Коментарите за мирис на кинеско се смешни кога 99% од стварите кои ги користиме се кинеско производство. Дури и оние од најскапите брендови. Ако тебе не ти трае облека од Пепко или Синсеј, не значи дека на други не им трае. Можеби ти не ги следиш упатствата добро или премногу буквално ги следиш. Ако на нешто пишува дека може да се пере во машина не значи дека навистина може. Треба да си гуглаш. Два дена по ред во Рамстор Мол има гужва во Пепко. Некои полнат 3-5 кеси. Сигурно нешто знаат. Има евтини и интересни ситнурии (од 100 и нешто денари нагоре).
Јас не знам зошто волку хејт за Пепко. Многу слично на Синсеј а за дома се наоѓаат такви убави работи за евтина цена што не ја гледам потребата да се оди и да се купува пр. у зара хоум истите работи. Имам милион работи купено од Пепко за дома, што од новогодишни работи што од пролетни и сѐ е супер и користено. Последно во Пепко во Белград си купивме пластични садови за храна во поголеми големини, преевтини ќесички за измет за кутрето, си купив како додаток за на работната маса кадешто може да стојат ќесички со чај. Не знам зошто толку хејт за облеката, иако јас немам купувано, ама чим може да се пазари облека од Тему не го гледам проблемот за облека од Пепко. Секако ќе ја испереш и таа и таа.
Да имаат дел за домашни миленици, за градинарство, знам од бугарскиот дека поснабден саксиички си купив за кактусчињата. Травел дел имаат, памтам купив мали пластични амбалажи за да спакувам креми за дневна и ноќна нега за по пат во авион, прекуокеански и да не трауматизирам некој неизнегувана . Се шалам, ама дека не спијам при летови и да тепам време. Паста за заби и мои креми имав спремно во мали пластични амбалажи од Пепко (иако во бизнис даваат и паста и аксесорис за спиење, ама џабе јас си сакам и носам мое). За организерите за раб. маса јас за маркери и пенкала складирање ги користев, а имаат и стикери за документи да си означиш одма да се снајдеш за итно на раб. Сетови за сликање, боици, гледав и планирав за иднина, ама др. ми испадна . За облеката бар е памучна, а и за тие пари па и да се скине и макар еднаш ја носиш чудо големо.
Од Зара бетер мирисаат фармерки на син ми еве не поминува и не одвратен мирис Пепко мене не ми замирисало на кинеско никогаш,за разлика од Синсеј И не се лоши работите за малата за градинка топ.
Pepco е класа за Синсеј. Класа. Али нормално цената кажува се. Јас порано за малава купував од H&M, Zara, C&A. Сега од таму купувам само за поводи. Се е од Pepco, а зимам нешто и од Синсеј. За во градинка каде што не знам дали ќе се врати со цели хеланки, не фрлам пари. Синсеј се катастрофа на квалитет да, Pepco ок се. За себе не купувам од таму, за дома па поретко. Само за ќерка ми и тоа е тоа. Хајпот кај нашиве инфлуенсерки и глумењето лудило не го разбирам.
Јас редовно купувам од пепко и синсеј за децата,па и за нас. Имаше период кога купував алишта од х&м, с&а, еден ден во градинка и флеки што не се перат,а сум ги платила по 20е и повеќе.. Некако повеќе ми одговара да купам повеќе и поефтини алишта,што ако не се исперат не ми е жал да ги фрлам,а пепко има многу многу убави ствари и за дома,и да се согласувам со коментарите по горе дека во квалитет е по добро од синсеј,само некогаш некои теми им се прешарени или јаки бои за мојот вкус
Не ми смрди мене во продавницата, во Синсеј имам осетено некоја миризба ама ништо страшно. За детски глупости и Пепко и Синсеј се одлични, иако не е се баш за џабе пари, за дома и надвор исто има многу практични работи. За облеката можда е ок ама дека нештото ќе го убиеш од носење без да мрдне, нема. И ок е, купувајте од кај сакате, мене ете ми смета рабовите на облеката да ми се измрдаат на сите страни, на кој не му смета нека си носи. На крајот од денот, секој си го кажува мислењето и искуството, нема тука никаков хејт. Ако е некој за хејт, на прво место ми е дефинитивно Ваикики, порано беше топ место да купиш нешто убаво памучно што ќе трае за малку пари. Сега смрди, квалитет (не на се) нула, а цените машала. И второ место Зара, катастрофа се последните 2-3 години.
Бев на двете локации во Скопје, многу големо разочарување. Мислев поголем избор ќе има ситници за дома, повеќе облека имаше. Детската роба е поголема, ама стварно нема ништо интересно.
Да, јас бев во Капитол исто. Во Синсеј од карши повеќе работи за дома има, па и алишта. А и префрлањето на цените им е.. 750 динари, 400 денари. Поскапо е кај нас, дека многу богати сме.
Синсеј повеќе има роба бидејќи е подобро етаблиран. За Пепко може и да нема толку зошто се сеќавате првиот ден сите ги фатило еуфорија дека ќе се отвора и разграбале се. Периодов ќе се види дали ќе понудат нешто повеќе или пак ќе си останат само со ова па на Синсеј ќе му нема конкуренција.
Уште ли не се наполнија со роба ? Јас поминав Капитол пред недела дена беше празно. Грција сега на враќање од одмор исто празно беше. Врање кога и да сме иделе полно роба, по 200 300 евра да оставиш И величини и избор има секогаш.
Изгледа дека не а и народов мисли дека без пари даваат таму и не чекаат ни да наредат одма трчаат Не знам зошто толку еуфорија за обичен бутик Коа ќе спадни малце еуфоријата тогаш можда ќе има нешто асално да се види.
Абе секогаш е така кога ќе има нешто ново еве така беше и со h&m ако се сеќаваш сега жив човек не влегува. А дека се џабе ,па џабе се
Ама и за нас и за децата исто и прескапо некако Кога ќе ми текне одевме до Грчка за х&м ама скроз различен квалитет имаме