во ред. Мора ли да прифатам жена да си ја продава својата вагина, пошто некој чичко решил да го прати својот пенис во нечие сандаче. Ни едно ни друго не чини.
Испаѓа дека е лошо? Ти не разбираш што збориме. Тоа што ТИ нема да отвориш не го менува фактот што некој денес станува и одлучува сексуално да те вознемирува. Сфаќаш? Не е проблемот дали ти ќе отвориш, туку тоа што некој одлучува дека е во ред да ти испраќа слики и пораки од нигде никаде. Уште полошо, повеќе добиваат деца од 16 год. отколку ти од 26, 36 или колку и да имаш. И тоа е нормално.
И што сакаш јас да направам во врска со тоа? Ако сметаш дека ќерка ти е мета на манијаци на социјални мрежи, пријави во полиција или нема да и дадеш да има профил.
Има на Јутуб видеа, како фаќаат педофили. Врие! Од сите деца, жртви на сексуално насилство, само 5% се жртви на непознати луѓе, останатите 95% се жртви на насилници кои ги познаваат. Дома ни се педофилите и манијаците. Ако се прајме слепи, нема да исчезнат.
Абе ако гледаме во поглед на чест и морал, не се неморални и нечесни само тие што прават експлицитен контент на ОФ, туку и тие што плаќаат за да го гледаат тој контент. Треба да се гледаат двете страни, не само едната.
Немам ќерка.Ништо не треба да направиш, се начна темата и дискутираме. Доволно е да го препознаеш проблемот(што ти не го правиш). Нема закон за вакво нешто врз основа на што ќе пријавиш. Освен ако не се работи за мали деца(под 14 мислам), што пак не значи дека на личноста ќе ѝ биде пресудено. Точно, а општото мислење е дека е обратно. Скоро секогаш се работи за семејни познаници, пријатели, роднини...
А што направи еве конкретно ти денес за проблемот да го снема? Баш дека сум свесна нештото дека постои, добро умеам и да се заштитам. Ако напишам на темава дека манијаците се проблем, ќе исчезнат? Некогаш ги немало, мислиш дека ќе ги снема?
Не бе таман работа. Ниедна жена не си го бара. Не ми превртувај муабети. Сама сум свесна дека не си го бара. Во оваа држава е опасен потег тоа што го направи.