1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Peacocks

Дискусија во 'Мода и стил' започната од kiddie, 24 јуни 2011.

  1. kiddie

    kiddie Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    здраво девојки :)
    забележав пред некој ден дека на местото на кадешто беше теранова се отвара нова продавница за облека "Peacocks", а теранова се поместува во истиот трговски само подолу (заедно со калиопе?)..
    па сакав да ве прашам дали некој има купувано од оваа продавница во странство, каков е квалитетот, како се движат цените, за која возраст е наменета облеката, дали има асесоари, чевли, бикини и сл.
    можеби каснам, можеби веќе продавницата е отворена се извинувам ако е така :lol:

    ако веќе некој ја има поставено тргнете ја или избришете ја (бидејќи сум нова не знам што им се прави на веќе поставените теми хаха :$ )

    чиао девојки :)
    P.S. http://www.peacocks.co.uk/ - линк од официалната страна на продавницата и според тоа тука што го видов има убави парчиња и ефтини истотака :D
     
  2. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Денес се отвара Peacocks после ќе одам да видам што како има и ќе ви кажам :D
     
  3. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    баш ја видов продавничката ама не успеав да влезам. друг пат =)
     
  4. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Обавезно да отидете кога одите на шопинг. Јас отидов и се изнакупив. Леле, какви убави пижамки има! И долна облека. Ма се. И квалитетно е. А и цените се прифатливи. :)
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Јас денес бев и баш и немаше некој избор, мн малце работи имаше...
    И тоа се беа некои обични маички во дречливи бои...
    Само едни пижами ми се свиѓа.
     
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ма се е испродадено..
     
  7. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Веројатно е распродадено. Јас кога бев имаше доста избор.
     
  8. Mrs-Crawford

    Mrs-Crawford Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Јас малце каснааам со погледов на темаваа но се случува. :))
    Утре ке поминам воо оваа продавницаа и баш ме интересира дали има избор и нови парчиња облекаа и дали нешто ке ми фати око уопште ;)
    Аа дали некој знае да ми каже точно на кое место сега е Terranova во ГТЦ Или пак е на местото каде што беше Caliope???
    Фала однапред . :))
     
  9. EdithPiaf

    EdithPiaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    74
    облеката во пеацкоцкс не е квалитетна според мене, имам купено некои работи одамна затоа што имаат ефтини цени. имам една кошула на која што бојата и обеле малку уште при првото перење. ташната ми траеше цела година . едни фармерки имам кои што уште ги носам .
    не дека пеацкоцс се лоши , ама пошто прашувате за квалитет ви казувам ..инаку цените се ниски .
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Теранова е во Сити Галери горе, а на местото на Калиопе отворени се Фиорела и Мотиви (за Мотиви ако добро памтам) уште пред да ја затворат Теранова :)
     
  11. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Многу глупости има. Пред да се отвори ми изгледаше ко да ќе има нешто асално ама кога влегов ТАПА. Пола роба ми личи ко од пазар земена. :worried:
     
    На Rock-a-Fella и t.i.n.k.e.r.b.e.l.l им се допаѓа ова.
  12. Mrs-Crawford

    Mrs-Crawford Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2


    Фалаа за информацијатааа :)) :*
     
  13. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    јас бев неколку пати и си купив само едни балетанки, другите работи не ми се допаѓаат нешто посебно а и скапички се, и сеа пред некој ден бев ама скоро да немаше ништо.
     
  14. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Се согласувам, многу обични работи а прилично скапи, барем за тие пари по Мотиви ке си купам нешто мн мн поубавоо!! Инаку брат ми пробуваше фармерки и нзз ко демоде се едната ногавица потесна, др модел со ист број а не одговара,,,, :/
     
  15. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Дали утре работи теранова?
    И дали тое пикокс како и да беше,што е сега на местото на теранова е слично со тер.?
    Дали ги има приближно истите работи,и кое е подобро?
     
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мене облеката, како модели и парчиња, ми се допаѓа.
    Специфични се, не за сечиј вкус, некако позрели и покласични се. Квалитетот на материјалите е со среден стандард и веројатно затоа си држат цени.
    Не очекувајте детски и тинејџ парчиња, памучни маички од 200 денари и дезени со цветичи и машнички.

    Има претежно класични, Џеки Кенеди стил фустанчиња, што мене страшно ми се допаѓаат, а на попуст се под 1000 денари. Истото важи и за кошулите.
    Имаат и добри чевли, соленки се, ама претпоставувам дека на попуст би требало да се спуштат.


    Едни штикли ги меркам уште пред месец дена, не се спуштени на попуст, а на официјалната страна се спуштени на 12 евра. Сакав да ја прашам таа девојката на каса дали воопшто ги пратат официјалните попусти или прават како им текне !?
    Изгорев по чевливе, ама за инат само тие не се намалени :sweat:
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    И јас меркам едни многу убави штикли, цигла боја. Не се прескапи, ама зашто да не си ги земам на попуст :)
    Јас сум изненадена од цените-си купив многу слатко венче за 130 денари, УГГ за 800 :o И ова не е на попуст.Цените им се горе-доле навистина пристапни.
     
  18. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Од оваа фирма ми се допаѓаат пиџамите, ептен се супер и бањарките, некои папучи по дома, фармерки не сум разгледувала, маиците горе доле има нешто убаво, но повеќето се класика што мене не ми одговара, така да Пикокс го посетувам на поминување кога пазарувам во Теранова, таму наоѓам многу повеќе работи по мој вкус.
     
  19. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Мене ми се допаѓа, има прекрасни кошули, панталони, сукњи, па и фустан се наоѓа. Накитот е убав а евтин, вешот не е квалитетен ама ич, а ташни, марами и слично, исто преубави. Имам панталони, шорцеви, кошулчиња земено... Не е Теранова стајл продавница (фала богу), знам да ја ископам убаво и да си најдам ептен добри парчиња. Ја сакам продавницава.
     
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на салонките, цигла, бордо боја, ги нема тие веќе. Пред два дена бев.

    А накитот им е на средина со цените. Има на пример обетки по 200 денари, ама не се ништо посебно. Посочив едно ланче преубаво, а тоа е 1000 денари.
    Така да, варираат со цените, некои работи им се преценти, некои не.
    Долниот веш е катастрофа.