Баш ми се фенсерски. Другарка си купи од стадиваруис за 25 евра и ги скина од носење. Нешто ново поразлично, шик
Еи, денес ги гледав во ЕвроАзија ама не ми текнува дали во ГТЦ или Рамстор. Поверојатно во Рамстор, ама не ме фаќајте за збор. Имаше и на штикла, а тие рамните беа по 1400-1500. (кој сака да купи, а мене ми се неверојатно многу грди)
мене ми се прекрасни интересни и женствени и високите и ниските.Порано и јас не ги сакав ама наеднаш ми станаа убави
Ми се чини нивото на тестестерон го покачуваат. Па што ако се поинакви,модерни и не знам какви?! Утре оние гуменине опинци да се модерни,ми се чини сите ќе ги носат без пардон,ко оние гуменине рибарски чизми на кои им додадоа цветичи и глупости и сите фатија да ги носат. Мене ми се одвратни.Не се женствени,ниту истакнуваат ништо убаво. Абе преку таквото више од тој хипстеризам и желба да се биде поразличен.Помирете се,обични сте и просечни,облеката не ве менува,аман!
Мене ми се допаѓаат, не затоа што се модерни туку затоа што не обожавам патики па овие ми се некако добра замена за во есен пример за прошетки.Оние на потпетица не ги сакам, ниту пак цветните...сакам едноставни кремасти, сиви или црни.Фини ми се.
Баш пред некој ден кога си правев список што ќе ми треба допрва за есента, искрено, незнаев дека овие кондури се нарекувале Оxford-ки и бев принудена да ги нацртам, за да се присетам на какви кондури мислев во списокот! Глупаво или не, ама ете незнаев! И дефинитивно ги обожавам, сакам на кафеаво, крем, окер некоја комбинација! Каде можам да си најдам на пример, м?
Мајке ми, ова пари да ми даваат не би го ставила на нога. Порадо би шетала боса надвор или пак подобро.. воопшто не би шетала. Многу ми се ужасни стварно, на ништо не ми личат. Сум видела неколку девојки низ градот со вакви и не ми оставиле никаков впечаток, нит ми се поразлични нит повпечатливи. Катастрофа.
Баш ваквите,уште само да се црно-бела комбинација и ми изгледаат како чевли за степување или оние „а ла Мајкл Џексон“. Воопшто не ми делуваат женствено,женственоми делува балетанка, чевли на штикла,а ова ми личи на неуспешен обид дасе направи патика или back in the 80's!!!
50-50 сум. Има модели што ми се допаѓаат посебно оние на штикла, но притоа и штиклата да е убава, а видов на првата страна едни со штикла дебела џоа ладно оружје. Некои модели ми се многу груби, ко машка чевла, а притоа и треба да се внимава за комбинации не идат со све. Јас сакам да си купам едни на штикла ниска за есенско време со фармерчиња, баш на времето пролаз од есен/зима би ми биле топ. Никој не е приморан да ги носи, не може оваа чевла да им се свиѓа на сите, ова се модели кои ограничуваат и не се за секое око. Кој ги носи нека ги носи, кој не ги носи уште поубаво Вакво може, затворени да се совршени ќе биле. A оваа мода подобро убијте ме него да го носам
Oxford-ки или помодерна верзија на пинци мене не ми се допагаат,некако грубо и машки ми делуваат.Да ме убиеш не би ставила вакви а не пак пари да давам за нив
Одвратни ми се. Во нив нема ништо женствено, дури ако ја погледнам жената прво во стапала ќе си помислам машко е Катастрофа ми се. И што дека се во мода, дека се нешто ин во последно време? Има работи што се модерни што би ги носела, има и такви што никогаш не би ги носела, а тоа се овие. И да. Ако веќе купуваш оксфордки треба да знаеш да ги носиш, да имаш на што да ги носиш т.е. да имаш со што да ги комбинираш, а не само туку-така купи ги и носи ги на се и сешто. Мислам... Татко ми има многу поубави чевли од овие
Интересни се, ми се допаѓаат. Не сум човек што ја прати модата и по секоја цена купува и носи нешто е актуелен тренд, но би ги носела, не дека се во мода, туку зашто, пред се`, ми изгледаат удобни, а и интересни ми се, мислам дека би се чувствувала удобно и опуштено во нив. Повеќе ми се допаѓаат рамните, би сакала во сива или кремова боја, но и високите не се лоши.
Грди чевлички.Уствари не,не би биле толку грди доколку би биле за машки,мислам таман ќе се,онака како за машки.Ама за девојки нема ништо женствено во нив,па дури и во оние на штикла. И да се најмодерни и да се единствени чевли на свет,ќе носам макар патики само,ама со вакви не се шетам ни во дворот.
Мене лично ми се многу штоснички, по Велесов ги гледав некое време, не беа воопшто скапи ама ми ги продадоа и од тогаш немам сретнато по продавнициве во градов Кога ќе одам следен пат во Скопје, би можела да си купам, како што кажав срцкасти ми се ептен.