Грижа за домашните миленици Ве молам кажете ми кој вид папагл е најефтин после тигрицата сакам да си купам.
se mislam da si kupam papagalce pa se dvoumam bidejki imam 4 kucinja 2maltezerski pudli malo melezce od maltezerska pudlica i zagar i eden sibriski samoed po ime maxi pa moze li da ima nesakani posledici [mod-kirilica:2sfzpq3e][/mod-kirilica:2sfzpq3e]
не би требло да има ...папагалчето ќе си го чуваш во кафез...кога ќе го пушташ да лета ќе припазиш на него додека се спријателат со кучињњта и после немаш гајле
не мора постојано да бидеш со него нормално...но не заборавај да го нахраниш секој ден да му исчистиш вода да му смениш и да го пушташ да лета барем еднаш на ден...тоа че му биде доволно покрај тоа ке му ставиш играчки внатре како на пр огледало и слично и ќе си се занимава додека си ти отсутна )))
Домашни миленичиња Женски,дали знаете колку пари е папагалот нимфа? И каква храна поточно треба да јаде? Ова е папагал од видот нимфа.
1400-1500 денари. јас чував вакво и срциња се. Само му треба поголем кафез, не огромен ама не од најмалите. и си има храна за нимфи, убава квалитетна на кило околу 300 денари со триста мирудии внатре, а има и поефтини со витамини и слично по цена иста како за тигриците ... Воглавно не бара кој знае каква грижа или не знам ти што. Ако сакаш, ако си љубител немаш гајле.
И јас чував 2 вакви душички,меѓутоа татко ми ги донесе,и не знаев колку пари се... За жал,кога отидов на одмор,ги дадов привремено да ми ги причуваат,и избегале... Толку била одговорноста... Како и да е,ќе си земам пак една ваква душа да ми црцори по дома.
Маца, нимфите не се скапи папагали бидејќи се доста распространети и чести, а и лесно се размножуваат, но во задно време читам дека цената им рипнала, дека била околу 1500ден. Порано, во времето кога мојот беше купен (пред 9год, но го добив на подарок) цените беа дупло поевтини, околу 700-800ден. Распрашај се по локалните пет-шопови за да споредиш цени. За храна погрижи се само да е мешана, со разни видови зрна, бидејќи имам приметено дека некои си ги хранат нимфите само со просо, а оваа птица си сака поразноврсна храна. Јас на пример купувам една храна на рефус, 60ден за пола кило, во неа има и плус зрнца со витамини и минерали (во боја се) и трае цел месец. Овошје и зеленчук можеш да му понудиш буквално се, дури и дршките ги сакаат (од јаболка, пиперка..), но само да внимаваш да не бидат мокри, значи подобро да им ги даваш немиени зашто може да добијат пролив. По продавниците има и разно-разни додатоци во исхраната за папагали, така да за тоа ќе си прашаш на лице место во пет-шопот. Еве на пример јас до сега му имам купувано сушен зеленчук и овошје кој се става во семето како додаток, потоа протеини-јајца во комбинација со мед, дехидрирани. Сега задно му купив едно протеинско стапче, комбинација јајце помешано со некој ви зрна, и може да се закачи или да виси во кафезот или хоризонтално па да стои на него. Исто така обавезно да се набави минерален песок, во било каква форма, бидејќи тој му потпомага во варење на храната и папагалот редовно си го конзумира. Досега имав баш обичен песок кој го ставав во посебна хранилка, а сега му купив во тврда форма на срце и се закачува во кафезот, и плус имало вкус на јаболка Нимфата, како и секој друг папагал, бидејќи се интелигентни животни, бараат внимание и друштво, во спротивно стануваат депресивни. Исто така да си знаеш дека овој вид знае доста да биде незгоден, јадат се и сешто, така да да не ти биде чудно да ти бидат по дома изгризани весници и се што е хартија, дрво, кабли, пластика и тн. Важно по природа се многу весели и друштвени птици, а ако сакаш да ти биде уште повесело, бирај мажјак, учи да пее се и сешто
Да ви се пофалам си купив папагалче денес....тигрица Прочитав доста совети од вас,па за 2 недели ќе почнам да ги применувам
И јас си чувам прекрасна тигрица неколку месеци,ама нешто не ми беше добра во последно време,но сега се оправи фала богу .И пред ова папагалче имав друго,ама тоа ми почина
Да, мојот јадеше многу зеленчук порано, посебно краставици и моркови(oд што го сакаше морковот дури цела глава од зелена-портокалова му стануваше). Сега не го сака толку многу, ама имам читано дека е убаво да им се дава овошје и зеленук.
Грижа за домашните миленици Сакам да прашам дали некој има чувано папагалче....и ако има таков да ми каже како иде,дали лесно се чува и се што треба оти во план сум да си купам,а исто така и да ме посоветува што папагалче да земам не знам ни што раси има....и до која цена се движат,а и кафезот колку пари е,храната и сл...
јас чувам папагалче но пред малку ми поврати еден куп просо не изџвакано. ако може некако да ми помогнете ве молам незнам што да му правам
Ова што го кажуваш воопшто не ми делува дека повратило, затоа што птиците мислам дека не повраќаат. Сега ме стави во мисла да пребарам по нетов А можеш да ми опишеш што точно се случило? Инаку птиците имаат инстинкт да ја задржуваат храната во првиот желудник (имаат 2, или пак може да се каже дека тој е преджелудник) додека таа се помеша со ферменти за да омекне. Значи не џвакаат, да се разбереме Тоа го прават кога имаат инстинкт да ги хранат младите, и таквата храна им ја истураат директно во клунчињата (сигурно си гледала). Сум наишла на таква ситуација, папагалчето на дечко ми да ми го "нахрани" прстот со улепено просо Се изнасемав во тој момент, но што друго би можело да биде? Можам да кажам само дека домашниве птици што се во притвор се многу збунети
фала на помошта и јас гледав нешто на интернет и пишува дека тоа било природен начин на додворување на папагалите но понекогаш се случувало така да го "наранат" и својот газда, омилената играчка или други птици. Инаку тој (Џивџи се вика) си беше нормален и си играше со едно топче па кога го земав на прстот почна да ми плука цели зрнца излупено просо само споени( по 5-6 наеднаш) и мн се мачеше додека ги плукаше . Сепак ке гледам да му давам по помалку јадење барем денеска
и јас така мислам оти од коа поврати го стаивме во кафез и цело време си пее и нешто по негово си зборува па сеа вајда нема ништо да му биде сепак фала на помошта
Здраво на сите Ајде да ми помогнете во врска со папагалчињата, да ми кажете ако знаете дали плавото е женско, а жолтото е машко???