Јас со првата бременост бев со плацента превија тотална,сега втора бременост сум со ниско всадена постелка ама не го допира грлото на матката воопшто. Иначе нема врска никаква положбата на спиењето.
Како ја помина првата бременост? Имаше некои проблеми? Јас сум 23 недела и кај мене е плацентата ниско, скоро лежи на грлото од матката. Докторот ми рече после 28 недела, ако не се поткачи, ќе мора почести контроли.
Почнав со маргинална превија само го допираше грлото и строго да лежам ми рече докторот за да се крене,ама кај мене не се крена туку уште подоле отиде и го покри цело грло и веке беше плацента превија тотална. Почнав да крварам 33 недела лежев во болница една недела примав атосибан за смирување контракции,примив и зреење,после неколку дена пак искрварив и ме породија 34 недела царски. За пораѓајот имам пишувано во породилни приказни,тежок беше.
Кај 9 од 10 жени со ниско поставена плацента таа се крева до 32 недела 90%, а кај некои дури во 36 недела. Еее сеа кај 1 жена од 10 жени останува сепак ниско поставена дури и во 36 недела од бременоста и е најчесто индикација за царски. Јас бев дијагностицирана со ниска плацента на скринингот во 20 недела, а после на нареден скрининг кој ми беше закажан дури во 34 недела ми беше веќе горе. Никој не ми кажал дека треба почести контроли во меѓувреме да правам, ни па да пазам на нешто, туку само ако не се крене најдоцна до 36 недела ќе треба царски да се пораѓам. Ваљда секој доктор различно си мисли.
Јас знам дека до 28ма ако не се крене се смета за плацента превиа. Ова и Димчев ми кажа и Данева на гак. Не знаев за ова што викаш 32ра или 36та. Ме зачуди.
Едно е ниска плацента- кога е помалце од 2см од цервиксот но не го покрива, а плацента превиа( сериозна состојба) е кога го покрива грлото на матката(делумно или целосно)и ако е дијагностицирана како таква на втор скрининг, таа не се поместува како напредува бременоста, за разлика од ниско поставена плацента каде кај 90% случаевите оди нагоре до 32 недела а некад се прави уште еден скрининг и во 36 недела за да се утврди дефинитивно дали има поместување. Ниската плацента скоро и никогаш не преминува во плацента превиа туку баш напротив се крева нагоре како што расте матката, или па останува како ниско поставена( кај 1 жена од 10 дијагностицирани). Јас кажувам како се третира во странство, за Македонија врска немам, иако треба да биде секаде исто.
Мимми тебе како ти пишува на извештајот за плацентата- ниско поставена, маргинална или плацента превиа? Сите три се различни и различно се третираат од страна на докторите со совети. Мојот коментар беше за ниско поставена плацента каде плацентата е помалку од 2см од цервиксот но не го допира воопшто, за разлика од маргинална плацента каде работ на плацентата го допира цервиксот, или пак превиа каде го покрива грлото на матката (делумно или целосно). Затоа може и различни совети сме добиле зашто кај мене беше ниско поставена.
Мене матичниот гинеколог ми реле во 16 недела дека имам плацента превиа целосно го покрива грлото на матката. Ми препорача боледивање добрестон два пати на ден и магнезиум три пати на ден. Доста ме уплаши бидејќи од нигде никаде испадна дијагнозава јас досега сум немала крварење се беше ок. Прашањето ми е дали е можно за грешна дијагноза или погрешни мерки и колку од вас во оваа фаза од бременоста сте имале ваков прпблем и дали се повлекла , дали сте лежеле цело време?
И кај мене беше ниско плацентата, но делумна превиа и во 28ма недела се поткрена. Никогаш не останав дома да лежам, а утрогестан примав до 14та недела. Магнезиум, стандард, по 1 или 2 таблетки од 200 мг, најчесто по една, а понекогаш и тоа го заборавам. Не застанав со движење, активности и патувања. Ако е плацента превиа, не значи дека ќе имаш крварење. А и најчесто се крева кога бебето ќе потпорасне, околу 28ма недела. Без грижи и уживај си во бременоста. Сега ти следи второто тромесечие кое е најубавиот период од бременоста.
Фала ти за одговорот баш ми годеше вакво искуство ....јас имам веќе и платено за на одмор и се откажав и од одморот тотал разочарана закажав и за второ мислење во систина за совет дали да одам или не
Не мисли на тоа јас две патувања откажав исто лежев цела бременост скоро и во болница месец со грлото, најважно е да мируваш примај терапија што ти кажале, сеуште си многу на почеток.