Девојки сакам да ве прашам како го поставувате облеките, еве на пр. панталони така на косо? Кај мене има ротирање лева-десна страна и горе-долу т.е. наопачки...
Стави пример фустан и кликни на него кога ти е во сетот. На него горе имаш едно кругче. Па со маусот ротирај го
повеќето од работите на polyore ми се допаѓаат но за жал ние касниме со времево - тие работи што се таму кај нас во мк којзнае кога ќе дојдат ..
Вчера се зачленив и по цел ден дремам на Поливор .Баш се навлеков. Ама морам едно прашање.. Кај ги наоѓате натписите и позадините што ви стојат позади сликите? мислам дека ке разберете за што прашувам И за 15 минути стиже мојот прв сет
Еве ги и моите првачиња. И доколку некој има некакви критики и забелешки навистина добро би ми дошле. http://www.polyvore.com/cgi/profile?id=2222302
Вак јас пак имам неколку прашања... (можеби сум досадна, ама нова сум и си немам појма од ништо) 1. Јас сакам да прашам за позадините како текстови што се со ситни буквички. Каде ги наоѓате? Еве вакви: 2. Каде ги наоѓате тие убави сликички што не се облека, еве како на пример девојкава во последната слика со машната на уста? 3. Кај некои членки (од Америка мислам дека беа) имаа нешто текст на нивниот профил горе - нешто како порака, како Статусите што ги објавуваме на фб. Каде можам таква порака да си напишам? (ако ме сфаќате на што мислам)
Секси имаш search нели. На него ќе пишуваш се што сакаш. Како на google што пребаруваш така и овде се што сакаш пишуваш. По случајност ги наоѓам сликиве и си ги зачувувам, нели кажав на save item. За текст пишувам text, text vogue, text elle ... За да напишам некој цитат ја одбирам понудата под фустани, панталони... има TEXT! и таму си пишувам порака и си се става во сетот таа. Плус има финта од многу страни низ интернет да си ги ставиш сликите на поливоре. (ама има многу страни од кои не може) http://www.polyvore.com/cgi/clipper Еве разгледајте си. СО тек на време ќе сватите. Ајт одам јас да направам некој сет одамна не сум направила
Ме заразивте значи, и денес претерав. Овој е последниот за денес, а веројатно и за подолго. Ова е тоа што планирам да носам вечер. Багуфче имаше направено сет со овие панталони, па ми текна дека денес можам да ги носам, ама еве како ќе ги комбинирам, со моите нови чевли
Инаку не ми се појавува кругче, еве како изгледа: (има само како коцкички на рабовите за да се зголеми и намали големината на фустанот)