Имав нарачано два производа од два различни продавачи на Ebay, уште пред повеќе од месец дена. Со двата настанаа проблеми и откако контактирав со продавачите, за двата производа добив refund ама на PayPal сметката. Мислев дека автоматски ми се префрлаат на мојата од НЛВ банка, но ги немаше и пробав сама да ги префрлам и не успеав, ама проблемот ми е што во состојбата на Paypal ги покажува плаќањата за двата производа како и истите вратени пари за истите а во Balance на сметката ми е 0 USD. Пробав и да порачам друго од Ebay за да не ми пропаднат парите, но не сака да се купи, не ни ја одбива трансакцијата туку вели дека има некоја грешка, да се обидам повторно и така за секој производ што се обидов. Помош како да ги извадам парите, или во друг случај како да ги препотрошам?
Дали на пејпал мора лично твоја сметка од банка да ставиш за да повлекуваш пари или може пример на сестра ми сметка да ставам бидејки јас немам сеуште сметка во ниедна банка? или мора јас да си извадам па да ја поврзам со акаунтот?
На e-bay без проблем ми вратија пари за производ кој никогаш не ми стигна. Но сега од али експрес ми праат проблем демек пејпал не ми била точна и дека од Македонија можело само да се плаќа но не и да се примаат пари. Се разбира ли некој убаво со ова да ми објасни да даде совет? Не сакам да ми пропаднат парите така негде $30 треба да ми вратат
Имам едно прашање, ако знае некој да ми одговори. Вака, дали може преку еден акаунт на PayPal да се пратат пари на друг PayPal акаунт и да се подигнат?
кога ја поврзав сметката на пеипал ми земаа110 денари од сметката знам дека после тоа ги вракаа ама кај мене и после месец не се вратени чаре?
Здраво. Може да се направи но не во Македонија. Тука таа опција сеуште не е рализирана. Баш ова и ги прашав Pay Pal. И тоа ми го одговорија, дека се трудат максимално нивните услуги да бидат во полност достапни во Македонија но сеуште не е дојден моментот, нешто со такви зборови ми пишаа. Инаку корисничката поддршка им е фантастична. Еднаш им пишав дека неможам да купам производ од Ebay и дека ми јавува грешка и наредниот ден телефонски ме бараа и неколку пати така разговаравме. За учтивоста на нивните агенти немам зборови. Слободно пиши им што и да те интересира. Мислам дека политиката им е да дадат одговор за 24 часа.
Дечки, извинете ако прашањево се повторува по 100 пати на форумов (иако не најдов такво прашање), ама не можам да најдам точни информации никаде. Некаде читам дека Пејпал не функционира кај нас, па ме интересира дали со пејпал може само да се купува онлајн или може да се вадат пари од акаунтот?
Kakov vi oblikot na PayPal koga kje go otvorite ? So plava pozadina, ili kako na videoto sho e objaveno na youtube?
Се информирав од сигурни извори, пари да вадиш преку пејпал не можеш, ама кога ги имаш на сметка можеш да ги трошиш за онлајн. Исто така можеш да ги извадиш пример во Албанија, ќе отвориш пејпал од Албанија и ќе ги извадиш таму
за потврда на картичката преку PAYPAL ми бараат код од 4 бројки.Кај треба да ги добијам бројките? помош