Нешто повеќе да ми кажете за Нимфа папагалчињата. Си купив едно , незнам дали е машко или женско , по што се познава? Со што го храните , витамини дали му давате? И слични информации. Љубов на прв поглед ми е
Јас имам две нимфи. Би ти препорачала да си земеш уште едно. И послатки се заедно и посреќни. Дали е женско или машко се познава по образите дали му се изразито црвени(машко) или бледо црвени(женско) или пак дали опашот му е со шари(женско) или без(машко). Меѓутоа најдобар показател е тоа што само машките нимфи пеат.(цврчорат или имитираат звуци). Јас си земав две пред 9 месеци и отогаш се неразделни. Машкото кога ќе почне да цврчори се слуша на километар и женката ја научив на прст да се качува. Вратичката од кафезот никогаш не им е затворена. Цело време летаат низ дома . Многу сакаат двопек да јадат, дека им крцка. Многу ги засакав.
Јас имав две тигрици од кои едната морав да ја подарам бидејќи се тепаа По извесен период ми умре другата.Пред да умре снесе 4 јајца од старост наводно, бидејќи за брзо ги раздвоив не беше во прашање плод. Женските тигрици над клунот се со посвелта розева боја , додека кај машките е изразена сина или виолетова.Темпераментни и мали папагали , лесни за оддржување но не би сакала за брзо да имам обврска со други папагалчиња.
Здраво феминки Би сакала да ве прашам кој има искуство да ми даде совети како да ги спречам да не се парат моите две тигрици . Никогаш не сакав две но беа пар а одгледувачот во моментот само тие му беа самостојни тигрици кои беа спремни за продавање , не згрешив , многу се среќни уште од вториот пат кога ги пуштив во соба да летаат се вратија сами во кафезот , паметни се и многу убави . Во моменотв имаат некој 7 месеци може и 8 и гледам разлика во клунчето на женката . Сум слушнала дека женката може да умре при несење на јајце , зошто ? како да не дојде до тоа ? Кој има искуство нека ми пишува . Поздрав девојки
Пред месец си купив папагалче, машко инаетливо ахха Не сака да се бања ко претходните... како да го ,,убедам,, Не сака ни на рака да стои
Здраво феминки ми треба мала помош.. Имам две папагалчиња (тигрици), едното со сигурност е машко, а другото ми го донесоа на поклон и сеуште не се знае точно што е.. клунчето уште му се мења де му е кремово де розово.. а од кај што го земале им рекле дека е женско.. И денес одам да им го изнесам пошто машково веќе беше испаднато и кога гледам искакано измет во друга боја невообичано како црвенкасто како крв да имаше низ него и малце имаше и оно на ножето.. и сега незнам што да правам се загрижив, малку ми е незгодно веднаш да прашувам некој што се разбира од пилиња, па си викам прво тука да си прашам.. што мислите дали е можеби нешто болно или можно е да му дошло на пиле менструален циклус
Птици немаат менструален циклус како луѓето и животните. Прашај си ветеринар, нешто е болно штом има крв во изметот
Еве деновиве немаше веќе такво нешто па си помислив да не е од едни црвени витамини што им ги давав тогаш, ама па до сега немав приметено вакво нешто а ако е болно незнам точно од кое било тоа ќе треба и двете да ги носам.. Фала ти сепак за информацијата
Нема потреба да ги носиш, ако приметиш пак такво нешто јави се или отиди сама, па ќе ти дадат некое лекарство. Од витамините не е.
Како помали чувавме две папагалчиња, сестра ми многу ги сакаше. Ми умре едното, а после и другото од тага. И од тогаш не сум купувала пак плус мачки чувам сега, па ако земам и папагали хаос ќе биде.
Би сакала да ве прашам ако некој знае нешто повеќе за папагалите сорта козица, какви се за чување. Исто каде би можела да ги најдам,прашав во неколку пет шопови немаше. Поздрав
Не се разбирам од сортава, ама козици видов во пет шопот Аквариум (мислам така се викаше) кај Грчка амбасада што се симнуваш по скалички доле.
Здраво феминки да ве прашам моето папагалче многу е затворено во последно време не сака да излегува од кафезот цело време е накоштрено изметот му е течен како пролив да ми има.. Помош со да правам?
Веднаш да му земеш антибиотик и витамини (за во вода), дефинитивно е болничко. Но реагирај веднаш зашто многу се осетливи. Јави се на ветеринар од таму да земеш лекови, ако сакаш можам да ти пратам број од мојот каде што го имам лечено папагалот.
Имам две тигрици, машко и женско. Машкото е цела година кај нас ама премногу е диво и плашливо. Женската ја земавме пред околу еден месец и е многу питома. Ми дава да ја галам и од рака ми јаде а со тоа и машково пошто гледа барем не бега и не се тресе кога ќе му се приближам. На почетокот многу ја тепаше женската ама сега се галат и бацуваат. Инаку се многу тивки и неможат еден без друг. Вистина било дека тигрици е подобро да се чуваат во пар, штета што не го земавме порано второто
@ivi1987 во пар, ама ќе заборават на тебе и ќе си се дружат меѓусебно. Јас имам тигрица стара над 9 години, како дел од семејството е, зависен е од нас, посебно од татко ми затоа што го дружи по цел ден. Можат и сами, не мора да се во пар, така ќе бидат поблиски со тебе, ама сакаат друштво, плашливи се, не сакаат да бидат сами и лесно паѓаат во депресија. Кафезот мора да му биде удобен, да може да ги рашири крилцата и јас би препорачала да се пушта секој ден. Знам тигрици кои никогаш не летале затоа што биле цело време затворени. Исто така имам читано дека кружен кафез им создава депресија на папагалите. Имаше едно видео како еден човек уништува кружен кафез, а папагалот зад него пцуе: "that fucking round cage" https://www.littlethings.com/fix-round-bird-cage/
Да, многу зависи од папагалчето. Претходно чував долги години машко, ми стоеше на рамо, се бацувавме, се галевме, попитома тигрица немам видено. Овој од сам старт се гледаше дека е плашлив ама очекував дека за една година ќе се адаптира и ќе не прифати и бар малку ќе се опушти. Ама не, многу беше осамен иако на почетокот секој ден леташе, вратичката му е постојано отворена. После тоа се повлече и не излегуваше дур бевме дома, само кога ќе излезевме, гледав по кујната, лом ми ја правеше со просо и каки, си фрлал од горе рафали И затоа му земавме другарка, сега е 100% сменет, расположен, ведар, лета без проблем кога сме дома и си стои над кујната иако се шуњам во неа (порано бегаше штом тргнев натаму да одам) и гледам позитивни промени со него. Дури и вода и храна кога менувам, не диши забрзано, смирен е и релаксиран, се гледа дека му годи друштвото. А женската е друга приказна, од прв ден од рака ми јаде и дозволува да ја галам, кога ќе станам ме поздравува ама само со мене се зближи, се надевам почеток е па ќе се опушти и со другите. А вратата од кафезот им е 24/7 отворена, кога сакаат излегуваат, кога сакаат седат внатре. Женската често и врз кафез седи, акробации прави. А кафезот е како куќичка форма, и доволно е голем за двете внатре, има две хранилки и мислам дека им е ок П.С. Со видеово ме насмеа, сирото, му олесна што го нема веќе кафезот