http://www.imdb.com/title/tt2628232/ Превземено од форум Кајгана , член Drain Можам комотно да си кажам дека си најдов нова зараза ! Серијава е ептен добра , досега се излезени 4 епизоди , премиерно се емитува во Недела , достапна за симнување во Понеделник , со одличен квалитет на снимка ја имате на http://kickass.to Дали има некој феминка што ја гледа серијава ?
До толку не можеше самата да напишеш вовед од твоја гледна точка за серијава? Барем кога отворате тема за нешто што го гледате да напишевте нешто свое.
Јас ја следам од самиот почеток. Многу и' се радував, премногу, за на крај да ме тресне од земја, онака сочно. Не знаете со колкав ќеиф ја примив информацијата за втора сезона, сега си викам подобро да ја укинат, ако некои работи не се разрешат вечерва, во последнава епизода. Баш сакам да видам како ќе биде финалето, со оглед на тоа дека сум благо речено- разочарана, од последниве епизоди. Не знам дали е само до мене, ама многу ја маткаат бе луѓе, премногу. Океј, не велам дека дејството не е интересно, сеуште ми фаќа око, ама понекогаш едвај го чекам крајот, од толку што се мачам со гледањето. Нафрлаат работи, а тапкаат во место и ништо не се решава. Има солидна екипа, одличен кастинг (заљубена сум во Ева Грин, еден погрешен збор and i am getting quite sentimental). Ликовите се добро изградени. Не можам да најдам лош лик, преку Ванеса, Малком, докторот, Итан, до Дориан, Брона, чудовиштето, се' се вклопува во приказната. Сценографијата е beyond words, заедно со костимографијата, па и шминката, комплетно го портретира Лондон во деведесеттите години на 19ти век. Се ежам од музиката. Ама, ја маткаат, во тоа е проблемот. Знаете дека театарот каде што се изведуваа сите претстави, каде што работи чудовиштето на Франкенштајн е всушност специјално направен само за потребите на серијата? Да се навратам на епизодите. Сеуште не можам да ја извадам од глава втората епизода, Séance. Ева мори! Маестрална глума, мајке ми. Closer Than Sisters исто така ми остави впечаток. Последнава, Possession, беше добра, ама искрено, некако очекував повеќе. Се надевам дека ќе онемам откако ќе го изгледам финалето, во спротивно, два пати ќе размислам пред да почнам втора сезона. Спојлер Мина и не верувам дека ќе ја најдат сега за сега. Многу сакам да го видам портретот на Дориан, ме копка од внатре каков изглед доби после сексот со Итан и Ванеса За невестата на чудовиштето, логично ми изгледа дека тоа ќе го остават за втора сезона, макар што ако Франкенштајн започне со креирање уште сега, нема да биде лошо. Се' си викам дека оваа Брона, ќе скине конци уште малку, кај и да е, ако не сега, во првите епизоди наредна сезона, сигурно. Читам секакви теории, Итан врколак, океј јасно ми е тоа, ама дали некако пренесе и на Брона после оној сигурен бакнеж во What Death Can Join Together, не ми е јасно. Ако е така, повлекувам зборови дека ќе умре од туберкулозава. Толку засега. Ќе пишам деновите за финалето. Се молам да не се разочарам, сериозно. Едит: Спојлер Отварам почетна, известување за вечерашната епизода со слика од Франкенштајн. Ако сеуште го тупат со неговото минато, или на чудовиштето, сеедно, кревам раце после ова. Мислам дека доволно внимание се посвети на тоа. Buuuuut, ако е нешто со невестава, едвај чекам
Во глобала сум задоволна од целата серија. Влегов со високи очекувања, на моменти бев разочарана, ама после оваа епизода, дефинитиво ќе ја продолжам од следната година. Ако го изоставам делот при кој приказната и дејството течеа малку бавно, останатото беше одлично сработено. Сфаќам дека започнав со гледање поради Ева. Еуфорија ме имаше зафатено неколку месеци пред премиерата, а само ден, два пред истата започнав со пребарување на информации за целиот проект, затоа што немав врска за што ќе биде истиот. Приказната е добро разработена, добар потек е тоа што Логан ги има вклучено и ликовите на Франкенштајн, Дориан Греј и Мина од Дракула. Сепак, мене лично, најдраги ми оставуваат Ванеса и Итан. Само што започнав со гледањето на последната епизода, разрешавањето на работите ми доаѓаше сосема природно. Почнаат да се враќаат во колосек, конечно. Се' се разреши некако на брзина, вчера немаше да ми падне на памет какви ќе бидат финалните сцени, ама денес само што започна епизодата, ми стана јасно. Спојлер Уште кога актерката го оттурна чудовиштето, стана јасно дека Брона ќе биде невестата. Не знаев како ќе го изведат тоа, но кога влезе Франкенштајн во нејзината соба, се знаеше дека вака ќе биде. Тоа со вампирот и тие вештерките, или како и да се викаат, ми беше скорз безврска, можеа да го направат и подобро, вака дојде премногу клише. Со Мина исто така беше лесно предвидливо, уште кога на почетокот Малком рече дека или ќе ја пронајде и спаси или ќе и' ги скрати маките. Само многу ми се допадна делот кога и' рече нешто во стилот: "I already have a daughter." Дефинитивно после ова, врската помеѓу Ванеса и Малком никогаш повеќе нема да биде иста. Проживеаа толку многу заедно, а притоа и надминаа се'. Ако ликот на Дориан нема повеќе што да понуди, подобро да го укинат. Мајке ми, па подобро Карни ќе го гледам на слики отколку да ми се шлепа овде безврска. И дај веќе еднаш нека му ја средат таа фризурата, ми доаѓа со ножици да влезам преку монитор. Спојлер Ааа, не, не. Пред да го прекинат, да се покажи портретот. Инсистирам Веројатно тоа е тоа. Па ајде, од втора сезона натаму, темава да не стои со само една испишана страна.
Мене премногу ми се допадна! Прекрасна серија е - интересна приказна, мрачна викторијанска атмосвера, мистериозни и комплексни ликови, пресврти и шокантни откровенија, еротика и макабра во едно. Серијата изобилува со преубава костимографија, раскошна сценографија, ефектни дијалози. Особено ми се допадна што дел од ликовите се превземени од литературата и ми беше предизвик да гледам како нивните приказни оживуваат на поинаков начин. Едвај чекам да ја гледам и втората сезона!
Ја изгледав минатата недела, секој ден по една епизода. Имам поделено мислење. Добра актерска екипа, и навистина ми се допаѓа глумата на сите. Фасцинирана сум. Бев скептик дали да ја почнам, но, морам да признаам дека ми го привлече вниманието. Она што не ми се допадна е тоа што премногу урбани легенди собрале на едно место, и вампири и врколаци.. се некако на едно место. И да, не сфатив која е улогата на "Франкештајн", веројатно во 2 сезона некои работи ќе се разјаснат поише. 8мата епизода, воедно и последната за 1ва сезона, ми беше прилично досадна до самиот крај.. крајот како и секогаш е најава за она што треба да го очекуваме во наредната сезона. За сеа ми ја одржува заинтересираноста, и ја чекам наредната сезона.
Серијава е бомба! Обожавам кога има многу настани во серија/филм што ги гледам. Просто, да не можеш да кренеш глава, да ти држи внимание. Богами, морам да кажам дека 1-2 епизоди ми ја уништија психата и 2 дена не можев да се опоравам. Се' тоа благодарение на добрата глума на Ева Грин. Страшно! Едвај ја чекав втората сезона и s02e01 ја изгледав уште пред премиерно да излезе на 3-ти мај, па си ја чукав главата од нетрпение да излезе втората епизода. Вечерва ја гледам, па ќе коментирам. Ајде и другиве нека се активираат. Серијава е една од најдобрите во последно време!
Guys, anyone? Новава сезона е во тек и е подеднакво добра како и претходната. Не ни можев да замислам дека Ванеса е толку комплексен лик. Ако гледа некој, да коментираме.
Anyone? Или сама да си коментирам ? Уште малце завршува вторава сезона , и можам да кажам дека е многу подобра и помрачна од првата !
@black-angel Еве ме, еве ме . Не знам што ќе правам кога ќе заврши серијава . Инаку, бидеќи нема некој посебен интерес за истата (навистина не знам зошто), има ли потреба во спојлери да ставаме? Многу сум возбудена од тоа како се одвива приказнава во втората сезона. Како се објаснуваат минатата на ликовите, колку комплексен лик е Ванеса, што се' случува со мадам Кали... Инаку, не можам сеуште да разберам зошто Итан не сака да и' открие на Ванеса дека е Lupus Dei? Што чека уште, побогу? Сембене ми е одличен лик, само ми е жал што не ја разработуваат неговата животна приказна. Е сега се прашувам што ќе биде со Ванеса (која, патем, не ја покажаа воопшто во 8-мава епизода), бидејќи за да го убие големопоседникот (како и да се викаше), се послужи со книгата која требаше да и' биде последна опција. Во тој случај сосема се оттуѓува од Господ, но како сето тоа ќе изгледа... На Франкенштајн мислам дека му се ближи крајот после она што го видов во последнава епизода. What a creepy ending!!!! Од глава ќе му се удри тоа што сам го создаде. Со Доријан Греј сеуште не сум на чисто, иако неговата приказна воопшто не ми е вишок, како што повеќето ја доживуваат. Баш интересно е испреплетено се'. Ајде засега толку. Ќе чекам да пишеш, па да дискутираме.
Hello friend Мислам дека не ни требаат спојлери , колку што можам да видам редовно ги гледаш па и јас , ќе си дискутираме сами Сторијата на Ванеса ме напотресе искрено особено делот кога ја погубија старицата И уште не разбрав зошто го одби Итан ? Имаат голем набој меѓусебе , кај и да е мислам дека ќе ги направат новиот пар , или тотално ќе ја спукаат бидејќи Ванеса се служеше со книгата па го уби типот . Мислам дека ни Итан незнае дека е Hell's Hound / Wolf само знае дека нешто чудно му се случува ! Мадам Кали не очекуваше дека Sir Малком ќе ја тргне клетвата или што и да му направи и мислам дека да не беше Сембене отиде и он во неповрат ! Мислам дека Кали ќе ја убие ќерка и чисто за превласт. Ми изгледа дека приказната за Сембене е дека е God's Warrior , белким во трета сезона ќе ја разработат и неговата приказна , доста комплексно изгледа . Виктор очигледно не гледа што чудовишта создавал , искрено Лили ме изненади како го затепа Клер онака машки ако тргне Виктор по Ванеса и Итан мислам дека ќе преживее и нема да се врати во Лондон. Доријан и Анжелик - ов мене ми беа баш симпатични , ама на кра се покажа кое ѓубре е Доријан , и конечно ја покажаа сликата , според мене одлично е направена! Баш ме интересира Лајл на чива страна ќе застане , некако цело време и помага и на Кали и на Малком , или ќе го утепаат и него Дефинитивно крајот на епизодата им беше добар ! Нема лоша епизода во серијава , и ниеден детал не е ставен беспотребно. Јас се распишав sorry
Да, тоа со старицата беше потресно. Иако, морам да ти признаам дека во прва сезона имав неколку такви моменти, каде буквално сочувствував со Ванеса. Мислам дека во 2 наврати, кога ги доживуваше тешките кризи, ако се сеќаваш. Стомакот ми се превртуваше и цела бев во грч со тие епизоди, страшно ги глумеше тие моменти. Тука се гледа колку еден глумец е добар глумец - кога ќе допре до тебе до толку, да се ставиш на негово место, да се исклучиш од реалноста. Е сега, зошто не прават ништо со Итан, а има сексуална тензија меѓу нив? Мое мислење е дека тогаш Ванеса не може тие нејзини внатрешни негативни сили да ги контролира. Ако се сеќаваш од минатата сезона, кога имаше секс со Доријан Греј: прво, при самиот чин како да не беше при себе, а потоа западна во тешка криза. Како да ја губи контролата над себе и својот ум тогаш и нејзините „демони“ ја проголтуваат, почнуваат да доминираат. Е сега, што ќе биде понатаму со Итан и Ванеса е веќе непредвидливо. Шансите се 50:50. Дали Итан знае дека е врколак? Па јас мислам дека имаше некои сомнежи кои, по таа ноќ во синџири што ја помина, Сембене му ги потврди. Ако добро се сеќавам, Сембене знае што е Итан, а и самиот Итан сега знае, штом таа вечер во колибата со Ванеса, на полна месечина замина и ја предупреди. За Мадам Кали не знам што да кажам. Знаев дека нешто не е во ред со неа уште од прва сезона кога се сретна со Ванеса на тоа дружбата. Сега кога ја разоткрија, се прашувам само што е следно со неа. Всушност, испадна дека мадам Кали е сестра на старицава кај која беше Ванеса. Како и да е, додека Ванеса е во колибата, на безбедно е, бидејќи, нели, уште тогаш кога Кали сакаше да стигне до неа - не можеше, под заштита е. За Лајл и јас сум збунета. Мислам дека се труди да им помогне на Малколм и компанија, ама од пусти страв од Кали, исто така е и на нејзина страна, Но после она во последнава епизода... Хммм... Ќе видиме. За Виктор си во право. А за Лили и јас подзината гледав. Тоа беше страшно. Не ни насетував дека знае нешто, искрено. Се прашувам само што би било помеѓу Лили и Доријан и дали нешто би му се случило на Доријан, бидејќи видовме дека Лили има афинитети кон убивање. За Доријан и Анжелик - можеби ми олесна што ја/го уби, затоа што малку језиво ми беше да ги гледам. Мислам, не се бунам за секс-сцени и се', нема гајле, ама ова беше премногу експлицитно како за нешто помеѓу двајца мажи. Сликата - да, многу интересна, признавам. Апсолутно се сложувам дека нема ништо вишок во серијава. Секоја епизода возбудлива, кога има слика - една слика, илјада зборови. Кога има монолзи/дијалози, секогаш се интелегентни, со длабока суштина. Обрнувано е внимание на секој можен детал, се' е breathtaking. Најмногу од се' ми се допаѓа што е непредвидлива серијава! Тоа ретко може да се постигне. Нема епизода до сега што ми била досадна. Ниту една! Се распишав и јас, ама има доста за коментирање.
Мислењава ќе ми бидат едно после друго, ама долго чекав некој да пише, па да си кажам што ми лежи на душа. Се надевам никој нема да ми замери, а ако не - нека биде избришано. Заврши втората сезона од серијава. Морам да признаам дека беше мноооогу јака сезона, непредвидлива, полна со изненадувања, интриги, замки, искушенија, симболики, случки... Последнава епизода беше многу лирична, трогателна, во исто време и моќна и језива. Ми се допадна што последната епизода беше комплетна разврска и не не' остава до идната година да мислиме што ќе биде со некој од ликовите. Вистинско заокружување. Секој од главните ликови си го зазеде местото кое му припаѓа, сите се разотидоа на различни страни, обвиени секој со својата болка. За Сембене ми е исклучително многу жал, беше прекрасен лик и се надевав дека ќе ја презентираат и неговата приказна. Со оглед на тоа што сега сер Малколм се враќа заедно со неговото тело во Африка, можеби во следнава сезона ќе ни прикажат што некогаш се случувало. Итан го враќаат назад во Америка. Се прашувам зошто толку многу сака да избега од таму и зошто таа одбивност кон татко му? Г-дин Клер замина далеку од цивилизација, Лили и Доријан се здружија и сигурно ќе има нови походи, Виктор западна во депресија, а со Лајл не знам што ќе биде. Ванеса се затвори во куќата и се откажа од својата верба во Господ, по соочувањето со Луцифер. Се прифати таква каква што е, а во што ќе се претвори иднава сезона - едвај чекам да видам. И да не ја заборавиме малата расипана вештерка Хермиона, која се извлече од тој хаос во замокот на мадам Кали, за која, патем, дури и жал ми падна на крајот. Се' на се', одлична сезона, а следната мислам дека ќе понуди уште поголема динамика, ако е такво нешто возможно, со оглед на тоа дека серијава е веќе и повеќе од динамична. @black-angel, огласи се кога ќе можеш.
Јас малку каснам и со гледање еве ме ја довршив цела сезона и можам да кажам дека е мнооогу подобра од првата сезона ! Ајде да си фатам со ред : Сембене - зашто бре го утепаа ! Ликов ветуваше премногу и можеше да се разработи до крај , интригантен беше во секој случај ! сер Малколм - му остана да направи нешто хумано , и конечно една разумна одлука донесе , за разлика од одлуките околу неговото семејство Итан - слабост имам на човеков и многу ми е криво што го депортираа , се надевам ќе ја докажат приказната иако е назад во Америките Г-дин Клер - тотално мутав и до негде непотребен исфрустриран лик Сепак не заслужи да го пикнат во зандана , се надевам помалку ќе го даваат наредната сезона Лили и Доријан - е овие ќе бидат the thing ! Мислам дека ќе прават проблеми низ Лондон , нема да биде исто , посебно со нивниот апетит за убивање Виктор - исто ко Клер , тотално ми е одбивен и некако сакам да го утепаат или да го пратат негде , да го не гледам Ванеса - испадна херој и за жал на крај остана сама во големата темна куќа .... се надевам дека ќе ја врати верата , и ќе прекине сатаната да ја брка ! Најубава сцена ми беше со Итан и со дечињата , некако преубав пар ми се ! И се надевам дека ќе ги спојат ! Мислам дека и приказната ќе се движи околу малото вештерче , она ќе прави сплетки ! @Lady Phoenix about S03 http://www.ign.com/articles/2015/07/06/penny-dreadful-creator-breaks-down-the-season-2-finale
Прво да се поправам, малава вештерка се викаше Хекати, а не Хермиона. Кога видов што сум пишала, ми се стемни. @black-angel, сосема беше во право за неа. Претчувството не те излажало. Инаку не сакам да загине веќе ниту еден од карактериве, па дури ни овие кои се по малку антипатични, зашто ми се како сложувалка во која секое место е пополнето. И мене ме наежи сцената со Ванеса и Итан како семејство и мислам дека така и ќе завршат. За Сембене срце ми се кине, ама се надевам дека со негово „враќање“ во Африка ќе се прикаже нешто повеќе и за него. Ева е беспрекорна како Ванеса, ќе кажам уште многу пати! Инаку, баш го читав текстов од линкот што го постави. Очекувам динамична 3-та сезона, која ќе се одвива на различни фронтови. И ми се допаѓа што дојде до вакви пресврти, искрено. Како и да е, ќе се најде начин сите да се соединат пак на крај, сигурна сум. Како и да е, Ванеса доби само една битка од војната со Луцифер, таа работа не е завршена, а сега мислам дека и нови „демонски сили“ ќе се појавуваат, затоа што ќе имаме различни приказни, на различни места во светот. Ќе биде многу возбудливо. Не знам што ќе се прави цела година.
Небитно како и да се вика вештерчето јас си ја крстив Ако не ги спојат Ванеса и Итан ќе им протестирам ! Село весело ќе биде , ама ја снимаат дури март-април , така да датум на премиера нема уште !
втората сезона во серијава ми беше досадна, но првата и последнава беа топ, искрено не ми се допагаше крајот требаше Ванеса да остане жива и баш ми е криво што заврши така и можеше подруг пресврт со Дракула, али последнава сезона им беше одлична
Пред некој ден ја завршив и уште сум под впечатоци, па да ги споделам во темава Не сум ни фан на хорор филмови (поради што некои моменти и сцени ми беа малце прекрипи и интензивни за гледање, but it was sure worth it ), но серијава ме привлече поради (покрај Ева Грин во главната улога) оживувањето на познати литературни ликови и приказни - и сосема ми го задржа вниманието и ме воодушеви. Најмногу ме воодушевија дијалозите, тоа што цела серија изобилуваше со длабоки и meaningful дијалози, како и референци од познати поети. Костимографијата, музиката, локациите - со сето тоа беше маестрално претставен мрачниот шмек на викторијански Лондон. Одлична глума, Ева во улогата на Ванеса - фантастична... перформансот во оние неколку епизоди кога беше во фокус нејзината внатрешна борба меѓу доброто и злото, не можат да те остават рамнодушен. Сите карактери беа несовршено претставени преку натприродните елементи, исто така и женските ликови беа доста јаки посебно како за тоа време - Ванеса како главна комплексна хероина, исто и Били Пајпер како Брона/Лили (иако на еден скроз радикален и twisted начин во склоп со нејзината трагична и сурова приказна, кој не треба да се поистоветува со феминизам, посебно денес). Од литературните ликови Доријан ми беше некако нај lame, а и др. Џекил требаше повеќе да го разработат, но сепак во глобала беа на добар и креативен начин поврзани сите тие урбани легенди. Финалето ја заврши приказната на Ванеса на начин соодветен за ваква мрачна gothic приказна, беше многу ефектно и меланхолично посебно со осаменоста на чудовиштето на Франкенштајн (кој беше патем најтрагичен лик) и поемата што ја изрецитира, но сепак остави неодговорени прашања за останатите ликови. На крај секако ме разочара фактот што е една од многуте откажани квалитетни серии, после само 3 сезони
Екстра серија, се пореметив гледајќи, се изнаплакав коа the creatur си го најде семејството. Екстра лик, интересен, ко и другите. Доријан...не можеле поинтересна фацка да најдат. Многу ми се свиѓаше. Еден момент..шо мајка бараше иконата над креветот у куќата на вештерката) толку православен елемент))
Предобра серија. Одличен спој на романтичатски и готски книжевни ликови. Една од ретките хорор серии што навистина ме воодушевиле. Глумата е фансцинанта, особено главната актерка . Ја изгледав пред неколку месеци за рок од недела-две. Препорачајте ми некоја вака добра серија, не мора да е хорор како оваа, да не е површна и лесна.