И јас го мислам тоа дека уште дуќани се затворија. Ама, ете можеби овој пак ќе му ја дигне популарноста.
Значи таман, да изнакупиме пред Велигден еден куп работи што реално не ни требаат. Мене баш ми се допаѓа Pepco, а не дека сум купила којзнае што - некакви работи за дома, најчесто кујнски работи и шолји за кафе. Со облека немам искуство. Нијанса е подобро од Sinsay и екипа, барем за мене.
Во јуни ќе се отвара, сега прочитав. Се надевам дека ќе има поголем избор, зашто во последно време во Ниш и во Врање ништо посебно не ми фаќа око. Викендов бев, претежно имаше велигденски декорации, слични како во Синсеј и Џамбо. А иначе знаат празнично да извадат добра колекција, Валентајн колекцијата им беше интересна. Овој пат слабо, освен филџаните ништо друго не ми фати око, па си купив колку да не искочам со празни раце. Облека таму не сум нашла по мој вкус, секако само декорации и тракатанци купувам. Би рекла дека за облека за мали деца и бебиња подобар избор има, за возрасни тапа е.
Каде и кога ќе биде отворен? Не дека ми е којзнае што, кога одам во Врање често влегувам и најчесто купувам ствари за низ дома. Ова ми е како Синсеј. Алишта за малечки женски има избор.
Средината на Јуни кон почетокот на Јули ќе бил највероватно отворен. Ќе го има во скоро сите градови и во Ист Гејт. Баш како Синсеј ќе биде, конкурент.
Во Ист Гејт не знам каде ќе биде ама продавницата во Рамстор е веќе скоро спремна за отворање. Брендирана и веќе ја полнат со роба.
Во Ист Гејт највероватно ќе биде кај Крусел кај шо беше оти Крусел го зарворија, голем простор е, долу кај Тинекс маркетот и Јуск. Тука спремаат мајстори нешто.