Пролет е најнепогодно годишно време за птиците. Многу се агресивни, после некој период тоа се средува. Барем така е за мојата тигрица. И давање витамини секако овој период ☺️
Миленичето ми стигна дома . Малечко е, бебе од 2 месеци и е преслатко . Има црвен кафез и го сместив во едно ќоше во дневната. Во почетокот (првите 60 минути) беше исплашено, само стоеше мирно и ништо друго не правеше. Јас му пуштив песна на youtube, од други птици и почна и тоа да пее, почна да јаде и да се преместува од едниот крај на другиот. Се надевам со тоа не му направив стрес уште првиот ден . Ми дозволи и да го погалам малку. Е сега, со оглед на тоа што првпат ќе чувам папагалче имам неколку прашања. 1. Колку пати дневно треба да му го полнам чиничето со храна и вода? 2. Дали навечер додека спие треба да го покривам со некоја покривка за да му биде темно? 3. Дали би му сметала климата во собата со оглед на тоа што се греам на клима? Тоа е се што ме интересира сега за почеток. Ако ми текне нешто, пак ќе пишам.
Здраво феминки. Имам тигрица и веќе 2 години е кај мене а претходно имаше други сопственици па веројатно е постара. Од почетокот си ми застануваше на прст супер си пееше ама сеа коа ке и ја ставам раката многу каса. Вчера вечерта ја забележав дека беше невообичаено надуена и имаше дијареа..се преплашив а сабајлето супер си беше си пееше од 6 сабајле...Денес се советував со ветеринар ми даде некои витамини да и ставам во водата па да видиме како ке се одвива... ,Едвај глас пушта и седи со грб свртена како лута да е ...Дали некој имал слично искуство да сподели? Исто така и како да не можеше да лета, вратата и е отворена и не излегува, пробав да ја извадам надвор ама ме каса...Ептен се приврзав со птицава и жал ми е да не и се случи нешто
Јас кога имав тигрица, два пати се случи да има дијареа. По препорака од таму кај што го имав купено во водата му ставив четвртина истолчен парацетамол и половина линекс капсула (ќе ја отвориш капсулата и пола од прашокот ќе ставиш во водата). Тоа еднаш дневно, инаку 2-3 дена така ќе ставаш, дур да му се нормализира состојбата.
Има шанси. Мене ми се случи пред три години. Имав две тигрици. И бидејќи со маж ми требаше да одиме на одмор ги оставив кај сестра ми да ги чува. Исто и таа имаше тигрица и преку ден беа закачени во двор на дрво (мачки немаше затоа што имаа куче во двор), а навечер ги ставаше внатре. Е сега им дошле гости кои што имаат мали деца и возрасни ко возрасни муабети и кафе, а децава пуштени да трчаат низ двор. Од кафезот кај што биле моите папагали ја отвориле вратата и само едниот папагал излегол и избегал а другиот останал. Прв ден на одмор сестра ми ми се јавува ми ја раскажува случката што како се случило и викам ајде да сте живи и здрави сигурно не сте сакале така да биде. Папагалите не беа баш питоми затоа што јас ги пиштав низ соба да летаат и сами знаеа да си влезат во кафез. После 4 дена папагалот сам се вратил затоа што си го слушнал другарчето како пее најверојатно го препознал по пеењето. Зет ми бил во двор не му се верувало дека го гледа папагалот. Тој што останал го пуштил внатре да лета. На тој папагал што се вратил му ја отворил вратата и сам си влегол знаејќи дека внатре има храна. Така да мој совет, купи друг папагал и во кафез преку ден надвор нека пее нека чврчори и можеби ќе ти се врати папагалчето ако го слушне другото како пее.
Пеперутче ваљда до сега си се снашла, ама пак ќе ти одговорам, за сваки случај. Храна и вода треба секогаш да има. Вода менувај му дневно, да има свежа, и миј го редовно садот. Храна ќе гледаш да има секогаш доволно, не мора да ставаш секој ден, зависи до папагалчето колку ќе јаде. Не мора да го покриваш навечер, доволно е да е во тивка и темна просторија. За климата, само нека не го дува директно, не би требало да имаш проблем. И да ставиш сликичка од бебка.
Вода се менува секој ден, а храна, во зависност колкав е садот, можеш и на три дена. Во глобала, се фрла првиот слој од храната, затоа што не копаат надоле туку јадат само на површина. Исто, многу битно, скоро сите кафези доаѓаат со пластични стапчиња. Тие се многу штетни за нивните нозе. Ќе ги замениш со дрвени, ама вистинско дрво, не обработено и рапаво, затоа што ќе почнат неконтролирано да растат нокти. Од искуство, па бев приморана да ги сечам, а тоа предизвикува траума на животното. Сипина коска it's a must. Огледалца ни под разно не смееш да им ставиш да си играат, делува лошо на нивната психа. Има топчиња со ѕвончиња, коцки со ѕвончиња, има избор. Исто така, се купува песок, наменет за птици, преку тоа земаат минерали. И најважно, еднаш во денот барем се пушта надвор да лета, сепак птици се. Моите се прибираат дома само навечер за спиење, цел ден се надвор. Бар клас можеш да купиш, обожаваат да јадат. И земај вакумирана храна, а не рефус. Ако треба уште нешто, слободно обрати се.
Татко ми пред два дена го носеше моето папагалче на ветеринар бидејќи не беше добро. Му дале капки ама денес испушти душа. Ветеринарот му кажал на татко ми дека не му е ништо,а му дал капки. Ако знае некоја да сподели од што умираат и за што служат капките да си знам за понатака бидејќи планирам да земам друго женско за да има друшство второто папагалче и да му ја потполнам празнината.
Какви капки му дал? И што симптоми имаше? Колку беше старо папагалчето? Пазете да не ги чувате на промаја или ладно, имаат осетливо здравје.
Папагалите се многу сензитивни животни. Прво какви папагали чуваш? Второ, на кој ветеринар беше. Трето, какви симптоми имаше? Не знам какви капки му дале, може обични витамини биле. Обично, ако папагалот е летаргичен, пердувите му се спуфкани, не јаде, пие, не е весел, има пролив, опашката му оди горе доле, испушта чудни звуци, дише со отворен клун, се дава најчесто антибиотик кој се аплицира во водата. Најчесто антибиотикот ќе ти го дадат во шприц или прашак. Ама тинктура како капки не. Макар и два симптоми да покаже од горенаведените е алармантно. Не чекај ни еден ден, веднаш оди на ветеринар. Јас го препорачувам ветеринарниот центар, т.е кај Диме. И мене ми се разболе, другиот ден одма антибиотик му ставив, за 2-3 дена како нов беше.
Не знам какви капки,ми рече ги растворал во вода. Тие се во Мкд и најчесто преку лето се на тараса(преку ден) а навечер ги внесуваат внатре и мислам баш ради промаја е. Од симптоми цело време беше чудно,само спиеше, јадеше и толку. Ни звук,ни песна ни ништо. Моите се тигрици. Не знам кај кој ветеринар веројатно кај маалскиот кај што го носев јас еднашка, исто вака беше болен и ми дадоа шприц со антибиотик да го растворам во вода. Така ко нов беше игрив ама сега ете,денес починал после два дена примени капки.
Сигурно е витаминска терапија. Кај нас нема ни избор за терапија на папагали. Најчесто истата е наменета за живина. Инаку да се избегнува прскање со парфеми и дезодоранси во нивна близина, пушење исто. Готвење во тефлонски тенџериња е премногу токсично за нив, испуштаат мирис кој ние не го чувствуваме. И подобро е дома да се цело време пуштени од кафез, него надвор. Температурни разлики, прашина. Кај мене само спијат во кафез, иначе се постојано надвор, ми се бесат ко лилјаци на телевизорот, гледаме нетфликс заедно. Во 8 саат, едниот веќе е влезен, другиот чека јас да го внесам.
Многу убава тигрица, поприлично млада. Изгледа е машко ама толку е младо што уште не може да се каже со сигурност. 1. никако во кружен кафез, ама никако. Кога се плашат се кријат по ќошиња, и нема да се чувствува безбедно ни во кафезот. Друго што е премал кафезот, нема каде ни да се заврти. Обавезно промени кафез. После се друго. 2. Полека на почеток, додека да се навикне. Не го матретирај, стави го во галама, центар некаде централно, да е околу вас ама не го малтретирај. После почни на му збориш, да го дружиш. Освен храната со семиња потребна му е и свежа вода, секој ден. Ептен здраво е да му додаваш овошје и зеленчук во храната. Овошје во ограничени количини, јаболка, цитруси, јагоди, грозје, само исчисти го од семки прво. Од зеленчук зелена салата и спанаќ омилени им се. Краставици (во ограничени количини оти имаат многу вода) и моркови исто, зелка не им давај, никако. Премногу вода има и може од преголеми пролици дехидратација да предизвика. Нека го неколку дена да се навикне на новата околина и после пуштај го да се излета. Прво нема да знае ни да лета, ама брзо ќе се научи. ПРозорци затворени и покриени, оти не го гледа стаклото. Огледала кај што има покриени исто така. Пази да нема места кај што ќе се завлече (зад ормари и така слично). Имаш куп видеа на интернет, весели тигрици црчорат, не се агресивни, игриви се. Играчки стави му во кафез за да не му е досадно, лулашка, слично. Можеш да купиш и да направип. Пречки за стоење, препорачливо е да се дрвени. Огледало не му ставај како играчка, има куп начини да се забавува без огледала. Грицки, благи стапови, такви ствари не ти се потребни, може како награда само. Полни се со шеќер. Не знам, што те друго интересира слободно прашај, ама те молам промени му го кафезот, ама што е можно побргу, сирота птичка
Ти благодарам многу, не го купив јас кафезот гледам дека му е многу мал, ќе гледам што поскоро да му го смениме, пробав да го пуштам да лета пред 2 дена ама уште не знае убаво.
Кафезот не е добро да има кружна форма. Птиците сакаат рабови. Огледало немој да ставаш, влијае на нивната психа. А можеш да купиш топчиња со ѕвончиња. За тренирање пожелно е да земеш бар клас.