Не би ги носела , од толку убави младешки штилкли и сандали овие ли да ги носам? Искрено ми личат за човек од над 50 години
Хмм... зависи, можеби и би носела, секогаш сум за нешто поинакво. Ќе треба посебни алишта со овие... вака нешто: Ама сепак, вакви, никад!
Мене ми се допаѓаат мнооогу. Би сакала да имам вакви ниски и на штикла.... Каде ги има низ Скопје знаете и по колку пари се ?
Овие од десно ми се преубави незнам дали се баш оксфордки ама мене ми личат, а исто ми се преубави овие црно-белите што ги носи Блер. Не ми се одвратни воопшто интересни се ако знаеш како да ги носиш а овие на штикла ми се преубави и јас сакам едни
лајк ит со кратки пантолони со висок струк и некое шаренко мајче со накит, или со фармерки зафрчени, со цветно фустанле.. преубави се, и некако ми се некој посебен,цветенкремаст стил
Има во една продавница, близу средно-економско, 800ден...само бели и црни, јас сакав крем, затоа барам на друго место Да, но последниот пат кога бев, немаше, затоа ме интересира каде на друго место да најда, знам една близу средно-економско, но немаат крем, само бели и црни, за 800ден.
Убави ми се, особено оние цветните cute... ма било какви, и на штикли и рамни... I like them! Утре идам во град да барам каде има...!!
јас бев вчера во таа спроти трафик ама немаше никакви... ќе барам на друго место а каде поточно кај средно-економско?
мене баш ми се интересни. ептен ми се ретро онака. би носела само некои на крем или сива нијанса, но доколку го најдам совршениот модел на друга боја зошто да не. цветните ми се онака слатки, али не би ги облекла. според мене за да носиш oxford-ки треба веќе на имаш некој стил на облекување. во оваа комбинација oxford-ките (според мене!) совршено се вклопуваат. :up:
Мене не ми се допаѓаат, ама воопшто. Ептен ми се грди и демоде... Во нив не можам да се замислам, а на некој сигурно дека убаво му стојат...
Бљаак, за никаде се, одвратни дури, многу грозно ми изгледа кога ке ја видам некоја такви да носи. Ама кој знае, и за балетанките кога излегоа така мсилев ама еве денес носам
Машкаста и груба чевла, со можност за комбинација 0. Секоја чест на тие што некако успеваат да ги заличат со нешто, ама мене на никоја девојка не ми се допаѓаат. Балетанките се ем удобни ем женствени, и плус можеш да ги направиш елегантни, спортски, секојдневни, светкави, секакви Па уште и ко да видам во две бои Кловн чевла Се извинувам на тие што носат