Колку и да се модерни, не би ги носела. Не ми се воопшто привлечни за око, а за удобност има куп други модели што се исто толку удобни. Ме потсетуваат на нешто што би носела пензионирана наставничка по физика.
Се враќа модата се враќааа... Баш сеа глеав слики мајка ми коа била млада имала вакви црно бели.... Преубави се... Али кизнае кај се Штетаа за мене !!
На штикла би ги носела. Ама рамни? No way! Си имам други кондурчиња и балетанчиња во милион бои што се многу поженствени и поубави.
Уф, не можам да се замислам во вакво нешто.....Никогаш не ми се допаѓале. Можда некоја малку подобра варијанта на штиклите, ама рамниве....нема шанси.
Грдички ми се. Никогаш не велам не, можеби некогаш ќе купам но.. Треба да го имаш овој стил дефинитивно. Во некоја добра комбинација, зошто да не.
заљубена сум во овие... било каква боја, било која шара... одма ги купувам ако знае некој каде има низ скопјево нека каже
Прочитај го мојот пост на претходната страна. Имаш во Кисела вода, Евроазија и трговскиот Беверли. Имам поубаво објаснето со цени и бои претходно
И мене no me gusta, ни ке ми се заgusta некогаш. Ај овие на штикла, изгледаат некако поубаво, ама рамниве, ноу комент. Исто и оние мартинки, или како и да се викаа. Грдки.
Ни мене не ми се допаѓаат ниските, се согласувам со мислењето погоре дека би ги носела само доколку сум пензионирана професорка по физика. Старински делуваат, како за бабички Сепак морам да признаам дека тие на штикличка ми се симпатични, посебно црно- белите што се постирани, тие можеби и би ги облекла. Вака делуваат класично и елегантно, со соодветна гардероби би можело да се направи одлична деловна комбинација. Искрено ме мрзи да гуглам за да најдам нешто на што мислам.
Јас имам вакви исти. Ги имам постирано еднаш, ама еве добра слика. Штознам, за девојка ко мене што не облекла патики во животот овие се идеално решение. Поготово есенско време кога треба да направам прелаз од балетанка во чизма, овие ми се наоѓаат совршено. А имам и на штикла два пара. Кафави(и тие ги имам постирано) и вакви црни, модел што уште пред две години го имаше во Фиоранџело. И одлични се, не само за на фармерка, туку и за фустанче со некои дезенирани хулахопки. Посебно голема желба имам за црно-бели , ама не сум начекала во градов.
No me gusta нити ќе ми се заgusta tambien Најозбилно, грдички ми се, и тие на штикла, и овие рамниве, некако бапски ми се Спојлер Без навреда на тие што им се gustaat .
Порано не ми се допаѓаа, но сега многу и сакам еден пар т.е два, едни ниски и едни на штикла. Ко Старфиш и јас не носам патики и ми требаат едни вакви обувки.
Мене многу ми се допаѓаат, само јас со мојов стил никогаш нема да ги вклопам. Не би купила, ама обожавам да ги гледам во совршени комбинации (ко оние на старфиш на пример )
Мене ми се убави и си ги носам, имам еден пар кафеави кожени од Словенија ги имам. Сакам да најдам црни кaкo на сликата. Во Куманово видов во eдне дуќан за обувки во близина на основото училиште Крсте Петков Мисирков, кога бев пролетта беа околу 800ден.
No me gustan... Pero, me puedo cambiar mi opinion en el futuro. Епа, кој ме разбра-ок, кој не ме разбра нека си оди на гугл транслејт. Ајт со здравје.