Имам PayPal сметка со верифицирана картичка од Тутунска банка ама до сега не сум користел paypal пошто сум немал потреба, користам други алтернативи пошто пејпал не дозволува примање пари, бар не од фирми и компании, а имам потреба од такви трансфери. Уште ти важи ова или не пошто одамна ти е пораката? Било како било, ако сакате размена на пари (вие мене на пејпал, а јас вас на рака (кеш кеш yeah baby ) или трансакциска (иако преферирам да го избегнам овој метод заради лични податоци )) слободно пишете. Услов е: одреден % провизија за услугата. Тоа обично би била мала и симболична сума како благодарност. Прифаќам трансфери во висина до 1000 евра. И не се зезам околу ова, ако имате пари на пејпал, а од xyz причини не сте во можност да ги пребаците на картичка и после извадите на банкомат... еве имате банкомат во мене.
Зошто не можам да отворам сметка на paypal? Уште на почетокот кога ги ставам првичните податоци ми вика дека не ми е целосна апликацијата.
Здраво, имам едно прашање. За да се креира профил на PayPal, дали мора картичката што ја користам да биде девизна ?
Незнам тогаш што се случува. Го пишувам бројот на картичката и не ми ја признава.... баш сега се обидував да креирам профил
Еве ова ми излегува: Card Number: You have entered an invalid or partial credit or debit card number. Please check your entry and try again.
Готовоо средив... се испотив малку ама се исплати Иначе имам мастер и имам пари на сметка.. И сега можам да си го користам мојот број што се наоѓа на картичкава за плаќање, така ? Извини, ти додевам и тебе... ама немам информации никакви :/
Не, го користиш PayPal акаунтот за плаќање, а со тоа автоматски се повлекуваат пари од твојата картичка.
Кога плаќаш со пп внесуваш само акаунт и лозинката од пп, ништо друго. Полесно здравје. И да не ти е картичката в џеб, можеш да ја празниш.
Дечки производот кој го нарачав од Алиекспрес не ми стигна и продавачот за да ми ги врати парите упорно ми пара Pay Pal број меѓутоа нити имам account нити имам намера да идам по банки да барам код и да ставам одреден износ упорно му кажувам на VISA сметката што ја имам да ми ги врати парите ама упорно ми бара и он Pay Pal број
Побарав од селерот( од Ebay) да ми ги врати парите на сметка, овој ми ги вратил на Paypal акаунтот. The seller refunded to your original payment method in PayPal. You don't need to return this item to the seller - you can keep the item.И ја пишува шифрата на трансакцијата.Кога кликам на неа ми отвара да се најавам на Paypal акаунтот.Јас немам акаунт, ниту пак се сеќавам дека сум правела. Може некој да ми го објасни ова?
Од скоро започнав да работам на интернет, исплаќањето се врши преку PayPal. Не поседувам кредитна картичка или било каква картичка за исплаќање во моментов, затоа ме интересира која картичка би требало да ја поседувам и од која банка за да можам истата да ја поврзам со PayPal и си ги извадам досега заработените пари, па и понатаму?