Јас сум чувала претходно папагал, ама вакво нешто немам видено не се допира хиперактивно не се и приближува ни со храна ни со ништо, вчера дури на садето за храна има скаличка зема главата ја пикна меѓу скаличката и кафезот се заглави не застанува цело време нешто се движи прај. Не знам што е проблемот.
Нормално е променило средина,таму може било со други папагали сега е само.Недела дена остави го да се стабилизира,не го допирајте не му пружајте прстиња и не го пуштајте да лета.Нежни се тигриците.
Мојата тигрица зборуваше за жал вчера ја пронајдов мртва неможам сеуште да поверувам и да влезам во собата затоа што секогаш ќе ме види и ќе почне кај ти кај си пиле си зборуваше и уште други зборчиња знаеше срцето ми е скршено имаше 8 години
Сум чувала тигрици долги години ова ми е прво искуство со розенколис. Го зедовме од дете кое го чувало од бебе, рането е од рака прилично питомо. Вчера идеше кај сите, застануваше на рака, рамо и глава. Денеска го извадив од кафез за да го ранам (го ранам со лажиче, бидејќи е уште мало јаде кашеста храна) јадеше малку и избега од мене па одев по него да го ранам. По извесно време го фатив и го стави во кафез и еве не е застанато црцори многу и само се шета по решетките на кафезот. Вчера не се однесуваше вака, каде грешам? Детето ни рече уште недела дена да го храниме со каша (жолчка, сончоглед, јаболко, морков, банана) после каква храна да му земам?
После ќе му земеш лупен сончоглед, несолен... Ќе му даваш од рака да зима. Пиши ми пп за полесна комуникација. Јас моето на 2 месеци го земав
Здраво сакам да прашам кај кој ветеринар носите тигрици за преглед и контакт број . Има дијареа веќе неколку дена , вака е добро расположена ама ме фаќа страв
Имам тигрица и по цел ден пее ама не пее убаво, убаво кога пее е океј и се мислам ако земам уште еден папагал дали ќе ќути или и двата заедно ќе си пеат постојано?
Сум чувала повеќе тигрици како дете и стално распеани беа. Тешко они да ќутат. Ама весела е атмосферата по дома со нив. Јас би ти рекла земи уште едно, таман ќе си има пилето другарче.
Папагалите повеќе свират и се дерат одколку што пеат негде имав прочитано не се сеќавам каде еден имаше напишано ако сакаш пиле што ќе ти пее ќе си посадиш дрво во двор и ќе имаш врапчиња што ќе ти пеат
Дали многу ѓубре се прави дома? Имав кога бев мала заборљвив како беше. Ги пуштате низ соба? Син ми некое време бара, навистина има многу убави.
Не многу. Пердуви ситни кога се митари (неколку пати годишно) али тие се најчесто внатре во кафез. Можеш да му ставиш и перденце за да не лета просо и ѓубре надвор. Јас го чистам секој ден, 5 минути работа. Го пуштам низ соба, зависи и до папагалот, кај мене не лета многу, се качува горе на кафез и си стои.
Зависи пилето каков карактер ќе ти се погоди, кај мене беше тежок наркоман влагаше цел во хранилка и преташе ко кокошка некоја, три години душата ми ја изеде ама па ептен се интересни
Мојот прави доста особено пердуви има и заштитна мрежа и пак прави, и лушпи од просо намерно фрла надвор. Кафезот исто така треба често да се чисти, јас на два дена го чистам а кога имам многу обврски на недела дена. И да го пуштам низ дома, првата недела кога ќе го земеш не го пуштај да се навикне на вас на собата и див многу ќе биде ама често ако се дружите ќе се припитоми. Сега зависи и до папагалот мој не е многу друштвен на прст стој а не дозволува да се фати со рака и кога стој на прст ако го галиш долго се нервира и гризе. Земи му на син ти, до некаде и подобра опција е од маче и куче, помалку обврски има околу него.