темплате се посебни видови сетови со можност само во квадратчињата да ставаш слики. Со тоа што некои во квадратчињата ставаат облека. И така испаѓа темплате и со облека. http://www.polyvore.com/cgi/template?id=24676 пример погледни го темплатов има посебно за јакна, за кондури, за модел, за ташна.... Има опција горе Make a template така да може да си направиш и сама темплате и да си го пополниш. Јас пробав еднаш и си викам зашто да се мачам да правам скица кога веќе други имаат направено и можам нивните да ги користам
Им отворифме работа на Polyvore зависничките да ни објаснуваат нејасни работи, срам да ни е . Инаку јас се наоѓам како во Шпанско село, треба да ја проучам средината па да почнам со сетови, и како можам да си го гледам профилот. Мислам си ставив наслов а сега не го гледам кога кликнам на Profile.
Па на твојот профил е. Горе опциите POLYVORE - имаш да видиш сет на денот, сетови на денот, групи и колекции на денот, најупотребувани слики итн. MY HOME - тоа ти е да си видиш пораки, ова она од пријателите се што креирале, сејфувале итн. PROFILE - е твојот профил и тука ти се објавените сетови значи профил кликаш (а ако ги кликнеш подоле опциите си гледаш свои сетови, колекции, итеми, лајкови, контакти, групи...) SHOP - може се да си купите што гледате на поливоре ASK - да си поставите или одговорите на прашање EXPLORE - тука имате сетови по избор од поливоре и официјални натпреватувања CREATE - да си креирате сет, колекција или ваш темплате значи скицата nikot - и тука ако отворите ви го отвара вашиот профил како другите ве гледаат sing out ... еве ви поливоре блог http://blog.polyvore.com/ поливоре на ФБ http://www.facebook.com/Polyvore и на твитер http://twitter.com/polyvore
^ Россонерке, не е.. 100 пати проверив, чепнав во секое ќоше, го нема, па го нема.. А баш ми се допаѓаше..
Можда додека сум чепкала сум го избришала несакајќи... Ај нема везе, ке си направам поубав Сепак фала за помошта
Сите ве најдов, и сите ве аднав! И вие сте криви што денес како манијак сум седнала на компјутер и не се мрдам од екран! Патем, Росонерка, мислам дека се пријавив на тоа натпреварот, пошто си модератор на групата те задолувам да провериш дали навистина сум се пријавила или стискав погрешни копчиња.
Девојки па вие сте сите со педигре! Не можам да се изнагледам на убавите сетови што ги имате. Каааде тргнав јас со овие едноставни комбинации?! Леле. Мажите гледаат фудбал и играат кантер страјк, жените се на Поливор. Невидена зараза. Еклерите за утре ми останаа. Под услов да не уклучам компјутер
Уште едно прашање Од страна на профилот мој, не стои ништо, ни set views, likes, contacts..мислам за тие квадратчињата, ми ги нема... кај се?!
хмммм вајда дека си почетник и немаш доволно собрано ни лајкови, ни прегледи, ни контакти ... А откако ќе ти се појават пример денес имаш 120 лајкови вкупно, а гледаш дека други ти лајкнуваат, ќе ти се појават утредента. Поливоре не прават постојан апдејт, туку еднаш дневно ти додаваат се на куп. Така да може утре ќе ти се појават на страна контакти, лајкови, ако си била активна денес frutini ми се допаѓаат
Фала Штрумфетче И не ме зезај, твоите се ко извадени од некоја модна куќа из Париза! Еј, а има ли можност се што е на сајтов некако да се најде за една секунда во мојата гардероба?! Ако може мислам. Еве и пет минути ќе почекам Скромно желбиче. Или Дедо Мраз не прима желби после Нова година а?
Не те зезам навистина прекрасен избор , а можеби си видела некое туѓо сетче затоа што јас само едно си направив до сега и многу сум не задоволна ич незнам да комбинирам. Досега што разгледав обувки едвај нешто да ми се допадне или пак сеуште не можам да најдам. Вие дали би искомбинирале кафена боја со сина како на мојто сетче? -мене ми се допаѓа.
Штрумфетка искрено ќе ти кажам што не ми се свиѓа 1. што сандалата се гледа пола, другиот дел со текст ти е покриен 2. фустанот и блузата се големи и шорцот, а сукњата кафена минијатурна а ми се допаѓа сликата, рамката, позадината, сенките, палмата, мечето... абе супер ти е за почеток, ова се само совети мои, никој учен не се родил
Таков го најдов темплејтот и мене тоа не ми се допадна а и сандалката таква си е одтаму ухх треба малку повеќе да се растражам. Сепак фала Едит: ова мечињата, цвеќињата ми се од темплејтот, пробав да барам такви работи да си го украсам но не ми наоѓа, пишам flower и ништо не ми излегува туку само облека со цвеќиња пример.