1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Parroto world (Светот на папагалите)

Дискусија во 'Дом' започната од candygirl, 28 февруари 2011.

  1. zdrave82

    zdrave82 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    па си имат они куќичка, еве сега и слика ќе ставам убаво да се виде :)
     
  2. zdrave82

    zdrave82 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    мојот кафез :)
     

    Прикачени фајлови:

    • Copy of 300.jpg
      Copy of 300.jpg
      Големина на фајлот:
      330,8 KB
      Прегледи:
      300
    На jacqueline.s и teddygirl им се допаѓа ова.
  3. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Сакам папагалче што зборува :talk: :D :lol:
     
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Сакам да дадам совет на сите оние кои сакаат да го припитомат своето папагалче. Моето го зедов пред еден месец, беше дифтар невиден, ама сега многу почна да се припитомува. Сеуште не е целосно припитомено, ама секој ден има напредок. Ќе го споделам моето искуство, и се надевам дека ќе ви биде од корист. Прво на почетокот застанував покрај кафезот и многу му зборав. Прво се плашеше и се тресеше бегаше во ќошот од кафезот, а сега си седи, си пее и си се чешка, што покажува дека веќе не му смета моето присуство покрај кафезот. По неколку дена почнав да му ја ставам раката во кафезот, ама не многу блиску до него. Правете го тоа неколку пати во денот, за да сфати дека раката не е ништо страшно. Како следен чекор ми беше да го научам да ми јаде од рака. Пробав со храна за папагали, јаболко и што ли не, ама тоа не реагираше. Само седеше така и гледаше уплашено во мојата рака. Потоа се сетив дека некаде прочитав оти папагалчињата не можат да му одолеат на бар клас, (се вика уште и просо на гранче или spray millet на англиски) тоа за нив е како чоколадото за луѓето. Купив од еден пет шоп кај Порта Влае, беше 100 денари, а внатре има 6 гранчиња. Бев скептична, мислев дека нема да го јаде како и се останато што не сака да проба (освен храната за папагали). Го оставив во кафезот, и за чудо почна одма да го јаде, се удави во него што се вели. После го зедов гранчето и со рака му го понудив. Првите 2-3 минути стоеше и се мислеше, ама од толку што му е неодоливо, се опушти и почна да јаде. Така постепено ја доближував раката поблиску и поблиску. За 2-3 дена не му сметаше да јаде кога раката ми е скроз до него. По некое време тргнете ја раката малку понастрана за да не може да го стигне гранчето. Од преголема љубов кон бар класот ќе нема избор освен да ви застане на рака и да јаде. По неколку дена тоа веќе ќе ви се навикне на раката, и ќе знае дека таа не го повредува, туку напротив, од неа го добива најубавото задоволство. Тогаш веќе ќе ви биде полесно да го научите да ви стои на прст и се останато.
    Само немојте да му давате по многу, оти бар класот е многу калоричен и папагалчето може да се здебели. Значи доволно е 2-3 пати денот да касне по многу малку (да грицне два три пати).
    Пробав со сите други начини, само ова ми успеа да го припитомам. Нема потреба да го изгладнувате, или да го зграпчувате папагалчето. Се што ви треба е бар клас, и ќе видите колку е збудалено по него, и се ќе направи за да добие барем еден гриз од него :D
     
    На TrinityNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zdrave82

    zdrave82 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Дали некој е запознат со дозирањето на папагалите со Е витамин??? Јас му дробам апче, ама не му давам секоја ден :)
     
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Јаболкото, кивито и бананата содржат доста Витамин Е. Давај му свежо овошје, и ќе си ги добие сите витамини кои му се птребни. Не мораш дополнително да дробиш апчиња :)
     
  7. zdrave82

    zdrave82 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    не сакат јаболко да јадат, ниту морков, а киви и банана му немам ставено
     
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Епа не знам во тој случај, пробај со банана и киви. Ако нејќе, тогаш нека ти одговори некој што е поискусен за колку да им даваш од витаминот :)
     
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас пред точно една недела добив папагалче од татко ми.
    Многу е пргав, го крстив Владо.
    Се пентери по лулашката, и скока наоколу ко луд. Вчера беше пуштен низ собата но не се потруди многу да лета, и сепак ќе го оставам некое време во кафезот додека да се привикне на околината, после ќе му отворам.
    Ептен е срцка кога стојам до него и го гледам. Таков ја врти главата лево, па десно, па се дуе.. :rofl:
    Ѕврчи кога ќе му го свртам грбот и се задева.
    А и мене ми е многу страв да не го исплашам или повредам, па ептен полека полека се трудам да се привикнам на него и неговите потреби. Се надевам ќе биде. :angel:
     
  10. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    1.512
    Јас имам тигрица веќе подолги години.. 4-5 можда... при нејзино чување сама открив некои работи, едино што сакам да знам е колку долго живеат, пошо мн. чудно се однесува во последно време, па викам да не е остарена или нешо... прашајте нешто, ако знам, ќе ви споделам некое искуство :$
     
  11. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Женски мене подитно ми треба помош. Денеска видов дека на моето папагалче нимфа му има излезено некоја грутка на крилцето! Се гледа дека е поткожна грутка, ама јас незнам што да правам! Ако има некој да ми каже што да правам, или да ми дадете број од некој ветеринар па да го прегледа :(
     
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Многу сакам папагалчиња... имам две Чонг Ли и Бела се викаат хахахаа :lol: Се восхитувам на нивната љубов. Еднаш ако се заљубат за цел живот е, а ако почине едното и другото веднаш ке умре од жал за доживотниот сопатник. Ете го минатото папагалче, нека почива во мир :(
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC00142.JPG
      DSC00142.JPG
      Големина на фајлот:
      262,1 KB
      Прегледи:
      362
  13. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Тигриците живеат во просек 30-35 години,барем јас така имам слушано и читано! Ако се малечки тие се паметни и се разбираат! Нешта кои можат да им наштетат на папагалите се промаја,значи гледајте да не Ви биде оставено на промаја ,а исто така многу умирале и од инфаркт. И мене ми беше чудно кога слушнав,ама тие се плашливи многу,па затоа до сите кои имаат папагали за свои миленици,не дозволувајте да имаат стрес или пак ако Ви дојдат некои деца на гости да ги малтретираат,да удираат по кафезот и сл.
     
  14. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    И јас си купив папагал ,бидејќи кога бев малечка ми беа омилени (а и сеуште ги сакам) и овој ми е 4 по ред! Е сега проблемот е што го чувам една година и 7 месеци,а тој сеуште се плаши! Значи не доаѓа кај мене,се плаши ако некој му се приближи,а ме разбира се,ама баш се! Значи кога е пуштен да лета јас му зборувам : "Ајде сега влези си вкафез да отворам прозор" и тој влегува! Секое утро 2-3 минути пред да ми заѕвони алармот тој почнува да пее (знае кое време се будам) ,па така и за викенди морам да станувам,не ми треба будилник ;) .Редовно му зборувам и многу го сакам,ама ете не е како тие пред него што ги имав! Тој не сака да доаѓа и не сака да зборува! Ама не знам што не направив,еднаш и го изгладнив неколку дена ,само за да почне да јаде од рака од кај мене и не сака и не сака! А на нет прочитав дека баш тој тип биле повлечени и тешки за припитомување и дека не сакале насилно да ги тераш ама баш ништо! Мора се да е по нивна воља! Па некој тежок карактер ќе да е, :D
    Инаку е Австралиска црвена Розела,ги има сите бои на него,од мастилна,до жолта,црвена,бела! Многу е грациозен!!!
     
  15. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Ме интересира што бидна со папагалот?! Дали го однесе на ветеринар,што ти кажаа и што превзеде? Се надевам дека пилето е добро :)
     
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    24.618
    Пол:
    Женски
    Да се пофалам, си го научив моето папагалче да вика Мочко :lol:
     
    На papagal4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ana.Ana.Ana

    Ana.Ana.Ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Луѓе денеска ми избега папагалот (тигрица). Кој е од Велес нека пише ако го видел или ако го земал .. Машко е, бело со плаво и е старо околу 5-6 месеци. Се вика Тошо. Ако некој го има видено или земено нека пише ве моламммммммм ... Не знам како ќе биде без него .. А поклон ми е .. ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
  18. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    Јас имам две жолти папагалчиња. Но многу се плашат :( Да им се доближам до кафезот почнуваат да се преместуваат на другиот крај, а не па да им пуштам прст. Некој ако знае како да им пријдам да ме “засакаат“ :(
     
  19. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    24.618
    Пол:
    Женски
    Колку време ги имаш?
    И моето беше исто така диво,ама после еден месец,мање-више, се опушти.
     
  20. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    Скоро една недела,и секој ден им идам им свиркам ама гледам дишат ептен длабоко.