Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Placenta praevia (плацента превиа)

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 29 мај 2012.

  1. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.200
    Мојата е близу до грлото ама не го покрива. Ќе одам во понеделник на контрола да видам дали мрднала некаде. Инаку сум 24+.

    Од тоа што ми кажаа докторите рано е се уште твојата недела за да се даде дефинитивна дијагноза, затоа што тек сега ќе расте матката и ќе се крева нагоре со плодот. Кај најголем дел од случаите до 24 недела се крева, ама чекаат и до 28 недела пред дефинитивно да ја потврдат дијагнозата зашто има шанса до тогаш.

    Исто маргинална (што само се допира до цервиксот) или делумна превија имаат поголеми шанси да се корегираат за разлика од случаи каде што од почеток е тотална, ама реално до 28 недела за сите има шанси.

    Покрај утрогестанот главна препорака е мирување, никако кревање тешко и ако не мораш да не одиш по скали. И при било какво крварење одма на лекар.

    Инаку да, ако остане така царски е единствена опција. Мене искрено за тоа ми е најмногу ако не се корегира, другово вака - така не е проблем и се тера до крај без проблем ако следиш препораки.
     
    На KuklickaSk и АнаМаријаД им се допаѓа ова.
  2. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    4.287
    Пол:
    Женски
    Прво спомна дека е маргинална па гледам напишала плацента превиа партиалис,и пишува на заден ѕид делумно го покрива OUI.

    Рекоа дека може да се качи ке чекаме само да мирувам да не кревам тешко,се што ми кажа и ти.
    Дај Боже да се крене има уште надеж. Што викаш ке расте сега побрзо па може ке ја крене нагоре.

    И мене ми е највеке за царски пошто си сакам природно нели,ама сега ако дојде и до тоа Боже мој,ако мора мора.
    Ке пробаме да направиме се што можеме да се крене,другото не е на нас.

    Фала ти,и ти посакувам да ти се кренала и на тебе :l:
     
    На AniSk и Giovanna им се допаѓа ова.
  3. Lavica2602

    Lavica2602 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2017
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    Jas sum 33ta polna denes, od utre ja polnam 34ta. Osven miruvanje, ne diganje tesko drugo nema. Jas od 23ta nedela lezam i ne se krena, ne se ni pomrdna. Kako sto ja vide Gurzanova vo 16ta nedela, taka si ostana. So carski ke bidam, da, samo Gospod da e so nas, da izlezeme dvete zivi i zdravi. Ni prva ni posledna so vakva dijagnoza, samo pozitivna misla i so Gospod napred.
     
    На АнаМаријаД му/ѝ се допаѓа ова.
  4. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    4.287
    Пол:
    Женски
    Ке биде се во ред мајка,Господ ке биде и со вас и со нас.
    Што викаш ни први ни последни со ваква дијагноза.
    :l:
     
  5. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    4.287
    Пол:
    Женски
    @Giovanna @Lavica2602
    Дали ако лежам со перница под кукови под газ има повеке шанси да се крене постелката?
     
  6. Lavica2602

    Lavica2602 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2017
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    Velat da, jas nemozev mnogu da lezam taka, i samo po 20min lezev taka koga stavav utrogestan. Taka nemozam jas da ti tvrdam od licno iskustvo
     
    На АнаМаријаД му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.200
    Искрено на почеток почнав и јас така да се кичмам да седам демек подзакосено, многу е неудобно и не знам колку долго би издржала. Не можам да го најдам изворот на студијата што ја читав, меѓутоа од тоа што разбрав ставањето перници е повеќе народски муабет отколку научно докажана метода. Па тогаш и се откажав кога го прочитав тоа.

    Ако ти е за утеха денес се враќам од преглед и плацентата е подигната :party: Не бев на ексклузивно лежење ама секоја можна прилика да одмарам и лежам ја користев, дома многу ретко фаќав да зачистам нешто, скоро се презема маж ми. Јас најчесто правам брзи јадења во кујна и пазарам нешто ситно без товарење. Од скоро работам и од дома ако е некој фактор.
    Еднаш летав и со авион со дозвола на доктор и се помина како што треба.

    Значи да сумирам ако нешто помогнало кај мене тоа било одмарање од најголем дел домашни обврски, лежење секогаш кога можам и некревање тешко.

    Имам верба дека и кај тебе ќе успее (fingers)
     
    На Starchild и АнаМаријаД им се допаѓа ова.
  8. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    4.287
    Пол:
    Женски
    Лелеее браво значи браво :party::l:
    Ми даде надеж ептен!
    Од кога ти ја открија дека ти е ниско која недела беше? Да знам колку време поминало до денес за преглед од прилика за колку време ти се кренала?
    Јас имам следно закажано на 25јануари тогаш ке бидам 26 недела. Ми открија сега мене во 20+ нешто на втор скрининг коа бев.
     
    На Giovanna и Starchild им се допаѓа ова.
  9. Starchild

    Starchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2016
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    1.777
    Пол:
    Женски
    Не се грижи,мене и со првото ми беше долу постелката ниско одма до цервикс,на втор скрининг,22 или 23 недела не памтам точно кога беше веќе беше качена.И сега ми е долу ниско во 16та кога бев нели ти кажав баш,ама имам надеж дека ќе се крене, од претходно искуство ни тогаш не мирував и на раб одев во фабрика работев,сеуште расте матката се шири нагоре.Јас не ни лежам,неможам и да сакам,имам друго детенце 4 год. во градинка не оди,си сака внимание сака да си игра,сака да прошета,јадење си сака доручек,ручек вечера,за нас исто мора да се зготви.Помош немаме од никој,едино што не чистам,рибам по дома тоа презема маж ми а и тој оди на раб по 12 саати смена.Ама мијам тањири коа не пуштам машина за садови,раскревам,прашина,алишта испери пружи,тоа е,се мора,како Господ никој не е,матичниот не ми ни рече за мирување јас се штедам колку е возможно.Ќе се крене постелката верувам и на мене и на тебе :hug:(fingers)
     
    На Giovanna и АнаМаријаД им се допаѓа ова.
  10. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    4.287
    Пол:
    Женски
    Дај Боже да се крене и кај двете :l:
     
    На Giovanna и Starchild им се допаѓа ова.
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.200
    Јас бев негде 18 недела кога ми кажаа дека е доле, на втор скрининг во 21+6 уште беше поприлично доле, еве денес сум 24+4 и веќе е очигледно крената, немаше потреба ни вагинално да ме гледа за прецизно да мери.

    Те чекаме со убави вести за еден месец, а до тогаш колку можеш уживај и не се оптеретувај премногу. Не мора скроз да залегнеш ама преземи си само некои полесни обврски колку да се раздвижиш малку и да се осеќаш корисно.
     
    На Starchild и АнаМаријаД им се допаѓа ова.
  12. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    4.287
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу :l:
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Девојки, гледам нема коментари неколлу месеци на темава, јас сум 12 недела.
    Од почеток на бременост при првите прегледи матичниот ни кажа немојте да имате односи плацентата е долу уште.
    По два прегледи даде зелено светло за односи као све е во ред. Тоа беше во 8ма недела.
    Во 10-11 недела фатив некој вирус пак завршив на гинеколог итно, онака прашав за плацентата и тој кажа кај сите трудници плацентата до кај 12/16 недела се шета, имајте односи слободно.
    Овој понеделник имав малку сукрвица ноќта па утрото одма отидов на матичен и ме прегледа и кажа дека е од плацентата и ми даде утрогестан. По два дена од утрогестанот, два дена лежејќи јас искрварив толку многу, пак итно на гинеколог, кажа и тој дека е од плацентаата и ми даде Дабростон и тоа по шема 1 месец да ги пијам.
    Се преплашив, лежам, дома имам и дете 4 год. многу ме слуша искрено не е проблем со неа ич ама психата ме уби :sweat:
     
  14. Starchild

    Starchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2016
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    1.777
    Пол:
    Женски
    Ќе си одмараш т.с лежиш и на односи заборавете до пораѓај,и нема кревање тежина ни детето
     
    На MartinaMM му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    Ти се крена плацентата? Денес на 20 недрлен скен ми кажаа дека е блиску до грлото на матката, ама би требало да се крене... ништо друго не ми кажа...

    Едит- видов си пишала дека се кренала. Се надевам и кај мене така ќе биде иако не сум во можност да мирувам.
     
  16. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.200
    Да ми се крена и тоа скроз. Имаш време, башка мислам дека отсега натаму само нагоре би требало да оди кај тебе.
    Мислам од сите препораки најважна е да не се крева тешко и ептен да не се прават екстремни оптеретувања. Знам дека имаш поголемо дете, обично е потешко да се мирува во такви околности, ама мислам дека ќе си ок.
    Пиши кога ќе одиш следно на контрола дали има некоја промена (fingers)
     
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    Димчев скроз искулирано ми кажа дека плацентата е блиску до цервиксот, ама као најверојатно ќе се крене. Ова не го напишал ни во извештај, ваљда ќе ми кажеше да е посериозно. Детето не го кревам, зошто е 25кила, ама се заборавам кога пазарам се килавам.
    Ќе внимавам на тоа повеќе, ти благодара.
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mirjjan

    Mirjjan Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,

    Негде 22 недела на скрининг ми дијагностицираа плацента превиа тотална. Со тоа што дадоа шанса да се помести до 28 недела.
    На следниот преглед плацентата веќе беше крената на заден ѕид. И секој нареден преглед позицијата на плацентата беше горе.
    Кога веќе таман се опуштив психички во 34 недела, се разбудив со локва крв. Отидов директно на дежурен. Бебе во ред, крварење запрено. Препорачаа мирување. Мирував, не кревав тешко. Но, не беше строго мирување со постојано лежење.
    После 4 дена станав ноќта до тоалет и повторно крварење. Отидовме на дежурен, кренаа паника и ме заддржаа на патолошка. Тогаш дијагностицираа Плацента превиа парцијална. Се спремија за итен царски, но пак престана крвареље, без болки, бебе добро, цтг уредно. Лежев 2 дена на патолошка. Се' беше во ред и ме пуштија дома. Со строго мирување. Една докторка кажа парцијална превиа, другата рече дека не е залепена за грлото на матката и дека е оддалечена 1цм.
    За еден ден влегувам во 36 (9ти месец), лежам и мирувам.
    Прашањето ми е дали некој се соочил со ваква состојба, до кога издржавте и дали сепак заврши пораѓајот царски?

    Благодарам <3
     
  19. Lavica2602

    Lavica2602 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2017
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    I da e parcijalna previa jas bi ti predlozila sama da si pobaras carski. Bilo kakva placenta previa e rizik kako za tebe ,taka I za bebeto.
    Jas bev totalna I morav carski, ama po objasnuvanjeto na doktorkata vo plodnost mi rece deka so placenta previa ne se rizikuva.
     
  20. Bebce ❤️❤️❤️

    Bebce ❤️❤️❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2021
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Женски
    Јас бев со планцентна превија според некој доктори маргинална според други тотална како и да е според сите доктори со превија се оди царски затоа што е ризик и за тебе и за бебето на царскиот супер поминав
     
    На Lavica2602 му/ѝ се допаѓа ова.