1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Parroto world (Светот на папагалите)

Дискусија во 'Дом' започната од candygirl, 28 февруари 2011.

  1. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    Светот на папгалите нема тука тема за нив па ете сите љубител на папагли можат тука да прашаат, да дадат совет да објавувате слики од нив и слично.....
    _______
    Папагалите се тропски птици и ги има 350 вида.
    Претежно живеат во тропски и субтропски подрачја.
    Се хранат најчесто со растителна храна, како: овошје, семки, цвеќе, листови, корени и кора, но во зависност од видот јадат и инсекти и ларви.
     
  2. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Јас сакам да си купам папагалче Розенколис мислам дека беше
    [​IMG]
    ама неможам ради кучето пошто е птичар и некако страв ми е :|
     
  3. ann666

    ann666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Папафал

    Планирам да купам папагал.Имам кафез од порано кога мојата братучетка чуваше.Е сега кој чува да ми каже каде да ја ставам храната,водата,како да го хранам,како да го одржувам кафезот чист,дали треба некои играчки да му купам?
    Фала однапред :rofl:
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не да ги имаааа :) . Лани летото имав прилика на тенане да ја прошетам Шпанија и во еден огромен аква парк имаше имаше еден дел само за папагали и тропските птици. Само таму имаше што знам можеби 100 вида. Интересно, чудно и убаво да се види што се има на нашата планета земја. Преубави беа сите
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.924

    Не знам многу за папагалите ама ќе се обидам да ти разјаснам неколку работи. Јас имам тигрица, еве вакво (се вика тигрица затоа што има шари како тигар)
    [​IMG]
    ако не грешам тие се најевтини. Би ти препорачала да си земеш машко (на женските целиот клун им е иста боја, а машките горе им е плав, папагалчето на сликата е машко). Машките се потемпераментни, полесно се приврзуваат за луѓето и тие се пејачите во фамилијата, не очекувај од женското да биде многу расположено за пеење).
    Кафезот исмиј го со врела вода, за да ги уништиш сите бактерии, ако во случај има некои. ќе си купиш садчиња за храна и за вода од продавница за миленичиња. Имаш повеќе видови на храна, имаш просо збогатено со витамини, а имаш и само просо за кое можеш посебно да си купиш витамини(има повеќе видови на витамини, од разни видови сушени овошја, до мед, мелени лушпи од јајца итн.) Храната воопшто не е скапа. водата треба да се менува еднаш дневно, зашто ако му е топла-папагалчето нема да пие. Исто така понекогаш моето папагалче многу сака да јаде свежо овошје и зеленчук, најмногу краставица и морков. Му ставам понекогаш мало парченце зеленчук во кафезот. кафезот нормално дека треба да се чисти. Исто така не би било лошо да му купиш неколку играчки, на пример лулка или нешто слично. Вики најмногу си игра со една плута од вино закачена на синџирче као приврзок, мисли дека му е девојка, ја бакнува редовно, кога е нервозен се кара со неа и не дава никој да ја допре.
    За да го припитомиш папагалчето би ти препорачала во никој случај да не чуваш две. Дај му време да се прилагоди. Не го терај со сила да ти застне на рака, колку повеќе се врткаш околу него првиот пат, толку повеќе ќе го исплашиш. Прво ќе му биде страв да излезе од кафезот, а тешко дека кога ќе излезе ќе знае да се врати пак. затоа би ти препорачала првиот пат да го пушташ само навечер и кога ќе сакаш да го вратиш во кафез само исклучи ги светлата, тоа не се двиши во темница, па лесно можеш да го фатиш и ставиш во кафезот. со тек на време ќе стане поблизок со вас и ќе почне да ви се приближува. Моето папагалче прв пат ми се приближи мене, ми застана на глава. По некое време ќе почне да прифаќа некои звуци и некои полесни зборчиња. Моето свирка, праќа бакнежи, си го знае името и името на сестра ми, а вика и
    путка (не сум јас крива, тетка ми е)
    , свири кога се пресоблекувам во соба http://www.youtube.com/watch?v=iSng47tP ... re=related.
    Сега е практично дел од фамилијата, дури и страв му е да остане сам во соба...

    Ааааа... и не спомнав... да му купиш рибина коска или да му ставиш во кафезот обична школска креда, за да си го остри клунот.
     
    На TrinityNeo, Sky-butterfly, COollLady и 4 други им се допаѓа ова.
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Еве ја мојата лепота. Кога ми го донесоа беше мало уплашено бебе, едвај мрдаше низ кафезот. А сега е голем маж, бесен, и тврдоглав. :D Не ми е прв папагал. Имам чувано и големи и мали и уште какви не :D
    папагалите си бараат грижа, и љубов. Јас љубов и премногу им давам па ете од таа причина после си плачам кога ќе ги нема.

    Ова пиле, не пее премногу, само кога му шуркам во кафез, демек еј моја територија е тоа, или ако имам музика, или другарка на која не и го познава гласот.

    Ако заборавам да му дадам јадење беснее ненормално и урла, па после е лут и не ме остава да спијам :D

    Си има едно пиле играчка, и си мисли дека му е девојка или другарка кој го знае ... леле ако му ја допре некој .. тоа е момент за паметење :D Ова сеуште не е припитомено, а претходното беше срце, посебно пеење имаше за се, кога ќе влезев ми се радуваше, ако влезе некој додека спијам аууу ука бука правеше да ме предупреди, стоеше на глава, рамо, јадеше од рака и слично.

    Ова е старо само неколку месеци, па се надевам дека не му е краток векот и дека ќе се дружиме уште долго. На почетоко не го сакав зашто го загубив последното што премногу го сакав, ама дечко ми ми го донесе за роденден, и сега го сакам пак премногу. Срце ми е, и ми го обожава огледалото во соба, едно две пуфко таму оди кога е пуштен. Сеуште не е научен да оди сам во кафез, ама не губам надеж, ваљда не е толкав скитник :D

    и ич не јаде витамини. Ни од храната нит посебни. Јас му турам и тој ги фрла доле по кафезот. Тиква зелена. еднаш реков ќе го прегладнам и витамини ќе мора да јаде, не бе урлаше цел ден, видов не видов пак му турив просо со витамини и пак ми ги остави за во канта :D

    И така. Тоа е мојата приказна. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • pileee.jpg
      pileee.jpg
      Големина на фајлот:
      157,6 KB
      Прегледи:
      1.556
    На LivingGlam, sweetyears и DAngel им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.924
    Преубаво папагалче имаш Теди :) и моето е сега диво и бесно, ако не му е погодено. Штом види храна, па макар и на ТВ, веднаш почнува да се шета околу вратата за да му отворат за да пречи на тој што јаде(т.е. да јаде со него). Сака постојано да му обраќаш внимание. Често ми ги брка прстите по тастатура или пенкалото кога пишувам нешто. Многу сака да се бакнува :) Ај да ставам и јас една слика од Вики на темава, а еве го и будалата на дело
    http://www.youtube.com/watch?v=CGQXxc9ojis http://www.youtube.com/watch?v=If4B0yba640
    , инаку, ова е дефинитивно моето омилено папагалче
    http://www.youtube.com/watch?v=TfOXB7casOc
     

    Прикачени фајлови:

    На LivingGlam и teddybear им се допаѓа ова.
  8. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    И јас сакам папагалче кажете ми за колку пари ги има и дали тешко се чуваат?
     
  9. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    ^^ И јас си имам папагалче година ипол го чувам.Тигрица е.Многу збори,ама јас уште од почетокот кога го купив м зборев цело време и си играв со него.Брзо се припитоми :) Јас го купив 350 ден. што значи евтини се.Кафезите се од 500 ден. па негоре колку што знам.
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Дома имам засега 6 мачина ама малите ќе ги дадам,2 кучина,1 зајаче,аквариум со 200 риби а можи и поќе и сега уште папагалче сакам моите дома ќе ме убијаат.... :lol:
     
  11. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Јас имам две тигрици ги купив по 550 едно. Машко и женско испаднаа. Кога ги земав беа 3 месеци и не се распознаваа ама после испаднаа машко и женско. Година дена ги чувам и не се спитомуваат брзо зошто се две ама отсекогаш сум била против да биде само едно зошто некако жал ми е да е само :worried: . Еднаш мислам дека се пареа ама тогаш и толку :?: .
    Си цврчкаат нон стоп дури некогаш не можам да спијам. Надвор кога ке ги изнесам мислам дека се мрднуваат од што слушаат други птици. Навечер ги пуштам почесто а преку ден поретко. Навечер знаат сами да си влезат и полесно ги факам а преку ден морам да ги изморам па да ги фатам :lol:. Им купувам просо Бонами со витамини дека е. Им давам краставичка, зелка, суво лепче, едни смоки со вкус на хот дог ко луди ги грицкаат. Срцки :inlove: . Секогаш кога сум нервозна тие ме релаксираат. Ги обожавам. Сега би сакала и нимфа да земам ама не знам дали ке ми дозволат :lol: . Обожавам животинки :)
     
  12. Mashnichka

    Mashnichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    26
    Ха!Конечно и мојата долго ткаена желба да си купам милениче кое можам да го галам.
    Моите пред да се родам имале папагалче се викало Чичи но кога сум
    се родила дека бебе не смеело внатре во иста соба со мене и мајка ми сабајлето
    на тараса а вечер на машината за алишта,ама една вечер го заборавила и
    тоа дека зима се смрзнало надвор кутрото.Потоа за роденден на брат ми хрчак
    му купија другарите а мајка ми од него фобии уште има и некако успеа да ни избега.
    После јас си посакав аквариум и си добив купував риби,умираа и сега останав со 5
    рипчиња не дека знам што вид се али добри се си се дружиме ме знаат мене и секое
    сабајле храна чекаат бацуваат стакло и друго.. и сега посакав миленичe али да го галам
    секако избор ми беше хрчак,морско прасе или папагал али мајка ми со тие нејзини фобии никако прасенце или хрчак и се одлучивме за папагал.И вчера отидов и си го купив.
    Купив тигрица и машко е сеуште размислувам за името и се двоумам помеѓу Коко и Еко.
    Му купив и кафез и држачи ми дадоа и лулашка му ставив,огледалце,поилка за храна и за вода.
    Па го гледам си се учи си зема храна а денеска баш го приметив и пееше и тоа му пуштив
    пeсна и почнав да си свиркам и тоа по мене абе срцка е :inlove: .И така ете доле слики па видете го :D
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC02408.JPG
      DSC02408.JPG
      Големина на фајлот:
      210,6 KB
      Прегледи:
      319
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.924
    Па убаво е за папагалчињата да се чуваат со животни, така си имаат повеќе друштво, ама не е препорачливо да се чуваат со мачки, сепак треба да го пуштиш некогаш малку да полета...
     
  14. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    До сега имав 5 папагалчиња, тигрици зелена и плава, нимфи 3 што ми избегаа и сега чувам нимфа 2-3 години е мислам Тошо се вика многу си го сакам :) :inlove:
     
  15. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Грижа за домашните миленици

    Јас чувам папаглче но јаде како лавче :D Луге што да му дадам се јаде лубеница,диња,бурек,виршли,пица,геврек,смоки,чипс.....за пиење исто, не одбив никаков сок дури и газиран :( јас се му нудам а некогаш ако ме види да јадам а да не му дадам го фаќа беснило :$ Може ли нешто да му биде :?: :!: освен да качи некое грамче :D
     
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Грижа за домашните миленици

    ^ може да му е лошо, си има храна за папагали, просо и таа треба да си ја јаде. Вака ти му даваш се а тоа е толку малецко со мали органи а јаде тешка храна која тешко се вари.
    На другарка и почина папагалчево од овие причини. И нив им беше интересно еј види се јаде супер. Се додека не почна да има и измет поголем, не нормален за папагалите, а по некое време и умре.
    Не се зафрквајте си се знае секое животинче што треба да јаде и не за џабе си постојат такви поделби на исхрана и купување на специјална храна.
     
  17. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Грижа за домашните миленици

    ^^ Моите јадат просо и понекогаш им ставам и зеленчук и овошје.
    И само од ова женското се здебели. Ко буренце е пу пу машала. И резултат од здебелувањето е што не може да лета неколку круга низ соба како порано. Туку еден и некогаш знае да го промаши лустерот и да се бапне на земја :lol: .

    А сакав да прашам. Машконо папагалче сака да се бања. Ама кога ќе им ставам некое канче со вода се плашат, а вака па се брцка со главчето во тоа за вода што им е, и мајка ми ми кажуваше фрлало вода надовр со клунчето и претало некако со крилцата.
    Што да им ставам, како да направам нешто а да не бегаат од тоа и да си се бањаат? :?:
     
  18. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Домашни миленичиња

    Сакам да прашам нешто во врска со чување папагалче, поточно дали му е потребно постојано друштво во собата каде што престојува? Јас сакам да купам и да го чувам во мојата соба која е на први спрат во куќата додека останатите соби се на втори. Јас долу сум кога учам или седам пред компјутер ( се разбира и ако ми идат другарки итн). За ручек, гледање тв и дружење со домашните се качувам горе а и секако ме нема кога сум на факултет. Дали ова време поминато во собата со папагалчето него би му била доволна? Воопшто во вакви работи не се разбирам, затоа и барам одговор :)

    фала на пажња :P
     
  19. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128

    Бидејќи мислењево ми беше преместено во друга тема, се изгуби и можеби никој го нема видено :P затоа пишувам пак :) sry
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.924
    Стави им во нешто поплитко, тањирче некое и стави нешто зелено на дното ако се плашат, марула на пример.


    Kaко што разбрав ти поголем дел од денот го поминуваш во таа соба, па најверојатно не би требало да биде проблем. Сепак папагалчињата сакаат друштво, моето е цело преплашено кога е само во соба.