Мислaм декa сo тaквa пoстелкa прирoднo пoрoдувaње не е мoжнo. Други ризици дaли имa и кoи се не знaм, a не знaм ни дaли мoже дa се кaчи нaгoре.
Тоа е плацента превиа... апсолутна индикација за царски рез, природно нема да те породуваат. Освен ако не се качи нагоре понатаму, претпоставувам дека не си ни до средина на бременоста, што значи има уште време да се намести. А ако остане долу, тогаш со царски рез ќе те породат.
@Annath @fana уште малце 18 полна, имам уште ехеее Сите што ме виделе (и Димчев и друг др од Систина) прво ме прашуваат: Лежиш??? Димчев рече дека може да се качи, ама се сомневам. Никој ништо не објаснува поточно, освен што ме прашуваат дали лежам. па затоа и се сомневам дека ќе се качи. И уште нешто, по што знам дека е ниско, пред неколку дена ме болеше вагината, ме сецнуваше толку силно што цела подрипнував. Ноќта неможев да заспијам, што до сега не ми се случило. Станувам сабајле, ни трага ни глас од болката. Се што може да претпоставам е дека тоа беа нозете на детево и дека добив 10тина клоци. Инаку, уште не сум го осетила да мава во стомаков. Се надевам дека се ќе биде ок. Едит: за царскиот, веројатно така и ќе биде, иако, пак викам, докториве викаат има време ќе видиме.
@Leo_29 не се секирaј и прaви тoa штo ќе ти речaт дoктoрите aкo речaт лежи ќе лежиш. Нaјбитнo е бебенцетo дa е дoбрo и дa се хрaни дoбрo , a бoлките и пoрoдувaњетo (кaквo и дa е) ќе ги издржиш. Уживaј си немa ништo стрaшнo.
Јас сум со плацента превиа, денес бев на контрола и постелката почнала да се крева, 21 недела сум. Лежи си и одмарај се ке биде добро
И мене пред 2-3 недели кога бев на дежурен бидејки многу крварев ми рекоа дека имам плацента превиа. Искрено лежев само 4-5 дена, после низ дома фаќав некои ситни работи( ручек,садови,прашина...) дури и до Џамбо и Сити Мол бев на брзински. Викендов и кај моите отидов и се беше ок. Ама јас си ризикувам на сама глава си правам експерименти. Утре сум на контрола да видиме што ќе кажат.
И јас тркнав до сити мол Само имам уште две недели до преглед, кој ќе издржи Минатиот пат направив проба, шетав 3 пати во 1 недела, по 30тина минути и ми рекоа Лежи! лежам, освен нешто ситно низ дома.
Денес на комисија ми го продолжиле боледувањето на 15 дена и ми пишува контрола и конзилијарно мислење. Зарем е можно да ме пратат на работа со плацента превиа? Има некоја од вас шро оди на работа со ваква дијагноза?
На последниот преглед докторката кажа дека имам ниска постелка а цервикс 4.5 мм. Засега не ми препорача лежење,само појас за трудници,јас искрено загрижена сум и чекам следна контрола на 5 Септември.
Таква е процедурата. До 60 дена се дава на база на мислење од спњцијалист. Над 60 мора конзилијарно мислење. Однеаи и без проблњм ќе ти продолжат.
Ок, фала кукла, јас реков на работа ќе ме праќаат, се исплашив @mal.ecka баш ќе прашам за појас на контролата, мене др. ми рече мирување, и ако нешто правам само со седење.
Која недела си??Со многу девојки кои имаат искуство како моето сум разговарала и сите носат таков појас,прашајси.
Заедно ќе раѓаме Ако го земаш преку фонд од аптека,мене ми беше долга процедура,не сакав чекање и го зедов од продавница за ортопедски помагала,дупло е поскап ама кога се работи за бебе не е битно. Ете читам кај тебе почнала да се крева кај мене тек 21 недела се спушти
Не се секирај има време да се качи. Кај мене беше тоталис а сега е малку поткрената од лева страна е на преден ѕид. Др ми рече има фора до 28ма да се качи убаво, ако не барем до 34та недела да издржиме. Само да се живи и здрави бебушките, што треба ќе правиме.
Мислам дека зборувате за различна работа. Ниско носење не е исто со плацента превиа. Кај второво, плацентата го покрива цервиксот.