1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Placenta praevia (плацента превиа)

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 29 мај 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Симптоми
    Главниот симптом е ненадејно, безболно крварење, кое најчесто се јавува на крајот на второто или почетокот на третото тромесечие, во просек најчесто се јавува помеѓу 27-32 седмица. Ова крварење се јавува веднаш штом вратот на матката малку ќе се истанчи или отвори.
    Ова крварење може да запре, за пак да се јави по неколку дена или по неколку седмици. Почетното крварење најчесто не е многу обилно, но сепак може да варира од благо па се до крварење со големи загуби на крв.
    Некаква нелагодност или грчеви во пределот на матката чувствуваат само 20% од жените.
    Понекогаш крварењето може да биде придружено и со контракции.
    Понекогаш пак крварењето не започнува, се до почетокот на породувањето.

    Причини
    Ако претходно сте имале царски рез: колку повеќе царски реза сте имале, има поголем ризик за појава на плацента превиа.
    Ако сте имале некаква операција на матката или абортуси. Лузните на матката ги зголемуваат шансите за плацента превиа.
    Ако сте имале плацента превиа во претходната бременост.
    Ако сте бремени со близнаци, тројки ит.н
    Ако пушите или употребувате кокаин.
    Aко сте во понапредната возраст.

    Компликации
    Најголема опасност претствавуа ризикот од обилно крварење.
    Често бебињата се раѓаат со помала тежина. Ова може да биде заради предвремено породување, но понекогаш и заради тоа што просторот во кој се развива бебето е стеснет.
    Друг ризик е што кога се работи за случај на плацента превиа има околу 10% шанси за плацентата да биде предлабоко всадена во матката. Оваквата плацента е позната како плацента акрета и често пати не се одлепува лесно од матката. Во многу случаи предизвикува тешко крварење, кое се решава со хистероктомија.
    Често пати кога плацентата го покрива делумно или целосно грлото на матката се препорачува мајката да лежи и мирува. Во такви случаи веќе се забрануваат сексуални односи, вагинални лекарски прегледи, односно ништо повеќе не смее да се стави во вагината.

    Третман
    Кога се работи за плацента превиа породувањето се врши исклучиво со царски рез. Не само што кај комплетната и делумната плацента превиа, отворот низ кој треба да помине бебето е целосно или делумно блокиран, туку и затоа што при породувањето кога ќе почне да се отвара матката, од плацентата се јавува тешко крварење.
    Вообичаено штом жената со плацента превиа ќе влезе во 37-та сецмица од бременоста, се закажува царски рез. Кај околу половина случаи крварењето не се јавува до 37-та седмица. Доколку крварењето се јави предходно, жената се хоспитализира. Ако е близу до 37-та седмица, се врши породување со царски рез.
    Исто така веднаш се прави царски рез и доколку се работи за обилно крварење, кое не запира. Во таков случај може да се даде и трансфузија.
    Важно е состојбата редовно да се следи и благовремено да се реагира. Имајте на ум дека на тој начин повеќето од коомпликациите ќе бидат избегнати.




    Темата ја отварам затоа што вчера кај мене беше откриен овој проблем.
    Додека пред една недела еден лекар ми кажа дека е се во ред и може слободно да се движам и нормално да функционирам, на што јас се опуштив и баш онака се испешачив квалитетно. Како последица на тоа дојде кафениот исцедок, кој всушност претставуваше еден вид предупредување, па ми беше кажано да мирувам, да лежам , до прегледот кога ми беше кажано дека не смеам да станам од кревет.
    Се надева другиот доктор дека ова би можело да се промени до 28недела, меѓутоа не е сигурно, па затоа уште сега се превземаат мерки.По една недела на контрола ќе треба да видиме што е променето, а што не.

    Она кое ме интересира е дали некоја од вас се има соочено со овој проблем, каков бил крајниот исход, што сте превземале и сл.
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Кај мене плацентата се менуваше. Во 4ти месец беше одоздола, па потоа се намести кај што треба. Па некаде во 7ми пак се заврте надолу, а по 2-3 недели пак назад се врати. Се до денот на пораѓање. За среќа, ништо не сметаше на бебето во развојот, се роди големко.
    Е сега, тебе многу те исплашиле. Како прво, на сексуални односи со партнерот-заборави. Исто заборави и секаква физичка работа. Што велат, потешко од чаша да не креваш. Буквално. Одмарај, шеткај по малку и без нервози. :*
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Офф мила не да сум исплашена, да ти кажам паметот се таму ми е :?:
    Бебушка е добра и кај мене, фала му на Бога барем тоа е во ред, се радуваме почна убаво да се осеќа кога мрда :$ . Денес повторно сум на преглед, па баш ќе пишам што ќе ми кажат.
    Тешко не кревам, физичка работа сега веќе никаква немам, постојано лежам , а ми се собираат дневно 10 мин да се испешачам низ дома |(
    Најискрено и од срце се надевам дека се ќе биде како што треба, ти благодарам за поддршката и искуството што го сподели со мене :*
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Јас имам ниско постелка сега во 14та недела. Денеска ми ја констатираа. Прочитав дека може да се менува тоа и да дојде на свое место до 28 недела. Ќе мирувам како што сте пишале тука (а и докторката ми го препорача истото), но многу сум исплашена. Бебето ок се развива, само што ова ме плаши со ниската постелка. ;(
     
  5. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Женски тука да прашам од последната контрола го читам наодот пишува плацента на преден зид , втор степен зрелост ,претпоставувам дека е добро што е цела бременост на преден зид :?: а за степенот на зрелост ? до кој степен треба да е при крај на бременоста?
     
  6. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222

    епа спремај се кај и да е ќе се роди бепчо :D
     
    На pepita82 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    10.936
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj moze da mi kaze kako pominal ili pominuva vo bremenosta so oboj problem,jas sum 17 nedela i vcera mi otkria placenta previus no seuste neznam sto kako ke bide,
     
  8. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    28.177
    Пол:
    Женски
    Јас разбрав дека ја имам дента кога ме зедоа за на хитен царски.Цела беменост до 40 недела ја поминав супер,со редовни,контроли и скрининзи,на работа,подвижна,си кревав нормално како и пред бременоста.Во цела бременост знам само дека постелката ми шеташе на секој преглед различно но никој ништо не ми кажа, и на контрола бидејќи ми беше терминот надминат при вагинален преглед добив обилно вагинално крварење,ама баш обилно додека ме однесоа до операциона сала цел ходник го облеав во крв,си добив хитен царски рез при кој после не можеа да ми го стабилизираат крварењето.Само разбрав отпосле дека одвај не спасиле живи и мене и малиот,од внатрешното крварење бебенцето има инфекција на кожата ама со господ напред ќе помине еве јас 7 дена после царскиот се чуствувам добро за два дена сме на контрола па ќе видиме што ќе ни кажат.Докторот што ме породи се чудеше како никој во цела бременост не ми ја дал дијагнозата.Ама имало Господ и за нас и преблагодарна сум.
     
    На Olgica.bu му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    10.936
    Пол:
    Женски
    Jas pred nekoj den bev na redoven pregled i mi rekoa se e super,koga vcera ova so krvta,ama epten se uplasivme,i eve seuste neznam sto tocno se slucilo koj tip na placenta e,ovde sto citam na net toa go znam i voopsto ne mi se dopaga no toa e,milo mi e tincemajmunce sto na kraj idpadnalo se dobro,vi posakuvam brzo zakrepnuvanje..
     
    На tincemajmunce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    @tincemajmunce
    Тинче, те исчитав секаде, пред се здрави живи, страшното е поминато, сега од убавини да не куртулите!

    Само стварно не ми е јасно како никој до крај на бременост не видел дека се работи за оваа состојба... Или ептен на крај се изместила плацентата? Дали воопшто може така на крај толку да се измести?
    Скрос сум збунета... Затоа што на секој преглед обавезно покрај развој на детето, ми проверуваат протоци на крв на папочна врвка (таканаречен RI - resistent index на протокот) на минимум две места и состојба на плацента - зрелост, лакуни и сл. Ваљда се гледа тоа ако е изместена...
     
  11. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    28.177
    Пол:
    Женски

    Тоа ти е ко ќе си одиш кај секакви доктори,ти си пошла на преглед а она ти прави муабет за економијата низ македонија,гинекологот што ме породуваше ни е куќен пријател и се имаше заангажирано повеќе за мене,откако видоа дека е се во ред со мене и пошол на карање а таа му одговорила незз како не сум заприметила а сестрата за да ја извади му одговорила дека не сум одела редовно на контроли.А последно кога бев ми рече ти мн често ми идеш за 9 месеци 10 пати сум појдена на контрола само да го побара човек картонот се ќе види.А сум имала и лакуни незз што се тоа,ама тој ми кажа дека и на обично ехо можело да се види....Памет за понатаму да се опоравиме малку и ќе си најдам асолен гинеколог што стварно ќе се грижи за здравјето на пациентите.
     
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Да, лакуните се гледаат на обично ехо... Јас што не сум медицинско лице па ги препознав. Тие се места со згрутчена крв на постелката и на ехо се прикажуваат како црни дамки. Обично ако се видат се прави крвна слика со хемостаза и д-димери за да се види да не е нешто до крвта...
    Ако е во ред хемостазата и протоците на папочната врвца се добри, не е страшно...

    Инаку, скрос ме зачуди како никој да не ти обрне внимание на постелката... Не сакав да кудам одма, ама тоа доктор не смее да си го дозволи!

    Во секој случај, убаво е да се чујат туѓи искуства...

    А кај тебе најважно е што се си заврши среќно...
     
  13. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Placenta previa e niska postelka ili postelka na preden zid?
     
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Плацента превиа е кога постелката е така лоцирана да делумно или целосно го покрива грлото на матката...
     
    На Kaffe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Blagodaram Kaetana.a vo koja nedela moze ova da se otkrie?
     
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Локацијата на плацентата кај мене ја цитираа во извештај прв пат на 12 недела... И од тогаш па навака на секоја контрола ја проверуваат... Кој степен на зрелост е, дали има лакуни и сл...
    Мислам дека оваа состојба се открива доста рано...
     
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.676
    Пол:
    Женски
    Mene placentata mi e malku podebela i od nea nemozeme liceto na bebco ubavo da go vidime na 4D :) a inace mi e gore ubavo postavena, se nadevam deka sega nareden pregled kje go vidime ako se svrti...
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hyacintho

    Hyacintho Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    После неколку месеци од моето итно породување пишувам на оваа тема....... Се започна во 16 недела кога матичниот лекар се посомнева на ниска плацента. Наредниот ден прокрварив и почнав да барам одговори од други лекари. Ме прегледаа на 4д и ме пратија на итен абортус во Скопје. Таму гинекологот не сакаше да слушне за абортус,ми рече додека расте плодот ќе те следеме на две недели. Мојата постелка беше со големи лакуни, ниска,а бебето веќе заостануваше две недели.Бев во сите приватни клиники и никој не знаеше што понатаму. Го носев до 31 недела и неколку дена кога ме примија итно во ГАК со крварење и лежев на интензивна една недела со постојана контрола и никој не ми даваше надеж дека бебето ќе биде во ред. Кога дојде ред началникот да ги прегледува пациентите мене одма ми закажа царски(поинаку и неможеше бидејќи имав плацента превиа тоталис(го прекриваше родилниот отвор)).Бебето веќе заостанувало 7 недели(одговараше за 25 недела). Ме направија царски и се роди 680 гр. и не ми кажуваа неколку дена што е со бебето. Кога ме префрлија на одделение после неколку дена ми дадоа да го видам. Дишеше само ама беше во неизвесност. Не ми кажаа што му е точно,ми даваа неповрзани одговори.Секој ден беше стабилна ситуацијата,додека бев таму го гледав секој ден, а кога ме пуштија по една недела одев кога ќе имаше термин во собата за лактација и со тоа ми даваа за право да го видам. По три недели моето бебе почина.Ми се јавија да не доаѓам. Со тоа мојот случај на плацента превиа заврши трагично,без да знаат докторите што е причината. Ми ги правеа сите анализи и сите резултати беа совршени, а бебето си каснеше се повеќе со неделите. Плацентата ја испитаа и утврдија дека хематом бил проблемот на плацентата што не дозволувало доток на кислород и храна доволно до бебето. Од бебето се уште чекам обдукција. Тоа е мојот случај со плацента превиа, се извинувам на долгиот пост,морав да објаснам се како се случуваше. Се надевам никој нема да го доживее тоа што јас го искусив со нашите доктори кои за прв пат се сретнаа со ваков случај.
     
  19. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал. Ама многу.
    Џабе е што и да ти пишам, нема утеха во вакви ситуации. Само взаемна поддршка со партнерот, и секако, време.

    Кај превиа, уште па и хематом? Ти кажаа дали хематомот има кекаква врска со состојбата?

    Во секој случај ти посакувам што побрзо да имаш среќен крај во ова поле во животот.
     
  20. Hyacintho

    Hyacintho Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Каетана,не ми дадоа конкретен одговор за цела моја состојба,затоа вршеа тестови цела бременост,секој ден примав клексани поради постелката (цела беше како швајцарско сирење), а хематомот не беше поврзан со плацентата превиа туку со причината за намалениот раст на бебето. Цела бременост беше иугр. Се на се е било склоп на околности и природа како што ми рекоа.