Ми се допаѓа овој модел на чевли и би го носела. :up: Ептен ми се шик кога се добро комбинирани. Ако на некој го интересира вакви црвени видов во Страдивариус.
Офф топик ама Астерион имаше кафеави без дупки? Предходниот пат кога бев имаше само онакви цели во дупчиња а такви ич несакам одвратни ми се. И цена да не виде случајно?
^ Гтц прв кат? Mислам дека од иста продавница сме ги купиле. Зашто ми пишаа многу пораки значи ГТЦ 1ви кат а од карши се наоѓа 3М продавницата за Адидас и друга спортска облека. Бата има преубави, значи окрсфортски какви што посакувам, арно ама 6 илјадарки се премногу за мојот стандард, а овие моиве се 3 пати поефтини. Освен во Бата каде носат веќе 3 сезони по ред оксфортски имаше како што кажа и Страфиш во Фиоранџело, ова е продавницата каде прв пат забележав вакви чевли и тоа многу убави, многу квалитетни како во Бата но и скапи. Бата и Фиоранџело памтам дека беа превртена кожа, јас секогаш ја избегнувам превртената кожа зашто ограничува, после некое идење на дожд кожата е рапава и менува боја. А моите се кожни, мислам еко кожа да се разбереме, за таа цена нема кожа, а и ич не ми е гајле, удобни се и ептен по мој вкус
Уф небиле женствени како не! Какви ги има на штикла со прекриена платформа ма фантазија и такви ќе си купам преубави ми се Овие ги купив 1600 ден. не се од таа продавницата во ГТЦ, но таа соработуваа со оваа од каде што јас ги купив, а на штикла се по 1800 само некако уште ми е рано за тие, некако ептен е топло, а тие се на изглед како ептен кратки чизмички.
јас не ни знаев дека овие ги викаат оксфордки не ми се баш нешто посебно... , можеби ако би одбирала би зела црни, наместо балетанки а, тие на штикла ми се мноогу грди , не би ги облекла никогаш.
Пред некој ден ги видов на еден излог и ми текна на темава па да си кажам сега мое мислење! Не се мој стил, воопшто не ми се допаѓаат, ме потсетуваат на машки чевли и не би ги носела ни еднобојни, ни со цветчиња,нити пак на штикла! Можеби некој ќе умее да ги вклопи во сопствениот стил, можеби некој знае како да направи добра комбинација со овие чевли но мене ич не ми ги фаќа око и не би ги вметнала во ниту една моја комбинација!
Почнаа да ми се допаѓаат. Видов едно девојче на факултет, носеше од тие што ги постирав, и ептен убаво изгледаше. А видов и поинаков модел, со поинаква комбинација, која исто така ме воодушеви.
Ахххх какви видов во мотиви денес долгобараната љубов си ја најдов луѓе! Арно ама 3 и пол илјадарчиња не ми се даваат а и не сум нешто многу сериозна со штиклите не беа високи таман 7-8 ама тоа е, ајде ниски ќе си купам во скоро време, мора
По можност на штикла ,подебелка ,такви би. И да се црни или камел ,трето не признавам. Ама ниски - никад у животу ,мислам дека би се чувствувала ко шетана низ временски портал
Ја имам на штикла тегет, се вклопуваат во мојот стил на облекување. А ниски сакам, но неможам да најдам некои асални, ако видел некој некаде крем или сиви нека извести