За искачање се шминкам постојано вака. И црвените ноктиња. Некои велат дека е нападно, дури и за вечерно искачање ама мене ми е гајле. Ми стои.
Винтиџот како "стил" е моја голема пасија. Милина за око ми се фешн слики од минатото столетие. Жени со облини, а сепак слаби, минимално нашминкани, ненападни фризури и облека за која буквално немам коментар. Pin up-oт е мојата најчеста шминка. Моментално така сум нашминкана (сеуште не се имам избришано) И убаво ми стои
Многу ми се допаѓа! И денес се негува, не кај нас и не сосема, ама барем во поглед на шминката, многу жени се шминкаат вака. Единствено тие цилиндрите од шишки ми се глупи. Точкици, бисери, црно, црвено, висок струк, локни, морнарски ствари... Го има и денес дефинитивно, само некоја нова верзија. Мене особено ми е по кеиф вешот со висока гаќа, корсети и чорапи.
Пролетно/летните колекции на Диор беа инспирирани од овој стил. Уф шишкава вришти Пин ап фризурчиња имаа и за нивната колекција за висока мода за истата сезона. И кампањата потсетува по малку на овие девојки, секако во модернизирана верзија
Мене повеќе ми се допаѓа стариот пин ап отколку модерниот , затоа што тој е оној оригиналниот Преубави се
Овој стил на шминкање е убав за гледање, како да те враќа во старите времиња. Само не ми се допаѓаат тие шишките. Ретко се среќаваат девојки кои го негуваат pin up -от.
http://www.youtube.com/watch?v=TGwZ7MNtBFU&ob=av2e Гвеница во спотов е прекрасна, како ја изумив. Оваа нон стоп е со туш и црвен кармин. И спотов! http://www.youtube.com/watch?v=QczgvUDskk0&ob=av2e
Јас лично го обожавам. Едноставно каква женственост и прикриена сексапилност. Комбинација из снова. Секако буди носталгија по некое време, каде жената била посакувана, каде страстите не се искажувале на директен начин ..... Прекрасно и префинето.
Една од најпопуларните pin-up девојки е Betty Grable. Најдобрите низ историјата според мене. 1910s and 1920s Barbara Kent 1930s Greta Garbo 1940s Ingrid Bergman 1950s 1. Sophia Loren 2. Marilyn Monroe 1960s Pamela Green 1970s Loni Kaye Anderson 1980s Samantha Fox 1990s 1. Kelly Brook 2. Linda Evangelista 3. Anna Nicole Smith 2000s 1. Eva Green 2. Dita Von Teese
оу јееее мојот омилен стил. Затоа шишките си ги ошишав кратко и пијам јогурт со смоки за да ми пораснат градите и да имам тело а ла песочен часовник Вака се маскирав за 1 април. Имав пократка коса која ја навиткав и тогаш ми беа скратени шишките. Црвен кармин, таа шминка, тесен црн корсет и црна суќна со бели бобици. А на вртот носев бисери. Имам блузи и фустанчиња со вакви рамки: Спојлер
Навистина го истакнува сексипилот на една жена, секоја чест на тие што го негуваат овај стил, но јас лично не би можела, освен шминката со црн туш и црвен кармин, преубаво стои.
Мојата нај најомилена изведувачка го негува стилов. Caro Emerald! Стилов се осеќа и во нејзината музика, секси, женствено, едноставно, а толку на ниво! За жал нема многу слики од нејзините комбинации, но јасно се гледа дека си го негува стилот и тоа одлично. Едноставно женава зрачи со сексапил и покрај не толку идеалната форма на нејзиното тело, ете уште еден доказ дека секси не секогаш е слабо и стегнато тело. За крај еве една нејзина песна, снимка во живо. Слушнете го само тој секси глас http://www.youtube.com/watch?v=BoxcFS3o ... re=related
Моја добра пријателка го негува овој стил веќе долго време и одлично и прилега.Живее во Скопје. Мој апсолутен фаворит добро познатата ...
Го обожавам стилов. Со шминката е исто како готик, отсекогаш сум ставала црн туш и црвен кармин, бел тееен мммм... Фризурите ги обожавам, уште да имаше некој да може да ми ги прави баш таква супер ќе беше. Ова лето се изнакупував облека во винтиџ стајл, и покрај мојот готик стил знаев и вака да се облечам. Затоа што е со стил, женствено и сексипилно. Холахопки со црни точки, црвени шеширчиња и црни ракавици. И воопшто не ми е гајле, баш обожавам да бидам различна и да "шокирам". Прочитав погоре некоја пиша, ако излезела со таква фризура и облека ке ја направеле луда. Јас можам да кажам само девојко ти си луда во главата. Зошто да е некој луд ако си негува некој стил, поготово овој добро познат и женствен и секси? Напротив јас би била пресреќна да гледам различни стилови, поготово овој. Затоа што е со стил, женствено и сексипилно. Имам една хрватица на фб, ах иста е како на сликите што ги постирала росонерка. Нон стоп и манијачам сликите. Ова е најдоброто нешто од сите стилови, и моди кои се вратиле досега.
видов дека многумина од нас го користат овој начин на шминкање...еве неколку совети од професионалците ...мене лично ми помогна многу,за да ја одберам бојата на карминот, а особено за тоа дека треба да ги скратам вештачките трепки(за тоа незнаев вака изгледа по природно) а и ми се допаѓа косата едноставна а во ист стил...се надевам ке ви се допадне и вам http://www.youtube.com/watch?v=syjnwqh9VD0&feature=player_detailpage
Пин Ап стил не е баш за ставање знак еднакво со стилот на американската девојка од почетокот на минатиот век па се до негде 50те години на истиот кога го доживува својот „бум“, особено би зборувала тука за времињата за време на двете и меѓу двете светски војни. Пин Апот за мене напротив не е симбол на елеганција ниту префинетост од проста причина што оригинално пин апот е денешен плејбој стил, да го наречам - to pin up a girl on a wall, девојка за гледање, модел, секој ја има на ѕидот...итн. Разбирај слики на разголени, цицлести и газлести сексоповикувачки теткици кои обично се наоѓаат на пример во камионите за да не им е здодевно на шоферите или во машките вециња како инспирација за....екхм, овај, извршување потреби Забележете ги девојките кои сте ги постирале. Нагласени секс атрибути и секси долна облека во време во кое парадоксално жената била да не речам безгласна буква (особено ако земеме во предвид дека стилов односно терминов е создаден во времето кога се појавуваат всушност суфражетките). Обавезно кај секоја пин ап девојка мора да има подвезици кои мора да се гледаат и секси чипкасти прслуци. Црвените усни и нагласената шминка се повторно само со една цел - да ја истакнат привлечноста на жената и нејзината убавина. Бети Буп, Мерлин Монро - наивни, убави женички со облини, кои да речеме кога ќе ги видите па и не ви текнува како прво на некоја префинетост, елеганција или пак на жена која би сакале да ја имате покрај себе од повеќе причини отколку - секс. Мада понатамошните пин ап девојки го фураат оној стил на „момиче за сичко“ да не речам, кувар во кујна, курва во спална и дама во друштво. И обавезно знаат и кола да поправат али праат фаца колку се само наивни и добри, треп треп И да, Грета Гарбо колку само не ја сместувам во овој стил, ама ич. Хах, темава е пак поширока од едноставното - моден стил и би зборела ептен многу. Росоњерка you did it again, you bad bad girl Се шалам, ми се свиѓа што повторно поставуваш модна тема која не е толку маргинална ниту едноставна, и ептен е интересна за дискусија. Повлекува многу општествени и ред други прашања освен она естетското. А кога сме веќе кај тоа - да, интересен ми е стилот. Си го замислувам како инспирација за заведување на партнерот, тема за стриптиз, role play, can I be your bad girl and you can slap my ass? (прсте во уста кое го гризам трепкајќи со огромните, вештачки трепки) Само проблем, не сум баш типична пин ап цура, други стилови ми стојат поарно отколку овој. Освен долниве облини ништо друго не ме вади Нит сум бела, ниту пак имам напумпани секс атрибути освен дупево, така да - џабе везам. Ама на цури на кои што им стои ми се допаѓа и те како. И да шминката ми е најубава. Другово мање више, цветичи и винтиџ стил кој ми е веќе преку цилиндеров на глава за криење зајчиња Епа Росоњерче, тоВа би ти кажала на темава а и многу повеќе
Да, всушност ретко кој би шетал со подвезници и би трепкал гризејќи си го прстот во јавност. Кога се мисли "Pinup девојка" прво нешто што доаѓа на ум се оние скудно облечени девојки, провокативно сликани. Точно е дека оригигиналните пин ап девојки беа секс симболи и дека нивните слики им дадоа задоволство на многу мажи во двете светски војни, но има и такви кои го негуваа стилов, повеќе од само лесен сексипил. Во времето на женското безгласие, стилов претставувало еден вид револуција. Затоа и повеќето денес го посочуваат тогашниот пин ап како двигател на феминизмот. Секс симболи, пејачки и квази пејачки, па до глумици кои го практикувале стилов. Особено во 30тите од минатиот век каде што повеќето негувачи на стилов се актерки. Гламурозни и талентирани актерки како Грета Гарбо и Марлен Дитрих. Грета Гарбо всушност ја нарекуваат The Ice Queen Pinup.
Да де, па за тоа зборам, тоа Е де факто пин ап девојка. Далеку од тоа да е пин ап девојката нешо као фино, префинето и не знам - дискретно јок. Плејбој на почетоците на 20тиот век. И токму така, девојкиве со овој стил покренале еден вид на сексуална револуција, и тоа баш револуција ако земеме во предвид дека дотогаш жената морала да биде примерна, испеглана, средена, не смеела да се образува, уште помалку да работи, морала да шета закопчана и сите атрибути морале да се покриени, седела по дома и била де факто домаќинка со стил. И после мажите опа цупа у кафана и ОП пин ап девојка му седнува во скут и го мами со своите полни, црвени усни - абе бугарска певаљка стил еј
Ми се допаѓа Пин-ап стилот, посебно шминката која и ја користам. Е сега не користам црвен кармин, ама ајлајнерот обавезно Немам ни бело ни темно лице, ама сепак убаво ми стои И што има врска ако се истакнеш во град облечена како Пин-ап девојка, не мора да значи дека си мрдната...тоа си е твој стил или пак така ти е здодно да се носиш, можеби многу луѓе ќе те здогледуваат на пример, али тоа е така пошто не виделе-не знаат каков стил е...тоа е тоа