Со папагалов стварно не знам што да правам. Го истура јадењето постојано. Купив нова хранилка и викам ај оваа повисока е од страна нема шанси да го истура и пак наоѓа начин да го истури. И кога беа две ова постојано го истураше јадењето и другото секогаш гладно беше. И во две хранилки ставав и пак исто... И откако ќе го истури јадењето не јаде одоздола никако. Вчера вечер намерно не му ставив викам денеска сабајле кога ќе му ставам ќе му дојде памет да не го истура. И јадеше што јадеше и другото пак го истури . Некоја да не има совет или слично искуство зошто папагалов нервите ми ги откорна
Не знам дали има вакви во МК. Најчесто има препродавачи односно шверцувачи од Србија и ги носат ако им порачаш.Ама е ризично, може да ти ги земе парите и да не ти го донесе папагалот. Инаку за сите заинтересирани за птици, еве ви еден сајт ...односно првиот сајт за одгледувачница на папагали во МК...и таму можете да си одберете и купите папагал каков сакате. Јас имам козица..многу е слатка, од таму ја земав
Имав 3 папагали 2 тигрици и 1 нинфа иначе сум голем љубител на папагали но пред да одам во Белгија едната женска тигрица ми умре остана само нинфата и машкиот папагал но и тој ми одлета сега го имам само нинфата и мн си го сакам со него си спијам во друга прилика ке ви покажам и фотографии од папагалчињата Меѓутоа планирам да си купам уште две тигрици и уште една нинфа
Еве ме и мене во темава ме интересира на колку време се чисти кафезот на папагалчињата? и ако ги пуштам надвор од кафезот на колку врее да биде тоа?
Јас чувам нимфа и за нив можам да ти кажам Секој ден му ја мењаме хартијата во кафезот , а кафезот цел детално го чистиме еднаш месечно , А за пуштање , што знам , пушти го нека се пролета некој саат да се измори и нека си оди во кафез, На пр. мојот Коко е многу забеган , Веќе 3 ипол години е кај нас и сеуште не сака сам да излегува надвор , по цел ден е отворен , но џабе си седи во кафез , а и како нема да седи кога кафезот му го направивме како палата , има се и свашта внатре , и не му многу интересно надвор , кога сакаме да го излетаме , брат ми со рака го вади , лета, лета , се лула на лулашката малку , го галиме , го гњавиме , и кога ке го види кафезот одма секундарно лета назад во него најмили животинчиња ми се , ми го разубавува секој ден, кога станувам од спиење одма кај него трчам
Пак јас Ми треба помош.. ако знае некој какви се папагаличињата мислам, дали се машки, женски, машко и женско...помош Спојлер
Јас мислам дека и двете се женски Се гледа од тоа над клунот, ако е машко треба да има плава боја, ако се женски кафена. Инаку што се дешава со мојов. Му отварам кафез, нејќе да искочи. НЕЈЌЕ Излегува само кога ќе му го расклопам цел кафез, ќе го извадам кровот. И, се научил многу да каса.
Мислам дека треба повеќе внимание да му даваш. Јас на моето папагалче му зборував цело време кога беше диво, и се навикна на мене. После секој ден кога се вреќав од школо, џивкаше за да ме поздрави.
И мојот папагал на почетокот несакаше сам надвор да излегува и после 3 месеци почнав да не му ја полнам храната често. И така гладен ќе си излезеше, јас за тоа време му ја наполнев храната и ќе си се вратеше сам во кафез. Пробај така неколку дена
И јас сум дел од овој свет хаха Имам папагалче, второ во мојот живот. Првото ми беше машко и никако неможев да го припитомам, беше многу див, несакаше да стои на прст итн итн итн... За жал ми умре од старост после 8 години... Како и да е сега имам ново папагалце тигрица ЖЕНКА и многу е добра и мила, И СВАРНО НЕЗНАМ ЗОШТО СИТЕ ВИКАТЕ ДЕКА ЖЕНСКИТЕ СЕ ПОДИВИ, АЛИ МОЕВО СЕ ПРИПИТОМИ ЗА 3 ДЕНА, веќе четвртиот ми застана на рака, а еве после 2 недели се труди и да збори, па здравје за 2 недели ке го пушатам и да лета ... Е сега имам едно прашање, и еден мој совет... ПРАШАЊЕ?!?! -дали има некој што прави храна за папагалчинја, и ако има како ја подготвувате, јас му правам смеса од варено јајце со бисквита и ја обозава до сега 2 пати и имам дадено уште неставено во кафез беснее хаха , но дали имате вие некој друг рецепт со зеленцук, овосје... Ако имате пишете ми ве молам Е сега еден совет -вие што планирате да си купите папагалчиња гледајте да бидат млади максимум 2 месеци стари за да имаат време да се прилагодат. Кафезот, БАРЕМ ЈАС, го чистам секое сабајле ГО ТРЕСАМ, МУ МЕНУВАМ ХРАНА, ВОДА, ВИТАМИНИ(сушено овошје), и секако цело време му зборам. Потоа за дресурата можете слободно да ја ставите раката на надворешната страна од кафезот или врз кавезот и да си читате книга или учите, после 3 дена слободно моѓете и да влезете со раката внатре и да го раните УСПЕВА 100% хаха... незнам што друго да кажам, ако имате нешто прашајте... И ВЕ МОЛАМ ОДГОВОРЕТЕ МИ НА ПРАШАЊЕТО... ПОЗДРАВ
Јас мислам дека мораш да имаш гнездо... т.е. да се развијат на темно место ПОШТО ВО ДИВИНА несат јајца во самите дрва во внатрешноста, како клокајдрвци се... види на ЈУТУБ имаш клипови СИТЕ СЕ ВО КУТИИ т.е. КАФЕЗИ... жално
Трол не е до полот туку до самото папагалче. Моето беше машко па питомо беше. Секогаш кога купувае папагал ставајте ја раката на кафезот. Така ќе знаете дали папагалчето е питомо или диво. Тоа што нема да се вознемири од раката земете го.
Не знам дали на прашањево овде му е местото, но се надевам ќе ми помогнете. Го купив папагалчето пред една недела. Сабајле кога станав забележав дека се тресе и е целото како подувано. Башка на моменти почнува да ја дига главата и како да има нешто во грлото, а потоа како да повраќа и од клунот испаѓаат парченца просо. Не знам што да му правам, а ветеринарен лекар немам блиску. Ве молам ако некој имал вакво искуство да сподели. Не сакам да ми умре папагалчето
И јас сум го имала овој проблем. Ветеринарпт ми кажа да давам капки за живина. Во аптека ги има. По 5 капки се ставаат во водата.
Сега си дојдов од ветеринар, му ставија некои белки капки во клунчето и ми рекоа до вечер и утре пак да му ставам. Се надевам дека нема да ми умре
Еве ме и мене овде во оваа тема Од вчера вечер си имам папагалче тигрица , машко е ... многу е мирно ме остава и да го галнам ... Ама цело време седи на нишалката ич се нема симнато од тука, и несака ни да јаде ни вода да пие, ме плаши ..Ме интересира колку време му треба да се адаптира за да почне барем да јаде и пие ? и кога да почнам да го пуштам да лета низ соба? ... Јас до сега немам чувано папагал па добро би ми дошло некој совет
Чувај го во кафез една недела. Несмее да биде на промаја, нека биде на некое ќоше, така нема да се плаши од луѓето, а и повеќе ќе се навикнува на вас ако од почеокот не му бидете преблизу. Не го бркај по целиот кафез за да се качи на прст, само треба да ја ставиш раката внатре и да бидеш стрплива. Така тој ќе се учи на мирисот на луѓето и на рацете. Гледајте да биде потивко во домот и пуштајте тивка музика. Така тој ќе се осмели да пее и ќе се опушти.
Вака, имам 2 папагали, ама и порано сум чувала уште многу. Неможам да ти одговорам за прашањето зошто не јаде, затоа што тоа е до самото папагалче. Мене малата тигрица ми седеше 24/7 на нишалката, но само 1 ден јадеше многу малку, после сфати каде му е храната и почна да јаде. А, за летање, треба да го пуштиш после најмалку 1 недела, за да го научи просторот. Ако го пуштиш порано може да не го знае просторот и да се исплаши или удри некаде. Немој да се грижиш и биди позитивна кога си со него, тоа му е најважно!