1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Parroto world (Светот на папагалите)

Дискусија во 'Дом' започната од candygirl, 28 февруари 2011.

  1. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Не бев верувала дека луѓето можат да бидат толку идиоти, гадови и не знам уште со кои зборови да ги наречам ( ќе ми извинете). Во средата тетка ми повикала чистачка и претходно ја предупредила дека чува папагалче и да внимава на него. Договорот бил таа да дојде дома и таму да и го предаде клучот но госпоѓата побрзала и клучот од станот и го однела на работа. Кога се вратила тетка ми дома папагалчето било раскрварено целото, опашката му била целата искубана и имало крв на стапчето на кое што си стои во кафезот. Одкако и се јавила госпоѓата, таа се правдала дека папагалот испаднал и дека таа само го потеглила за опавчето. Со оглед на тоа дека веќе нема пердуви на опашот и дека под крилата има крв, госпоѓата веројатно го кубала. Се згрозив кога ми кажа, ми идеше да отидам кај госпоѓата и целата да ја искубам. Што би можело да му се стави на крилцата за да му помине тоа што му се искубани пердувките? Инаку ги движи и двете крила, но целиот е исплашен, не дава никој да го допре.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Доказ дека чудовишта постојат... однесете го на ветеринар, тој ќе среди работа. (се надевам) И ќе мора да почнете од почеток со припитомувањето, само што овој пат покомплицирано. :( Искрено, ми дојдоа солзи кога го прочитав текстов... многу ми е жал... се надевам дека наскоро ќе се излечи... и барајте ги парите назад! Ако треба судете ја за не извршена должност. (работа) :!:
     
  3. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Дечки вие што чувате розела,кажете ми дали смрди?
    Пред некој ден брат ми купи розела малечка е уште,месец дена ама многу смрди,ептен :) Има дома и две тигрици кои воопшто не смрдат,а розелава корне не се седи во соба.
    Од што може да биде?
     
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски

    Јас да сум кога ќе ја искубам нејзе, па и некој бокс кога ќе и удрам нема да и текне никакво животно да малтретира.
    Се изнервирав сега кога прочитав какви све ѕверови постојат. :@ :envy: :devil:
     
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Папагалчево изгледа има некој проблем, јави се на ветеринар.
    Ниту една птица не би требало да смрди (освен онаа карактеристична миризба на живина), па дури и да не му е исчистен кафезот подолго време.
     
  6. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Не не е таа миризба,ова смрди на грозно на скапано,ептен труе :(
    Ке му кажам за ова пе ке видиме како ке биде. Фала :)
     
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    ^^
    Тоа значи дека има некаков процес, инфекција :(
    Побрзо однеси го на ветеринар, се надевам ќе биде Ок.
     
  8. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Тетка ми го беше веднаш намачкала со кокосово масло, но бидејќи се многу чепкаше реши да го избања. Го избања со детергент за садови (така прочитала на нет :D ) и потоа го држела пола час замотан во крпа и сега за сега е жив и здрав. Бивацин мислам дека се викаше прашокот, се користел за мали деца, таков и препорачал ветеринар да му става на крилцата. Во ред е сега, си јаде нормално, но не може да лета. На местото каде што треба да има опавче, сега му раснат малецки пердуви, мене ми личи како да има каранфилче на газето :D На работа и по пријателки разгласила за чистачката, се надевам дека веќе нема никој да ја повика. Имало отворено црно чоколадо, но бидејќи госпоѓата не јадела такво си отворила друго. Како што викаат старите ем шуто, ем боде.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тетка ти згрешила што го избањала со детергент за садови.
    А зошто сега не може да лета папагалчето?
     
  10. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Не може да лета бидејќи крилцата му се искубани. На една американска страна за папагали така пишуваше дека со детергент за садови може да се бања. Нема никакви последици од бањањето, си јаде нормално, си пие вода. Прегеска го забележав дека со нозете пробува да влезе во садот за вода што му, веројатно пак сака да се бања. :D Но добро е тоа што пак се опушти, си игра и не бега од нас.
     
  11. visnicka

    visnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Ние имаме еден проблем.. Мајками многу ми го разгали папагалчето и сега мака мачиме со него. Ја научи нонстоп да и е отворен кафезот и сега неможам никако да ја затворам. Секогаш кога пробувам да ја затворам таа се лути и зема храна од хранилката и ја фрла кај ќе и падне, или пак пробува сама да си ја отворе вратничката. Само навечер кога спие е затворена. Ама секое утро мајками кога оди на работа мора да и ја отворе вратничката. Неколку пати имаше заборавено да ја отвори, па кога ставав јас имаше што да видам, целата храна од хранилката и беше расфрлана во кафезот а и надвор од него. Пробав да ја оставам цел ден во кафез и ја извадив хранилката за да не ја фрла храната ама и така не бидува. Ми паѓаше жал за пиленцето да не е гладно ама и нервоза оти нонстоп пробуваше сама да ја отворни вратничката. Незнам што да правам ако има некој сл. искуство ве молам за совет! Фала однапред.
     
  12. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    1.512
    Ова ептен размазено пиле :D Не знам шо сорта ви е, чим толку се лути, ама обавезно да ставите завесичка околу кафез (околу пола кафез) за да не ја расфрла храната, да не ви праи ѓубре. ден, два, ништо не му е без храна, нема да умре, може само да биде попитомо (од лично искуство, не беше отворена продавницата за викенд и затоа..) а тоа што ја човка вратничката пробајте у тој момент да плеснете со рака, да се подзаплаши да се тргне, и комуницирај, со цивкање, знаеш... да припитоми малце, можеби му фали и друштво.. :/
    и мора построго, нека се лути колку сака, па и цело време со отворена врата не бидува, ем ѓубре прави, ем (не знам кај го чувате), ама ако летне надвор, и тоа душиче, само да се снајде у бел свет не може :)
     
  13. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Феминки помагајте... Не знам зошто но и претходната година истово време кај нас во градот снемува просо за папагалите. Јас му купував од она што е бонами, 500 грама со витамини. И вчера излегов да му купам ама баш никаде немаше. Најдов на едно место на мерка и му земав, но кога дојдов дома забележав дека просото мириса, изгледа е запрашувано. Му ставив од него, но цел ден не сакаше да јаде. Дојде до хранилката, земе зрнце со клунот и веднаш го пушта и почува да цивка. Од комшии најдов чисто просо ( од нивниот папагал што го јаде) ми дадоа луѓето. Значи просото е чисто, воопшто нема никаков мирис, но и ова не сака да го јаде. Еве сега погледнав во хранилката, ни од ова не јадело. Што да му правам? :worried:
     
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Јас си го имам најјакиот папагал на светот. Закон е!!! хехе
    Зборува, свири мелодии како човек со уста, по цел ден се дружи со нас, на рамено ни стои, се гали итн.
    Беше земено уште како бебе, и се што знае е луѓе. Мислам дека не ни знае дека е папагал :rofl: На огледало ако се види, се чуди, па дури и се плаши.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Феминки што мислите бебе и папагал да бидат во иста соба? Сестра ми уште малце ќе се породи и ќе престојува кај нас дома додека не потпорасне бебчето, а папагалчето ни е во дневната соба. Во детската соба не топлам постојано и затоа не можам да го однесам таму. А не сакам да го давам на други, бидејќи 3 години веќе го чувам и навистина си го сакам. Мислите дека може да му се случи нешто на бебчето ако е во иста соба со папагалчето? Инаку бебчето само преку ден ќе биде во дневна, а за спиење во спалната. Позз
     
  16. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Купете му другарче, нема да е осамено.
    http://www.youtube.com/watch?v=LSoXrR2Xec4
    http://www.youtube.com/watch?v=Bf6zeRwk5LE
     
  17. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    1.512
    Немам ништо против децата да се социјализираат со животните, но кога се работи за новороденче кое е кревко, јас не би препорачала, затоа што од папагалчето може да летаат ситни пердуфчиња што нема да се гледаат... :/
     
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Не ризикувајте, сепак тоа е бебе, кое незнаете дали е алергично на папагал, бидејќи ако е алергично, може да си создадете проблем, безпотребно не си создавајте од играчка плачка, бидејќи ако е алергично не знаете како може да му се манифестира алергијата. :!:
     
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Абе, работата е што не знаеш кога може лошото да те снајде. Не знам дали да ризикуваш.
    Птиците имаат ситен прав низ пердувите кој лесно може да предизвика алергии и астма кај бебиња. Ама пак од друга страна, многу бебиња што знам, пораснале покрај папагали, па гајле немаат. Да не го занемариме фактот дека до пред 100тина години бебињата на село и во штали се раѓале, и со кокошки, кучиња и кози биле растени, па никому ништо :D
    Најдобро е, ако можеш да го тргнеш папагалчето подалеку. Или во друга соба и во некој агол од дневната каде што ќе е подалеку од местото кај што седите најчесто. Знам дека не сакаш да го дадеш, и јас не би, никогаш :D
     
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Јас чував два папагали кога се породив (сега е само еден, изненадно ми умре едниот), и во никој случај не планирав да ги дадам. Вистина е тоа со летањето ситни пердувчиња од нив, меѓутоа ако не го пушташ нема за што да се секираш.
    Еве јас дури сега почнав да го пуштам папагалот откако малце пркна бебето, и немаме никаков проблњм.