Одамна член на Polyvore, да ве прашам не ви прави нешто проблем деновиве, пошто мене никако не ми дава да се логирам!? успут http://www.polyvore.com/cgi/profile?id=1018815
Еве ме и мене http://www.polyvore.com/cgi/profile?id=2137310 Го направив пред еден месец профилот, бев таму еден ден по потоа ме мрзеше да се уклучувам. А сега кога ви стана атрактција, ајде и јас сум таму
http://www.polyvore.com/untitled/set?id=27729357 Ете го мојот сет со template малце не е како што си замислував,ама има време ќе научам Се надевам сите ве аднав SexyLady ако може да ми кажеш како го сликаше ова??
Со копчето принт скрин на тастатура. Иначе бар за мене е многу полесно правење модни сетови без темплате, зашто се што има во темплате од рамки текстови може во сеарч да се најде и имате поголема слобода за пребарување, а не како во темплате само да ставате во неколку квадратчиња. Јас рамки барам по називите frame, border, corner, papers a често не ставам рамка туку ќе најдам интересна слика и ја ставам под моделот пример и изгледа како шарена рамка. А дел од штосните слики со модели ги наоѓам под имињава fashiongone, vogue, elle, tumbrl ... или како што кажав на претходната страна со постапката јас сама од интернет си ги ставам на поливоре.
Еве да се пофалам,првпат ми одбраа сет во еден натпревар,4то место во натпреварот за топ сетови од јануари
Баш тоа се токмев да те прашам Росонерка. Незнам ниту едно зборче да си најдам нешто интересно па за тоа си избирам некој темплејт (што и не се многу убави) или пак си правам без рамка, но ич не сум задоволна .
Тууууу еден куп жени сум додала на polyvore хаха - како и тука и таму сум *FBI* Едно време бев многу зависна од polyvore....сега можам да кажам дека апстинирам ама гледам дека покрај честото спомнување на polyvore тука, мојата апстинација нема да трае долго Ама ако! Интересни сетчиња жени, ќе ви доделам по некој лајк Овој сет ми е еден од фаворитите http://www.polyvore.com/cgi/set?id=23835442
А да ве прашам, зошто таму и тука истото го ставате? Па тоа е сосема друг сајт и се меша со форумов. Искрено, не гледам потреба и тука да ги постирате сетовите, што веќе си се објавени на сајтот, туку тој сајт е направен таму да си комуницирате, некако темава тука ми е излишна. А и рекламира друг сајт.
Па да се заклучат ако не и темите за Луи Витон, за Викторија Сикрет, за Ebay ... дека се рекламира Или темата за Замунда, за сајтови за симнување на филмови, за Авон, за Мис Спорт, за онлајн книги .... Поливоре е една од најпознатите страни за мода, за шопинг, за креирање сетови, не гледам причина да не си разменуваме искуства и да си покажуваме сетови. Кој не му се свиѓа нека не ја отвара темава. Тоа што се активира многу темава е нормално, на почеток се е интересно, додека не им помине меракот на повеќето.
Секогаш кога некој ќе каже нешто против некоја тема, одма нека не ја отвора. Јас само реков дека мислам дека се коси со форумов и тоа е мое мислење. Тој сајт си постои за таму да се коментира, таму си ги правите сетовите и таму сте си пријателки. Некако е излишно и тука истото да се прави.
И јас сум одамна зачленета ама не киснам многу, т.е. одамна немам киснето, сега ќе ве додадам сите, а мојот акаунт е http://www.polyvore.com/cgi/profile?id=1669914
Помислив и јас на истово...меѓутоа ако спомнев ќе ме искараа одма .Не е во ред на овој сајт и форум да се коментира за друг сајт.Мое мислење е ова.
Ништо, Џули, не е наше да коментираме дали темава ќе живее или не. Ако не ни се свиѓа, нема да ја отвораме, а и форумов ако не ни се свиѓа, исто не мора да го отвораме. Толку од мене, да не им ја уништувам темава со оф топици
Девојки, а зошто толку се возбудувате? Убаво кажа Росонерка, ако е така пола теми треба да се затворат, бидејќи се е реклама Ајде земете пуштете си музиче, направете си кафенце и земете креирајте некое сетче Ептен опушта
Многууу нови пријателки на polyvore имам, ми се допаѓааа! Нападнавме Феминки Девојки јас мислам дека има надлежни членови кои можат да одлучат дали темата треба да биде избришана или не Дајте пак да не започнуваме дискусија која не води никаде, во последно време на форумов секоја дискусија со спротивни мислења се префрла во кубење коси.....Конкретно за темава мене не ми смета Како реклама за сајт се сваќаат и предлозите за страна со апликации за мобилен, страни за синмување програми и филмови.......така да- убаво кажа Сеси, да се опуштиме