Тигрица нема шанса збор да науче мавнете си тоа од глава Ставајте ги на 24 25 температура и никако на прома на ветер да не бидат
Јас имам гледано клипови со тигрици што зборуваат ама тие се една во 10000 така да чисто се сомневам дека ќе прозборат особено што се пар.
Ako ne se lazam citav tuka dekaaa zborele, mozno e i da sum greska ne zameruvajte pospana uste hahaabe ne mora mnogu eden zbor dovolno e hahah, sepak interesnii se, dusii♡
Sega se setiv i devojka od Srbija, kazuvase kako zborele, i kako gii ucii, kako se grizi za nivv..Isto Tigrici sepak ke vidime za nekoj mesec
Некако како да имаш преголеми очекувања од тигриците.Доволно е да ги сакаш какви што се.Инаку прво и основно тешко е да ги припитомиш.Тој процес оди полека.Ќе се плаши да излезе па нема добро да лета додека не го осознае добро просторот.Може да си седи првата недела некаде на страна во едно место.Ќе им треба многу време да се зближат со тебе.Исто така ако почнеш преагресивно да им се приближуваш да бараш во рака да ти стојат можат да умрат од стрес.
Ne nemam ocekuvanjaa, uste ne gi pustam, da letaat ni kazaa da pomine odreden period i taka, ne se brzam, samo prasav? Zabavni se sekako, sekoe dobro
Можеш и вратичката да им ја отвориш ние секогаш сме ги оставале пуштени само навечер внатре а сами си влегуваат кога се гладни
Јас така првото папагалче кога го земав ми кажаа да не го пуштам да лета 1-2 недели. Кога помина времето и кога го пуштив да лета не можеше да лета кога се распрашав на повеќе места што е проблемот што се обидува да лета и не може одма доле се спушта на земја, ме прашаа за бојата на носето каква му е, а папагалчето требаше да биде женско според тоа што ми кажаа кога го купив, кога им кажав дека е сиво носето ми кажаа дека папагалчето е старо, дека поради старост не може да лета. Ако е младо женско носето треба да биде розе, а ако е младо машко носето треба да биде сино. Потоа отидов да го вратам папагалчето таму каде што го купив, а тие сакаа да ме изманипулираат дека не е старо и дека уште не е навикнато на просторот, па затоа не лета. Но, на мое инсистирање некако ми го заменија за друго, одбрав машко со сино носе. Сфатив зошто ми рекоа да го чувам 1-2 недели во кафез тоа првото што не сакаше да лета и затоа решив тоа другото што го земав како замена уште од одма да го проверам дали ќе лета. Кога дојдов дома му ја отворив вратичката и за кратко излета од кафезот и си кружеше во собата. Го оставив така неколку саати да ја истражува собата да си лета и застанува, само не сакаше да си влезе во кафезот, си ја сакаше слободата па ме измачи малку додека да го фатам и ставам внатре за да може да јаде и да се напие вода. И после секој ден го пуштавме да лета, па полека научи и само да си влегува во кафезот, особено му помогна тоа што ни текна од надворешна страна пред вратата да му ставиме едно дрвце за да застане, па да си влезе. А мислам на оние дрвца што им се ставаат и внатре во кафезот. Не велам дека и тебе те изманипулирале и дека нема да летаат папагалчињата, ама сакам да ти кажам дека слободно можеш да ги пушташ да летаат. Ако треба и првите денови ќе им помагаш да ги вратиш во кафезот Само многу да пазиш прозор и балконска или влезна врата да немаш отворено.
Не е точна таа констатација. Мојата тигрица што за зал почина пред 4 месеци, не престануваше со зборување, по цели реченици кажуваше. Ја имавме буквално од бебе, од рака ни јадеше, нонстоп околу нас беше ѝ зборувавме и научи да зборува. Она не испушташе звуци како како птица, туку наместо тоа зборуваше. Исто така ја надмина и статистиката дека во просек знаат да научат најмногу до 8 различни збора. Нашето искуство го потврдува баш спротивното. Со многу труд и зборување можат да научат да зборуваат. Не знам дали е можно овде да прикачам видео за да се уверите.
Јас верувам во ова ама верувам и дека тоа е 1 папагалче на милион Мојот па обратно дивина не даваше ни да му се доближиш а изживеа 9 год
Истово што го кажуваш го прави и мојата тигрица. Ја чувам 2 години и не пее или да свири како секој папагал туку постојано збори и кажува по цели реченици. Јас секое зборче одма го запишувам и моментално знае точно 22 збора. Морам да кажам и дека е премногу питомо, не клука, се бацува со сите нас и постојано е со нас, не сака само да седи и цело време доаѓа по нас и сака да стои цело време на рака или на рамо, јас како што викам како крлеж некој е Туку сакав да ве прашам доколку има некој по искусен, затоа што немаме асални ветеринар во државава или ако знаете некој добар предложете, имам две тигрици, едното е уште мало пред 3 месеци го земавме и пред недела-две едното дупче на носот му се затна, затворено му е и се гледа како да има нешто во него бело, од време на време кива и тешко диши, хрчи кога диши. Денес еве и поголемото исто, едното дупче му е затворено и почна да кива. Се јавував по ветеринари ама сите до еден различно ми кажуваат и не знам кој да послушам.
На моја другарка папагалчето се тресе цело и има како течни водлести каки како може да му помогне? Што да му даде?
Моето си имаше 2 пати таква мака, по препорака на стручно лице го лечев со 1/4 здробен (истолчен) парацетамол (прав треба да стане) и 1/2 Линекс капсула (да се отвори капсулата) и да се измешаат и да му се стават во водата што ја пие и ако треба и со сила да се однесе до водата да се напие. Постапката треба секој ден да се повторува додека да оздрави.
Дали на тигрицата смеам да и давам лупено просо. Имав дома па и ставив да пробам дали ке го јаде, од тогаш само тие семиња ги бира од проспто. Ама не знам дали смее да се храни само со тоа. Ја земавме пред една недела мн е млада. А и нормално ли е цело време да си ги чисти пердувите и да се чешка и растегнува. Ме фаќа страв дане е нешто од просото ?
Zdr mi se izgubu tigrica ja cuvav skoro 3-4 meseci, slucajno nekako niz vratata letna do sega nikogas taka nema napraveno, da proba da izleta sosema slucajnoo se desi.. Baravme vo blizina ja nema, nitu vo dvorot, okolinata ja nema :/ nekoj iskustvo, dali moze kje se vratiii,, imam slusnato deka se vrakjaat
Пробај стави го кафезот на видно место надвор, со отворена врата, можеби ќе имаш среќа. И памет за друг пат без разлика дали ќе ти се врати папагалчето или ќе имаш ново, кога му е отворена вратата на кафезот, обавезно затворени сите прозорци во сите соби и надворната врата.
Поубаво е да му даваш храна со витамини кога е мало. Пробај да му дадеш јајце со лушпа, морковче, јаболко, краставица. Други овошја и зеленчуци не давај. Зелка никако, отровна е за нив.