Твојот муабет го поддржува тоа. Викаш ко ќе ја нападнат ќе викате дека е жртва на насилство. Значи според тебе не би била, туку би го барала. Не превртувам муабети.
@Emotional123 Абе жено никаков вид на насилство не подржувам.Никој не смее никого да напаѓа без разлика дали тој некој е гол или облечен.Само се преправаш дека не сфаќаш поента. Може да настрада девојчево од нејзината алчност за пари и слава.
Мене од целово видео ме загрижи фактот дека рече како и е непријатно да ја гледаат многу мажи, кога овој ја праша дали жените ги привлекува кога мажите гледаат во нив.
Океј не сум. Ти бидејќи си, што правиш во врска со проблемот? Нема везе што и да ми одговориш. Доста беше од мене на темата. Што имав кажав. Кој сфати што имам да кажам, одлично, кој не, пак одлично.
Овде ти е грешката. Нема да настрада од алчност, туку оти има насилници. Еве ова шо си пишиме. То го напрајвме. Ти шо напрај?
Не се правам слепа. Како на пример жени што си се смешкаат додека маж им се загледува по 16 годишни девојчиња.
Точно, ама се' додека вината ја бараме во жртвите, нема никако да подобриме проблемот. Само им даваме алиби, повеќето да делуваат по нагоните, место да ги учиме да се научат да се контролираат. Исто како што и ние се палиме, ама не малтретираме луѓе сексуално. *Ќе да ние сме појакиот пол...
@WildMk Општеството не го прават поединци. Јас и ти го знаеме тоа ама и знаеме како си поминуваат "поразлични" луѓе во оваа гомнарска држава. До менталитетот е
Точно. Затоа треба што повеќе луѓе да се информирани. Затоа сакаат да воведат ССО во школите. Оти сме ужасно поназад од западните земји.
Си го постигнаја и двата то шо си сакаа. Се зборува за нив = пари. Девојката е нејзина работа со каква професија ќе се занимава се' додека е само нејзина одлука, се надевам свесна за ризикот. Не мислам дека е толку важно и некое достигнување па со денови да се коментира, ама само вакви теми ни се интересни. Проблемите во општеството нема да ги решиме ние на форум. Колку повеќе ја гледам реалноста толку повеќе се разочарувам, ама баш вистински. Не си сигурен ни во врска/брак, не си сигурна сама по улица, а за пари треба да газиш пред себе. Туку јутуберов ми падна во очи, деца го гледаат најмногу, изгледав неколку видеа после ова, за жал. Само сакам родителите повеќе да внимаваат каква содржина следат децата, од пцуење, до вреѓање па и на сопствените девојки, до закани со оружје и убивање, се' слушнав само ништо паметно. Како е ова дозволено? Е јас знам да оценам што е добро што не, ама дете од 10-15 години нема да знае.
Хм, мене повеќе ме загрижува што он го прашал тоа, пошто изгледа дечкото сакал да си потврди дека жените сакаат пажња и океј е да манијачиш затоа што потајно им се свиѓа тоа. Зошто инаку би го поставил тоа прашање со генерализација а не во личен контекст?
Воопшто не е контрадикција. Во прашање е согласност. Ако сум согласна да се соблечам пред некого, поради Х причини, не значи дека со тоа давам дозвола на сите да ме 'соблечат'.
Дава согласност на сите кои ќе се претплатат, не гледам голем филтер овде. Нелогично ми е како гледање во живо е непријатно, а на интернет сосема ок. Освен ако не зборуваме за тоа дека можноста во живо физички да биде нападната е присутна, но според нејзиниот одговор, не би рекла дека мислеше на тоа.
Оти ти е нелогично? На интернет одбира кому ќе продаде слика. На улица не ги одбира. Исто е ко за сите жени. Имаш цицки, газ и некому ги покажуваш (партнер) То не значи дека сите имаат право да ги видат Работата е во давањето согласност На оние на улица, не сме им дале согласност
А чекај ОФ не функционира така што СЕКОЈ може да се претплати и да ти гледа содржина? Мислам дека другата страна не бира кој може да се претплати на нејзиниот акаунт. Можеби сум грешка, таква претстава имам.