Луѓе малце сум у паника, тукушто забележав на мојот папагал дека носот му е црвен, женка е, тигрица. Го барав ветеринаарот не ми се јави и у паника сум.. еве и слика, ако некој знае шо би можело да значи црвенилото кажувајте
Пред некој ден земавме тигрица, уште вториот ден имаше малку проблем со столицата, кратко и само од себе и помина. Денес пак како цело време се чешаше позади и и дадов малку раствотен линекс. Но, сега приметувам и кај носето акко да и тече водичка. И чудно прави нешто кај вратчето. Што би можело да биде?
Кога мојата тигрица имаше 2-3 пати проблем со столицата, ми беше кажано да и дадам во водата четвртина парацетамол истолчен и половина линекс, еднаш дневно. А така неколку дена додека да оздрави.
Ме загрижува што го тресе така вратот и што и стои како водичка во носето, како настината да е, како да се тресе.... А со што и даде парацетамол со линекс, со шприц ли? Јас едвај успеав малку да и дадам, со шприц околу 1,5 мл.
Дечкии веке една годинс чувам розела земена од малечка никако да ја припитомам каса не сака да се гали едвај само да ја допреш, ако и давам семе од рака неќе а јаболче џапа само
Sto tocno pravi so vratot ? Pravi kako napred nazad dvizenje so glavata, kako da ima nesto zaglaveno vo grloto i saka da go isfrli a ne moze ? Ako e toa i mojata tigrica bese 2 meseca bolna so isti simptomi edvaj ja vrativ od “mrtvite”, vospalenie na dishnite patista imase i koga pravese taka so vratot se macese da go isfrli shlajmot
Чувам папагалче нимфа, пред 3 часа почна да ја плука храната, ко да повраќа... Има апетит, ама откако ќе јаде ко да повраќа, што може да е причината?
Nosete go na veterinar…jas licno Pet Vet vi gi preporacuvam deka imav ist problem so tigricata koj traese dva meseca i edvaj ja vrativme vo zivot. Mozno e da e od hranata. Vo slucaj refus hrana da kupuvate togas prekinete, deka mozelo da bide muvlosana. Se prepoznava po toa ako e potemna boja i ako ima kiselkast miris. Na mojava tigrica tri razlicni antibiotika i dadoa i ja upravivme. Od togas davam posebni multi vitamini za tigrici vo vodata sto ja pie ednas na 7 dena, davav vitamin C nekolku meseci po edna kapka vo poilkata (momentalno pauza pravam). Hranata na Padovan e najdobra i opsto nivnite proizvodi. Isto taka namesto vo kafezot da stavate hartija kako sto vprocem pravev i jas, pocnete da stavate pesok za ptici sto sodrzi i razni vitamini i minerali i sto pticata moze koga saka i od toa da jade. So srekja i ne cekajte so nosenjeto na veterinar i zapocnuvanje so terapija.
Фала мн за советот ама добар е папагалот, тоа беше пред 2 дена, се опорави. И јас се сомневам на храната, му ја сменивме, сега пак е на старата храна...
Еве ме пак, за истото папагалче, нимфата... Во кафезот пред некој час почна хистерично да лета, и да испушта морничави, силни крици. Двапати се случи тоа, го изнесов надвор, а сега е во соба пуштен, се смири, во ред е. Му чистам кафез и околу редовно, редовно храна и вода му менувам, не знам што може да е причината за вакво однесување?
Ne sakam da ve plasam, no mojata tigrica tocno pred eden mesec od nigde nikade mi pochina vo rok od 2 casa otkako pocna da ima isto histericni napadi, mene duri mi licea na napadi na cesanje. Ja odnesov vednas na veterinar i mi kazaa deka e mozocen udar. Posle 2 casa mi pocina, na kraj isto so takvi mornicavi krici. Mislam deka nemase papagalche sto bese povekje cuvano od moevo, no ete… Bi vi preporacala da go odnesete sto pobrzo na veterinar, posebno ako se povtori istoto.
@Didi*** благодарам многу за советот, ќе следам ситуација, ако треба утре на ветеринар ќе ја однесам.
Имам папагалче тигрица и најверојатно се има повредено само не знам како затоа што си беше до мене не падна или слично за да се случи нешто ама наеднаш почна да криви со ноџето, едвај газеше на него и еве сабајлево мислам му е полошо скоро ич не згазнува и го држи свиткано ноџето и само на една нога стои и не е воопшто расположено цело сабајле спие не сака ни да јаде едвај две зрнца просо само изеде, а обично многу е весело цело време си игра си збори си пее си лета а сабајлево ништо... Вртев по ветеринарни сите ми викаат давај му само апче за болка и не го носи кај нас затоа што нема што да му правиме освен да му дадеме лекови за болка и не можам да разберам како може да немаат што да му прават барем да ја снимаат ногата да знаеме што му е или да му ја фиксираат. Ве молам за совет некој од вас да не знае што да правам или да ми каже некој добар ветеринар што е само за птици по можност.
Za zal nema kaj nas vo drzavava veterinari sto imaat specijalizirano za ptici, nitu pak imaat nesto mnogu lekarstva i moznosti za lecenje. Pominav mnogu situacii so poslednava tigrica sto mi pocina pred 2 meseca, a i so prethodni sto sum imala. Osven zivimicin drugo ne znaat dadat…mizerija. Ne znam kakov sovet bi vi dala, no po toa sto opisuvate ne e voopsto dobro. Ako ne mu bide podobro od tie apcinja za bolka i vo slucaj da e skrseno nodzeto za zal nema mnogu nadez. Ptici se, nezni se i e mnogu tesko da im pomogne. Vi ja posakuvam cela srekja na svetov da ozdravi dushata mala!
Прашај за совет во продавниците што продаваат папагали и други животинчиња или евентуално ако можеш да стапиш во контакт со некој кој одгледува птици, би требало да знаат да ти кажат некој совет
Zdravo zemavme dve tigricii, posto prv pat cuvame papagali, me interesira kakva temperatura e najpovolna za niv? I za kolkuu vreme se ucat da zborat, toa ednoto primetuvam samo ja otvora ustata takaa❤falaa odnapred
Тигриците не сакаат промаја внимавајте каде ви се сместени нежни се ептен.Чим се две потешко ќе се припитомуваат со луѓе зошто си имаат друштво.А за зборување треба мнооогу работа со нив и тогаш не е сигурно дека некогаш ќе почне да зборува.
Не сакаат промаја и не сакаат многу ладно. Они се нежни по природа, и бидејќи се две не значи дека нема да се приспособат на луѓе напротив обрни внимание да не се трпат заедно во еден кафез. Јас имам две, па во мал кафез се тепаа, а во голем се сакаат. За зборувањето не значи дека ќе зборат, прв пат слушам тигрица да збори ама реагираат на звуци. Моите пеат и некогаш пискаат, навечер се мирни спијат.