Мене па од Пепко тоа што сум зела не ми се погоди. Комплет тренерки за малово одма се собраа по перењето и крути станаа, тренерки на мм цели со упки и се скинаа за брзо, од Синсај пак имам работи што со години траат.
Хајп за Пепко сеа, возбудени превозбудени сите За шо? За пртали возбудени. Можам да замислам кои гужви ќе ги има на отварање
Имаше преска кратко видео видов на инста, наредени набутани чекаат да влезат, мислиш денес го има само и толку веќе
Дали сериозно луѓето се возбудени за отворање на продавница во која нема ништо ново и невидено па дури и се туркат на врати продавницата ќе работи и утре и секој ден нареден
Пуканки, лижавчиња, балони, колачиња тоа видов Види на инста на профилот на Капитол. Во таа турканица, гужва и бебиња во колички уште однеле.
Ако навистина асортиманот е како во Синсеј(или сличен) тешко дека ќе влезам. Оф топик, редно време е ИКЕА да отворат кај нас.
Бев вчера во Капитол и се качив до горе до Пепко најмногу заради евтините занимации за деца, во Србија имаа многу евтини пластелини, боенки, колички, си реков набрзина ке земам и бегам. Па на каса имаше, да не претерам ама 50 луѓе сигурно и си искочив. Вечерта пак ама со кола на брзање бев, едвај најдов паркинг, нагоре река од луѓе идеа, дотерани жени, групирани и сите во Пепко, имаше уште поголема гужва. Не знам што е хајпот стварно, не им е квалитетна облеката.
Јас не знам зошто вака хејт коментари за Пепко и слично,нека има повеќе пристапни дуќани каде што може луѓето да купуваат ,мирисало вака мирисало така... треба да сме задоволни што има нешто ново по градовите,грците и србите сигурно не го плукаат Пепко како тука по коментари.
Вака кога ве читам, човек да помисли дека сме елитна економија, па евтиниве продавници ни се навредливи Не мора да ги посетувате, ама па ваков хејт.... не знам што да кажам. Пепко е супер, евтина со супер избор (според мене) особено за домаќински, секојдневни работи. Детево кога беше помало, 80% облеката од таму и ја купував, за ич пари, а се покажа како супер квалитет. За Икеа па ич не сакам да зборам. Ама ај.... нема да имаме ние уште долго прилика да ја хејтаме вака, пошо не верувам дека во скора иднина ќе се отвори кај нас
Пепко моментално главна атракција кај нас. Пред малце поминав од Рамстор па гужва и чекање на ред на каса ко без пари да даваат. Немам нешто купувано од Пепко многу еднаш од Врање и еднаш на Златибор, вака ок ми се виде за разлика од Синсеј има поголем избор за дома и занимации/играчки за деца. Од тоа што видов ок им беа цените не беше скапо ама гужвата ме предомисли и не купив ништо. Здравје ко ќе пројде хајпот ќе отидам натенане да пазарам.
Не може да е толку популарна во Европа, а да има лош квалитет на облека. Не верувам ни за бебиња и деца дека е лоша облеката. Можеби си купувала поскапа и многу квалитетна облека до сега за децата, па сега ова ти направило голема разлика. Јас често кога одев во Србија и Грција, купував од Пепко различни работи и задоволен сум бил секогаш.
Не се сеќавам дали сум купувала облека од Pepco, но работите за низ дома баш ми се свиѓаат. Јас за вакви ситнурајќи за по дома одам во дуќани од овој тип, тие ми се поинтересни од облеката. Имаше ептен долга редица на каса, па само разгледав набрзина што има. Нормално дека пикирав и по нешто за купување, ама ќе наминам кога ќе се растерети гужвата.
Навистина зошто толку хејт за Пепко? Сум купувала од српскиот и бугарскиот, претежно ситнурајки за по дома (се јави зависничката од чаши). Има секакви тракатанци, за алишта како што гледав имаше сешто по некои симболични суми. Валентинската колекција им беше топ, маичиња, пижамчиња, перничиња, за низ кујна додатоци и си купив по нешто од српскиот. Е сега бугарскиот ми се виде поснабден, но може така испаднало тој период. За квалитет тоа е колку пари, толку музика, но ете нека се врти парата, нека купува народот што си сака. Има нововработени плати вадат од таму, фамилии хранат и издигаат, така што помалку плукање, повеќе уклучување рацио и при пазарење исто. Какви ситнурајки имаат, јас каква што сум со моиве купувачки навики, да бев таму се би им испазарила за по дома. Инаку од објавените слики и видеа дента на отворањето многу гужва имало, башка што за првите делеле ваучери.