Мислам дека се уште не, на сајтот можеш да одбериш продукт и те води само да провериш достапност во продавница наместо во кошничка.
Во Велес се планира ли да се отвори? Бев во друг град немав многу време да разгледам убаво набрзина што ми влезе во око си земав ама гледав интересни работи имаат за декорација на домот ,а алишта не видов во детскиот нешто посебно..
Треба и во другите градови да се шират. Така бил планот. Обично во молови отвораат, па ако имате таков, можно е да отворат.
Мол немаме ама имаме Retail Park синсеј,дм,велеа,масинови се таму ако отворат претпоставувам таму ќе биде.
Кога одам во Србија нешто наогав некои ситници за низ дома, сега дали дека ги имаме веќе, кога влезам ми е меехх, не ми се ни влегува додуша. Инаку зошто кај нас така мириса? Тој мирис никаде го немам осетено, некни едвај издржав, некој ќе рече на кинеско, на пластика, на тежок материјал ми мириса. Не се правам не знам што, ама навистина сега ми мириса, во Синсеј никогаш го немам осетено тој мирис.