Пример во последниов твој сет си го употребила овој фустан цветен И кога ќе кликнеш на него ти се отвара ова http://www.polyvore.com/marc_jacobs_gar ... d=27951427 Тука ќе видиш најгоре десно дека девојката asianbeauty всушност го ставила фустанов на поливоре, па логички ако е нечив е нејзин Има девојки кои ставаат слики од свои блогови па често не дозволуваат да ги ставаат нивните слики други луѓе, глупости Потоа одоздола пишува дека моментално 561 човек го има зачувано фустанов. А под фустанот ги има сетовите каде е искористен овој фустан, всушност дадени се 20те најгласани сетови со фустанот. Ако има 561 човек зачувано овој фустан, бројката сигурно е слична и дека има околу 500 најмалку сетови со него. Па 500 луѓе ти го украле Има луѓе кои копираат сетови. Мене 3-4 пати ми се случило да видам (а може и некои не сум ги видела) сетови 95% исти кои моите. и фино лепо ќе си ги флагнам на Flag as inappropriate и поливоре најчесто ги брише. Иако може и преку приватна порака да и се развикаш на типката која те копира и да и се заканиш дека ќе ја избришат (божем ) и она сама ќе го избрише. Најчесто новите девојки копираат цели сетови.
Ливинг ако мислиш на мене .........извини но морам да кажам дека го имам ставено истиот фустан во сет, но не сум го видела кај тебе
Не ФБИ, немислев на тебе Сакав да кажам - си се приврзувам за облекиве ко да се мои Ко некои кога ќе видат на улица исто облечена женска, така јас овде, а како што кажа Росоњерка, ги има многу ... се зезав, бај д уеј, малку си преувеличувам, не сум дотолку шлакната myyy precious
Абе те сваќам. Ко јас што сакам чизми со врвци, ама убави чизми не како во градов неколку пара со врвци што има и се бројат на 1 рака и се грди. И не купувам чизми зашто сакам со врвци и точка. Лани сакав високи чизми, кај нас ги имаше во Виктор Шевињон и во Бата. А годинава ги има секоја втора цура, ако не и прва. Така да и јас посакувам илјданици парчиња облека од тука. 2 години очи ми паѓаат во поливоре Само ви кажав во постот да си знаете, посебно ако приметите ист речиси сет како вашиот од некоја девојка направен после вашиот секако. Да не испадне вие копирате И пријавете го и ќе средат
Си направив сет за пролет! Со панталони како од новата колекција на ЊуЈоркер. Здравје Боже, да се заштеди малку па да ги купам! Многу ми се бендисуваат. Море, една ваква комбинација и Старфиш е среќна за цела пролет
И кажи ми како да не ти ставам лајк??!! Само неколку дена си зачленета а сетовите ти се професионални ко на Россонерка.
Јок јок, не дека сакам да глумам лажна скромност, ама Росонерка ни е професионалец во сетови правење Позадината (тоа весникот) и го украдов на Старфиш...сепак само гледам и учам. Ама интересно ми е ептен се навлеков ко мало дете. Развивам фантазија. Сепак фала ти Штрумфетче
Девојки, приметив на профилите на Штрумфета и на не знам уште кои други, како да го сменам горе тоа што пишува "Youlen's polyvore" да си напишам некоја порака како што имате вие?
Јас сум приметила дека многу повеќе внимание се посветува на позадината на сетот и на останатите детали одколку на самата облека и комбинација така да понекогаш облеката неможе да дојде до израз од тие позадини... Или има некоја фора со позадиниве а ја да не сум во тек..
Да многу е важна позадината, искрено многу живост и ефект му дава на сетот...без добра позадина некако како да ми е штур сетот Кога си ги гледам првите сетови, многу ми се чудни- и тоа токму поради позадината Баш позадината може да направи облеката да изгледа попривлечно, бар такво е моето мислење
Поливоре не е во суштина страна за комбинации на облека САМО. Има модни сетови во неколку видови, има арт сетови и тоа прееееееенајубави, има темплате сетови. Еве пример сетови кои се модни и креативни, девојкава сече од фустани си прави сама модели предобра е. http://www.polyvore.com/natural_mind/set?id=20621314 Модните блогерки најчесто прават ваков вид на сетови, со слики од модни писти, со нови парчиња често лудо ги комбинираат http://www.polyvore.com/cgi/set?id=19270887 А има сетови на кои пред се битни се сликите, битни се деталите, позадината, никој не ја гледа облеката, најчесто е само по боја избрана. http://www.polyvore.com/it_so_easy_to_b ... d=21471320 http://www.polyvore.com/happy_birthday_ ... d=27511450 сетови од модни писти http://www.polyvore.com/elie_saab_haute ... d=27629960