Не, како Синсеј е исто. Исто смрди на кинеско. Само има повеќе работи за дома, барем таков е мојот впечаток. Се исплати за облека за мали деца, макар една сезона да ја носат. Друго не сум купувала.
Исто ќе е како Синс. Исто и Пепко е полски бренд како Синс, али океј нека има конкуренција за цените.
Под иста групација се. Не можат да бидат прави конкуренти. Почнаа да ставаат ствари на вебсајт. Цените се исти или со разлика од неколку денари.
Не се баш од иста. Иста е земјата на потекло само Pepco е дел од некоја Pepco Group групација а Sinsay од LPP групација која го поседуваат и Cropp, Reserved итн.
Првите неколку пати откако дознав за оваа продавница ми беше интересна. Во последно време нешто и не ме воодушевува баш. За дома има убави работи и може да се најде некоја ситница, дали било за во кујна или пак декорација. Сезонски стварчиња вадат убави. И не се скапи стварно. Што се однесува до облеката, не ми се допаѓа. Премногу бејзик и секојдневни работи, нема ништо интересни. Ни ташните не им се убави. Евентуално некои пижами да се најдат за по дома. Ќе видиме како ќе биде кај нас. Прво нека пројде гужвата, нека се истепаат таму ко да не виделе па после месец од отварање може да се помине.
Епа, се помешале тие кај што прочитав. Ама, дефинитивно нема да има некоја разлика во понудата бидејќи нудат исти ствари по исти цени.
За квалитет за облека според мене Пепко се покажал доста подобар за разлика од Синсеј,за детска облека посебно,хеланки,маици,фустанчиња не мрднале во перење за разлика од Синсеј кои се малце со послаб квалитет во однос на материјалите..