Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Parroto world (Светот на папагалите)

Дискусија во 'Дом' започната од candygirl, 28 февруари 2011.

  1. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    145.134
    Карпош, Ѓорче Петров
     
  2. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    14.207
    Папагалов (тигрица) денес ми е поспан, како стуткан, мижи, а се нема симнато ни да јаде. Не знам дали да го носам утре на ветеринар, надвор е студено, со кола ќе одам, али самото носење од зграда до кола ми е ризично, да не го разболам уште толку. Ептен паничам, само у тоа мислам. Нормално ли е некогаш да е оваков?
     
  3. moresokolpie

    moresokolpie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2015
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Ја би го однела. Стави шишиња топла вода околу кафезот и покриј го со кебе, нека е топло во просторијата. Утре со кебе покриен кафезот однеси го на вет. Мене така ми даде некој антибиотик во шприц и му ставав во водата 7 дена. Мојот среќа пиеше вода незнам со твоето како е, ама колку што знам освен да ставаш во вода антибиотик др не прават кај нас ветеринарите. Ако следиш килажа и тоа е битно, моето го факаа кај градите да видат дали многу му е ослабено.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    14.207
    Ова е од денес, вчера јадеше, се надевам не е предоцна. Ќе го однесам утре, му ја доближав водичката, ептен малку пивна. Цел ден не е јадено, ни пиено.;(Каките му се белки, читав дека тоа не било океј. Леле ептен се испотресов.
     
  5. moresokolpie

    moresokolpie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2015
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Моето кога беше болно само бар клас јадеше др ништо. Пробај што му е нај омилено нека јаде што било. На Водата му тапкав со прст се дур не дое да се напие, моето беше опседнато со раце и прсти па така идеше, ке мораш некако да најдеш начин за да ја пие водата. Оздраве после тоа али по една година ми почина, одеднаш без знаци, издржа 7год. Такви се птиците не даваат мн знаци пред да се разболат или починат. Нека е со лесно на малото, се надевам ќе е океј
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.625
    Допаѓања:
    24.011
    Пол:
    Женски
    Покриј го кафезот со нешто кога ќе го носиш.
    Дај му барклас.
    Нека ти дадат на вет витамини на а нешто беа.
    Стај му и има едно по пет шоп како креда, калциум.
    И земи храна на падован има една не е само обично просо.
    Мојава иначе се уби од снесување јајца.
    И кога треба да снесе седи у ќош буквално легната, од памет ме вади. Ама јаде и повеќе од што треба, пие лета.
    А кога ќе се приближиш реагира ли? Да го пуштиш да видиш дали ќе сака да лета.
    Исто така сакаат и да се бањаат и тоа им е добро за здравјето.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    14.207
    Ветеринар, т.е човек кој одгледува папагали ми даде антибиотик, како жолт прашок во капсула, го поделив на 5, во 5 водички, 5 дена треба да му ги мењам. 2 пати до сега во овие 4 часа му давав со шприц, вториов пат со доста стрес, како да го исплука, одеше горе-долу низ кафезот, како да се вознемири. Се надевам утре ќе пие само, пошто ако давам вака со шприц, ќе умрам пред него.

    Морам вака пошто цел ден спие и мижи, не јадеше, ни пак пиеше вода. Се симна малку и касна, тоа ми е утешително. Кога ќе се приближам - реагира ама не како претходно, како поспано е. Претходно не леташе не па сеа, доста е дивко, од кога го имам си е во кафез, многу ретко излегува. За 3 дена ќе прави 4 години од како го чувам, за роденден ми го донесоа, се плашам дека и тој ден ќе го изгубам, што би било претрагично. Утре ќе видам како ќе биде.
     
    Последна измена: 4 јануари 2026
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.625
    Допаѓања:
    24.011
    Пол:
    Женски
    Следи и утре кажи како е.
    Барклас обично не одбиваат, види дали ќе јаде тоа.
    Бар нешто да внесе.
    Пробувај со антибиотикот, бар колку толку.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.