Јас пошо сум почетник не се ни надевам на некое победување или награда така да гајле ми е, влегувам во натпревари зашо ми се предизвик, дека има одредена тема и немаш многу голема слобода, туку нешто конкретно. Плус имаш почетна идеа
Јас па сакам да си имам слобода во правењето сетови. И ако се погоди некој натпревар со складна тема, се пријавувам. Некогаш кога сум порасположена ги правам така накај art, како претходните. Ама треба страшно многу трпеливост за одбирање на items. Многу полесни се сетовите со ставање една две слики, облеката и после само пополнуваш простор.
јас многу љубов вложувам во сетовиве, како да правам уметничко дело Ептен со мерак ги правам. Не знам како порано не сум правела ич сетови.... Овој е специјален мартовски
Старфиш јас се заљубувам во твоите сетови. Перфекција! Ми се допаѓа си тераш свој стил, препознатливи ти се сетовите, и без да го видам името знам твои се. Тоа е многу битно.
Роси мило ми е многу Јас сакам моите сетови да не се класични, така да имаат малку уметнички примес, да значат нешто. Зошто нели, секој аутфит си има своја приказна и своја цел. Мене во товите сетови ми се допаѓа што секогаш има нешто што отскокнува, имаат некоја острина во нив, и секогаш се страшно елегантни!! Пофалби и до Сенза, СексиЛејди и Пирамидката!
Старфиш прекрасни ми се твоите нови сетови! Оригинални во секој поглед Мојот денешен, после подолго време.