Зимата можат да се носат или не? Во план сум да си земам,ама незнам дали зимата ќе ги облечам кога ќе залади Прашав и погоре ама никој не ми одговори
Оксфордките се тип на обувка за меѓусезона. Јас не би ги носела во зима, по снегови. Макар и само ладно да е, не би ги носела - ќе ти биде ладно зашто плитки се. Најдобри се за моменталнава состојба на времето, па и напролет.
^ Не се за во зима дефинитивно, не држат топло и ниски се многу. Нит за на дожд се, освен ако е престанато да врне и не планираш да шлапкаш во вирчиња.
Значи не ми се исплаќа да земам сега...Сепак сеуште е есен и не е толку ладно А и после зимата доаѓа есен
Имам. Ги носев околу пролет. Кога уште времето не беше толку жешко. Зима не би ги носела. За во зима си сакам дебели, волнени чизмички. Убаво да ме топлат!
Сега ако ги земеш, доколку не застуди многу, мислам дека имаш фора да ги проносиш. Не е многу студено, а и ми се мене по есенско парче. Потоа пауза, одат в шкаф, и на пролет ги вадиш.
Си зедов кремови на штикла, многу ми се убави, не се нешто на око, ама многу убаво изгледат на нога. Љубов на прв поглед . Сакам и вакви
Незнам што ви се толку убави. Мене ич не ми се свиѓаат..првпат кога видов по бутици си направив јак фејспалм и си заминам.
Јас си имам едни црни и нон стоп сум во нив. До сега дали 2-3 пати сум облекла патики. За ова време, меѓу сезона, се топ.
Како парче не се нешто привлечни,но кога ќе видеш со се што може да ги искомбинираш се топ Јас неможам да најдам инаку многу ги сакам Пролетта сигурно ќе си земам еден пар,сега сум во потрага по чизмички
Не се на изглед нешто, јас сакам сега некои ниски да си земам за секој ден, одлична замена за патики ќе ми бидат.
Не доаѓа пролет? Купи си ако најдеш на попуст некаде. Мене срце ме боли за едни од Бата. Ги чекав да ги спуштат, ги спуштија и реков ај ќе најдеш други и не најдов. Имам едни само. Ги купив од Њу Јоркер уште пред да почне трендот на оксфордки ама некако не ми го прават меракот. Инаку јас моите ги носв и во зима. Во потоплите зимски денови кога немаше снег секако.
Ајде еден совет...што велите подобро е крем или црни? Ако земам црни се мисалм дека напролет не ќе ми одговараат на облеката.
има модели на штикла што личат на нешто но ниските не ми се допаѓаат. Незнам зошто но постојано нешто се изопачува. Де овие , де патики со полна пета, не ми оди во главата оваа мода.
Не ми се допаѓаат. Напред да речам ми се малку изопачени, а и некако старовремски ми изгледаат (го кажувам ова според мое мислење, не би сакала да се навреди некој).