Дали некој има пробано од овие производи?? Искуства? Вчера бев во Космо во Сити Мол, па ја видов козметикава...не ми е позната, прв пат ја гледам, ми кажаа дека била нова. Инаку јас барав бела глина, па така и ми ја посочија козметикава, дека во Космо само од оваа марка имаат бела глина.
Чекав одговор од вас девојки, и бидејки не добив отидов и си ја купив глината и морам да ви кажам дека сум презадоволна ! Резултати одма при првото користење ...ја препорачувам
...имам осетлива кожа, главно за смирување и прочистување на порите на лицето одма се осеќа намалување на црвенилото на кожата, чудо е. Утре баш ќе идам и ќе си купам една крема што ја измеркав денес
И јас ја имам белата глина и морам да кажам дека многу сум среќна што конечно може да се најде во Мк. Ја користам претежно за маски за лице, а правам и природни крем деодоранси. Имам пробано неколку производи од оваа марка и морам да кажам дека досега она што го имам пробано се покажало како одлично.
Малку офтопик но не е лошо да се отвори тема Белина ова козметика е само дел од нивните брендови. Сакам да нарачам нешто но да ми кажите од кои производи за мрсна кожа сте задоволни, исто и за косава многу ми е оштетена. Секој совет е добредојден?
Aко имаш сува коса, шампоните на Уртекрам се супер, од скандинавски бобинки или лаванда. Од двата сум задоволна. За кожа, го имам користено серумот на Конопка и кремата за нормална до масна кожа, ама ми светнуваше лицето. Инаку, кремата е многу нежна, не е тешка, убаво се нанесува. Добра е и за под пудра. Додуша, јас со моето никакво лице и од други креми светнувам, пробај, може ќе ти се погоди на тебе.
Мене шампонот против опаѓање многу ми се допаѓа од Dr.Konopkas и тоникот со роза на DrKonopkas. Исто пилинзите за тело од organic shop се супер