Ако некој се одлучи за ваков начин на заработка нема ништо лошо бидејќи не наштетува никому буквално. Некој плаќа да го гледа твоето тело а ти заработуваш лесни пари. Проблемот е што живееме во таква држава каде што сеуште голо тело и секс се табу.
Да бидам искрена, не би направила профил таму, па и најпозната на светот да сум. Имам што да покажам, ама да се сликам гола за да заработам пари, не благодарам. Тоа едноставно не е за мене. Ако некој сака да го прави ова, слободно, не го судам.
Голем дел не ни се сликаат голи. Сликаат пример стапала. Никој нема да те познае која си од стапалата. Мене ми немаат никакво еротско значење стапалата, така да не ми е битно кој ги гледа.
Кажувам дека јас лично не би направила. Во право си дека никој нема да ме познае, а ни мене ми имаат некаково еротско значење, но едноставно тоа не е за мене.
Секој втор во Америка има Only fans и не се ни замараат таму кој има и дали се слика гол. Овде триста етикети ќе ти залепат едит: Српска старлета месечно правела 6.000 долари
Ај ако не сите ќе станеме инфлуенсерки, тиктокери, онли фанс фејмс итн и сите реални професии каде што се вложува реален труд нека стануваат сѐ попотценети. Не ги поддржувам. Ти нели не поддржуваше проституција?
Проституција кај нас е организиран криминал и трговија со млади и малолетни девојки. Не претставува елитни ескортни служби па за да ја поддржуваме. И има голема разлика од ова и проституција.
Како е експлоатација на малолетни девојчиња исто со продавање слики од твојот газ и стапала? За проституција посебно кај нас, не одлучува самата она.
Мислиш дека платформава не ја користат малолетни девојчиња? Истото е, само што се почнува со слики од ножни прсти, па кога ќе видиш дека конкуренцијата не ти дава да заработиш, одиш на нешто попровокативно, па на крај ќе дојде и видеа да снимаш затоа што оние кои што ќе се претплатат на твоите “услуги” ќе го бараат тоа од тебе. А кажи ми, од кога продавањето на сопствено тело не е проституција? Како што можеш да видиш, станува збор за истото само мутирана верзија. Адаптирана на нашето развиено општество.
Од неодамна дознав за only fans, знам и девојка од мојот град што има профил таму и заработува. Јас такво нешто не би направила никогаш.
Еве јас си направив сакам да гледам, не мислам дека е нешто лошо и како да најдам наши? Не ме интересираат американки, сакам наши да може некогаш да имам реален контакт..
Те молам чим лично познаваш девојка која има профил, полека земи здив, размисли.... Позади нејзиниот профил и начин на заработка се трупаат други работи (од психичка и емотивна природа) плус ваков профил може да отвори пат кон други работи.. Те молам размисли какви последици може ова да има на нејзината иднина, фамилија итн... Повели едно информативно видео
Без беспотребно чувство на вина и лажна душебрижност. Кој што сака нека прави. Не треба да имате ништо против ничија желба и волја, освен кога станува збор за експлоатација која многу често се случува на вакви платформи.
Осудава дека е лажна стварно ме растажи... Сепак ова е ваше мислење си го искажавте. Исто така и мојата реална загриженост јас ја искажав и споделив (според мене) важни информации за да можат луѓето да носат посвесни одлуки. Доколку ве води таа филозофија на кој што сака да прави тоа е во ред, ви го почитувам вашето мислење и барам разбирање за моето! (сепак не знаете кое е моето минато и зошто сум волку загрижена) Зошто ова прашање? Особено тука меѓу анонимни луѓе, кои не се дирекно инволвирани во твојот живот. Некои ќе кажат не си, други само ќе се насмеат, трети ќе се загрижат, итн итн. Вашата слободна воља никој не може да ви ја одземе, па на крајот од денот сепак ќе направиш како што мислиш ти дека е правилно , така да да бидеме искрени мислењето кој што мисли не ви е важно. Јас можам само да советувам дека ваквите мали работи отвараат врати на пострашни работи и човек треба да е колку што е можно поинформиран.