Што знам, многу зависи од тоа колку газдата има работено со кучето и какви навики има стекнато. Дали е воспитано (така да кажам), или не е. Сум видела кучиња што и без ремче слушаат газда и наредби и во мол и на тротоар и на пешачки. Има и хипоалергени раси на кучиња, така што и оние кои се алергични на кучиња немаат никаква штета ако моето седи на стол во кафич. Мојава е 5 ипол кила па во Coffee Factory во Дебар Маало спие кај мене во скут а јас сум со скрстени нозе. Кога ја носам во Ист Гејт секогаш пред да влеземе и давам време да заврши со физиолошки потреби и собирам после неа и знам дека нема да и се деси да кака па ми се нема десено да треба да рибам плочки во мол. За машките кучиња е повообичаено да се измочаат на секоја бандера, дрво, стуб, ама имам шетано и машки кучиња па после 4/5 "обележувања на територија", креваат нога да мочаат ама ништо не пуштаат јер нема више - толку е. Така што и за нив има чаре. Не ми се допаѓа тоа што за раси прават дискриминација. Шансите големите кучиња да се подресирани од малите се поголеми според мене. На малите не им се обрнува внимание пошто се мали, едноставно. Ако одам со куче во мол, немам намера да пробувам алишта. Влегувам конкретно за некоја продавница за накит, за ташни, за да купам некој подарок и сл. Во кафич не пие вода од маса, и носам гумен сад и и го спуштам доле од таму пие, никогаш нема лаено некого или нешто. Евентуално да сме надвор и да има маче па само ќе се исправи и ќе го гледа, по што следи едно НЕ и врти глава на друга страна. Со деца е многу пријателски настроена (знам и кучиња што не се). Иако она е френдли, секогаш ама секогаш дури и кога гледам дека детето сака да ја погали, прво ги прашувам родителите и барам од нив реакција и одобрување, ако видам насмевка им кажувам дека е мирна да не се плашат и следи детска радост. Баш ми е мило што има родители што ги учат децата да ги сакаат кучињата а не да ги учат да се плашат од сите кучиња.