Доколку доторот кој го извршил скринингот не споменал такво нешто, не гледам причина да се врзеш за кревет. Строго мирување е секогаш по совет на доктор.
Изгледа ќе ви се придружам на темава Вчера бев на преглед и имам Плацента Превиа маргинална, и е постелката на преден ѕид... Ми реќе др дека ако за 4 недели не се помести тоа е тоа . До сега не се помести воопшто, а сум 26та недела.
Да, и тоа тотална. За два дена ќе почнам 26 недела и малку се надевам до 28 да се помести ама ќе видиме.
Јас за два дене ќе почнам 27 недела значи тика некаде сме. Ај можда и мојата ќе се помести. На секој преглед др ме прашува дали имам крварење, јас немам...ти? Каде планираш да се породиш? или се уште ти е рано да размислуваш за тоа? Мене др миспомна и моожно предвремено породување, ама не ми кажа колку предвремено. Сеа читам по интернетов се и сешто...од памет да се извадам само...
Немам крварење,како препорака ми кажаа без односи, да не дигам тешко и да не напнувам со стомак. Не ми спомнале за предвремено, само дека ќе мора да се оди со царски рез. Не размислувам уште каде за породување, само бројам ден по ден да дојдеме до тоа и се да биде во ред. И немој да читаш на таа тема зошто се звучи страшно,само пробај да мислиш позитивно (ако ти успева- мене многу ретко).
Шо да ми успева, веќе се изначитав А и самиот др ми кажа, дека може да дојде до големо крварење за време на операцијата, па трансфузија, па бла бла... и накрај рече ќе видиме, не мора да значи, но ние да бидеме спремни. А на интренет она што како најстрашно ми се виде е - хистероктомија... тоа е скроз без везе, а единствен начин да се спречи големо обилно крварење кое е животозагрозувачко за мајката е - тоа. ама еве од денес веќе не читам
И јас имав плацента превиа и тоа тотална ама се премести фала богу незнам во која недела ама битно сега е во ред иначе јас имав односи и тоа редовно немав крварење цела бременост но многу лежев сега исто ама не внимавам многу .сега сум 32+3
Девојки, мајки здраво живо, се надевам дека кај сите плацентите се средија и се течеше во најдобар ред и денес уживате во мајчинството. Се иначитав, на 3 различни јазици, на најразновидни форуми, и секаде е иста песна: сите пишуваат и објаснуваат симптоми, некои полесни, некои потешки, моментални анализи а никој не пишува како помина пораѓајот и како се подготвуваа за истиот. Повеќето ги користат форумите кога имат проблем, а кога проблемот ќе се реши ретко на која и текнува да земе да сподели мислење, утеха. Поздрави до сите.
@storeregbube јас завршив на царски заради целосна плацента первиа,лакуни и одлепување на постелката.Имам пишувано дека не ни знаев дека имам,матичната ни ми виде ни ми кажа,на контролен преглед пост термин искрварив и завршив на хитен царски.После разбрав што и како.
Јас моето искуство подобро да не го опишувам во детали, кај мене се случи најлошата можна варијанта. Остана до крај плацента превиа и ми беше направена хистеректомија заедно со царски рез. Бебуш е добар и јас веќе закрепнав така да како и да е само да има среќен крај. Вам ви посакувам да имате најлесно породување и се да се среди навреме
@storeregbube јас имав плацента превиа, за среќа добро поминав. Кај мене се виде уште многу рано, Др очекуваше да се качи, ама тоа не се случи до крај. Одев на чести контроли, крварење немав, се породив во 37ма недела. Претходно докторот ме спреми, односно се ми објасни, дека имам голем ризик од крварење, дека можеби ќе имам трансфузија на крв, бев на дополнителни испитувања за крвта, и дека ако не успеат да го сопрат крварењето ќе прави хистероктомија.(како крајно решение кога би ми бил животот загрозен). рече дека ако ми се јави и мало крварење да одам на ургентен. Имав договорен царски рез, резервираа крв за мене за у случај да треба. Породувањето беше со целосна анестезија, на мое барање, бидејќи не сакав да бидам будна во случај да треба да се прави хистероктомија. Бебето го извадиле брзо, таа била супер, кај мене се јавило огромно крварење кога ја одлепиле постелката. Потоа следело "крпење"2саати. За среќа успеале да го сопрат крварењето. И после вкупно 3-4 саати ме ставија во соба за будење. Имав болки огромни и постојано барав да ме боцнат против болки, на 2 саати. Можам само да ти посакам среќа и позитивни мисли. @Viki tonci многу ми е жал... Не знаев дека така заврши... Те читав во труднички, ме советуваше, фала ти многу, и многу ми е жал... Но барем ти сега си добро, биди силна и јака... а бебето како е?
@tincemajmunce @Viki tonci @Ѕвездички Лелее што ми требаше да прашам, среќа живи и здрави сте сите со бебчињата, многу, многу ми е жал за болките што сте ги претрпеле, останете во добро здравје и ви благодарам на одговорите
Добар е бебуш немаше проблем со него,сега и јас сум подобро физички закрепнав и се трудам да се средам и да заборавам на целиот страв и стрес. За жал се случи тоа од што најмногу се плашев и си велев тоа мене нема да ми се случи ама господ сакал да биде така. Кај мене беше превиа тотална и со обилно крварење за време на породување. Никому да не се повтори, не е лесно да се прифати ама назад немаше. Многу е важна подршката од партнерот, за среќа јас ја имав цело време.
Те гушкам најмногу, ти си мајка лавица, каква што му треба на бебуш. Гушкајте се најмногу, сакајте се... Биди силна...
Dobra vecer na site vaka bev na kontrola sega sum 26 nedela i imam totalna placenta previa nemam krvarenje bebe si e super aktivno pa ve molam za spodeluvanje na iskustva bidejki se iznacitav se i sesto ❤️
И јас читав како тебе, но освен твојот Др кој најточно гледа друг никој не може да ти каже ништо. Да, ризично е многу, тоа е реалноста. За жал... Секоја од нас е различна, така што искуствата во оваа ситуација не вредат многу Опасноста е крварење и предвремено породување и крварење за време на породувањето. Мој совет е внимателно да одбереш Др кај кој ќе се породиш, многу е битно вистински да му веруваш и да знаеш дека тој ќе го направи она што е најдобро за тебе и твоето бебе. Јас се породив со целосна анестезија, на мое инсистирање... Не сакав да бидам будна заради можните компликации, така одлучив и не згрешив. Бебето го извадиле брзо, а мене ме средувале уште 3-4саати. При одлепување на постелката настанало крварење но за среќа докторите успеале да го сопрат. Со среќа...