Pin up стилот, сам по себе е револуција...иако има некои еротски примеси...сепак жената треба да го заведе мажот и со телото и со интелегенцијата... Треба смелост за ваков стил...доста раскопчани гради, шорц...единствено сметам дека шминката можеме да ја искомбинираме со денешниве модни трендови, бидејќи не верувам дека некој ќе облече денес кратка заврзана кошулка со деколте без да се плаши дека ќе биде осудена, инаку секоја чест на оние што имаат смелост. Еве ја револуционерката во сексуалната револуција...- Мерлин-единствена!
Интересно ми е кај пин ап девојките што во глобала се претставени како домаќинки...со метлички, пеглички, крпички..ахаха...значи сепак секс симбол домаќинка [http://4.bp.blogspot.com/_8c83zQjX7lQ/SrRXzrVDJRI/AAAAAAAAABs/E8uT0s48DS8/s400/423965894_f330565f61.jpg/img] [img]http://2.bp.blogspot.com/_wVjMzL_RvSE/TSNxhHQ8USI/AAAAAAAAHLY/9Q00GBHfa_g/s400/pin%2Bup%2Bcooking.jpg Хаххахха....а има и онакви кои се занимаваат со машки работи што укажува на свесноста за половата еднаквост...и секако чекор напред...
Но, изгледа се се она што мажите сметаат дека е секси...хахах...домаќинки, медицински сестри, учителки...мене пак оние романтичните ми се најсимпатични, е во нив можам да се пронајдам...ем секси, ем романтично и ненападно...
Eве уште неколку фотки oд модерен пин ап oд најпознатата пин ап блогерка Ида е прекрасна Инаку босанка е, од Сараево, се вика Aida Đapo Ставена е и во листи на најубаво европјанки
Лееееле колку е само прекрасна!!! Заслужено и е местото во најубави европјанки. И стилов и е погоден и се. Па и како и седи, не може секој да излезе и да го носи ова, а девојкава е прекрасна, како се вклопила, има некоја симбиоза, лицето и одговара за стилот. Импресионирана сум, го обожавам стилов, и вака кога гледам се радувам што се уште има некој што го негува, ама знае и како.
Колку е само прекрасен стилов,секси,женствен и лов ит Многу ми се интересни стари слики од глумици од пред 50 години,тие се пример за женственост за сексипил,мистериозност..Те остава без зборови. Јас го обожавам овој начин на шминкање и го практикувам,нежно лице,руменило и убаво исцртани очи со туш и нагласени трепки...Прекрасно.
И јас сум за Pin Up прекрасен начин за да ја доловиме нашата сесипилност на друг,нов интересен начин, а предност е тоа и што на машките им се допаѓа тој нов начин на стил.
Стил кој за мене претставува совршенство.Од Облеката,тесните здолништа и лелеавите фустани,аксесоарите и цветовите во коса заедно со фризурите со victory rolls,беспрекорната шминка со изразито црвен цармин и светли очи со совршено исцртан алајнер.Честопати го применувам ваквиот стил на шминкање,а и некогаш и стилот на облекување,со некое ретро парче облека поткрепено со соодветна фризура... едноставно го обожавам
Инстаграм повторно го врати во мода овој стил...барем кај оние кои го сакаат. Има многу кои следат, ама штета што не се осмелуваат да го носат заради срам и страв. Дури има познати блогерки од балканот кои го следат овој стил. Не мора да значи дека мора сите атрибути да се истакнат, може едноставно да се носи суќна околу струк комбинирана со краток џемпер или блуза, виткана коса и некој аксесоар на глава и тоа би било тоа. Сега како што повторно се вратија облеките со висок струк е погодно време за експериментирање околу ова.