1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Post it board) Таблички за потсетување

Дискусија во 'Дом' започната од Lux, 24 октомври 2011.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Кој е вашиот потсетник за активносите во денот?
    Оние што треба прво да се направат па тие потоа да ги направите...
    Лепите самолепливи ливчиња на фрижидер или имате своја пост табличка за потсетување?
    Ако имате каде се наоѓа и што најчесто пишувате во неа?

    Можеби над биро, над кревет или на некое друго место, на ѕид или на некое трето?
    Дајте идеи како сами да си направиме вакви табличи или можеби се купуваат готови?
    Или да се искористат оние таблички што ги имавме како мали пиши-бриши некако?
    Нешто со морска пења е изводливо, спајалици, ножици друго што ни треба за да направиме една ваква табличка....... ?
    P.S од кога и се токмам да ја направам, доста забележував во ноутс на мобилен, друго е да се има ваква табличка, ако ништо друго ќе послужи за некоја слика и за закачување на накит посебно ушници тоа со морската пења
    Ако не знаете еве за што зборувам
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Порано, додека уште бев средно, имав еден нотес со графи на кои имаше испишано датуми и денови. Беше прегледен за ваква работа, а јас како средношколка имав најразлични школски и воншколски активности кои си ги запишував во случај нешто да не заборавам. Одамна вакво нешто не практикувам, а ни самата не знам зошто... Некогаш сум изгубена со паметот, па добро би ми дошло мало потсетување кои ми се обврските за денот. Ама не бе, јас упорно го замарам мозокот. |(
    На фрижидер имаме закачено ливчиња со магнети, ама не се потсетници туку пораки, кој кого барал по телефон, кој има задача за некоја домашна обврска, кој каде треба да се јави и сл. Обично тие мама ни ги пишува во овој стил: „Имате макарони за доручек на шпорет се, сирењето и јогуртот се во фрижидер, а сосот е на маса. Јадете и бидете добри. “ И одоздола е потпишана како mam. Никако да научи дека се пишува mom :lol:
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Добра тема :)
    Јас имам ваква табла, од плута е ми се чини, е сега јас не сум креатвна за вакви do it your self :( и си купив готова. Во една книжара во скопјанка е 300 денари од поголемите иначе во Џамбо е 500.
    Најдобар потсетник ми е за се! За факултет, за купување, за плаќање сметки, дури и за нешто глупо и банално што треба да го направам(пример да се јавам на тој и тој да му кажам тоа и тоа :^) :lol: ) Јас мојата си ја имам закачено над креветот, нема промашај ;)
    Сеуште немам закачено слики, имам видено многу табли каде си ставаат некои битни фотографии, писма итн.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Мојата табла е креативно налепена со се,освен со потсетници.Ако сакате да ми ги видите желбите,расположението,абициите и личноста,погледнете ми ја таблата.Е сега не ви кажувам по кој редослед се налепени,ама има приказна!
     
  5. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Немам таков потсетник! Се потпирам на мојот памет или запишувам на обичен лист па го чувам во паричникот мој и одвреме навремен се потсетувам! Едно време на телефон запишував нешто вакво ,,во недела на кафе со Сања,, Сега и таа навика ја изгубив па како што реков се трудам да паметам! :!:
    Ваљда би било практично да си имаш пред очи таква табла потсетник која би помагала во организација на времето, запазување на важни активност и сл...ама јас немам!
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Си имам една во офисот ама не за мене, туку за тој другиот што се треба да заврши. Самоиницијативно сам си ја купи, од книжара.
    Јас се си памтам или расејувам ливчиња одоколу :D .
    Тоа не е мој стил на функционирање т.е потсетување
     
  7. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Имам огромна плутена во канцеларија, ама таму ја имаме ставено временската рамка со активностите за проектов, имаме закачено фотографии, разгледници и интересни натписи :lol:
    А по бирово се ми е на ливчиња. Не можам без нив. Моментално имам залпено 3 на монитор, 1 на кутијата за моливи и уште милијарда испишани податоци на хартијтата за под тастатурата (не знам како се вика тоа :D )
    Мене у принцип уредно ми е бирото, ама така книжулињата му даваат посебен шмек ;)
    Дефинитивно мислам дека се добри потсетници.
    А ако нешто за утре треба да го направам хитно, си оставам ливче на тастатура и си одам дома. Нема шанси сабајле да го промашиш :geek:
     
  8. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    на работа ставам ливчина на сите страни , под тастаура на монитор насекаде :lol: дома обично се потпирам на мозкот мој намачен хахаха ама идејата за ваква табла не е лоша , сум видела кај многу дома у кујна посебно
     
  9. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Во принцип се си паметам, ама како рекле будалиот маети, паметниот пишува, па така кога ќе се сеобрат обврски си ги запишувам во нотес кој постојано е со мене, или на фрижидер лепам ливчиња. И бааги фрик сум кога станува збор за организација. Особено кога носам документи и треба да одам на разговори сакам се цакум пакум подредено и обележано во папката. Инаку мм ми е мн интересен дека често знае да си ги заборави сендвичите кои чат пат си ги зема за на работа па му лепам потсетник на палтото или на чевлите и нема утка :lol:
     
  10. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Секогаш се потпирам на моето досега фала богу добро памтење ама убаво викаше мајка ми ,,пиши, хартија се трпи''. Имам една табла од морска пена во соба ама за се друго служи освен за потсетување.
     
  11. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Вообичаено си ги памтам сите обврски и задачи, ама една ваква табла би била добродојдена. Немам навика да си запишувам обврски, а често многу ми треба. Посебно кога се ближи тромесечие или полугодие и не бомбардираат со однапред закажани тестови и испрашувања, па најчесто сите тетратки ми се ишкртани со датуми што после неколку денови не знам ни зошто сум ги запишала.

    На повеќе наврати сум молела да ми купат една, ама секогаш се извлекуваат со тоа дека немам простор каде да ја ставам. Имам идеја доколку купам таква табла, што и како ќе има на неа. Не ме бива за рачни изработки, па не се ни обидувам да направам нешто слично, затоа што сум сигурна ќе биде многу голем fail.
     
  12. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Паметниот запишува, будалиот памти.. :lol: :lol: А јас сум во будалите, се обидувам да памтам, иако некогаш ми се десило и да заборавам нешто (важна работа не за среќа ;) ). Немам ниту табла, нити имам услови за неа, а би сакала да имам. Нити лепам ливчиња за потсетување иако подобро да имаш потсетник одошто да заборавиш некоја обврска.
     
  13. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Додека одев на училиште во шкафот каде што ги чував книгите лепев ливчиња, си правев потсетник на работите кои треба да ги завршам.
    Убава работа се овие таблички, би купила, но обично се што треба да завршам памтам или пак ќе запишам некој поважен датум ден во мобилен. :)
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Имам ваква, уште одамна си ја купив, ми стои над креветот дома кај моите. Планирам да си ја земам овде, и ќе ја ставам во детската соба. Ама не ја користам како потсетник, повеќе како еден вид споменар, со слики, разгледници, карти и флаери од концерти и слично.
    Ако треба да завршам нешто важно, а постои можност да заборавам, тогаш на фрижидерот лепам post it ливчиња или обично ливче го закачувам со магнет. Па така мене фрижидерот ми е табличка за потсетување :D
     
    На Gordana10 и drugarka им се допаѓа ова.
  15. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Немам ваква табла ама би сакала да имам, би ми се нашла и како потсетник и за други работи - слики, разгледници. Ретко заборавам работи, но за секој случај понекогаш, кога треба повеќе работи да завршам, запишувам во телефонот или пак на ливчиња и си ги ставам на некое место кај што ќе ми се пред очи или пак в паричник ако треба да купам нешто. Едно време и на рака запишував :wasntme: .
     
  16. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Имам веќе една, ама многу е малечка (40*30cm) плус целата е пополнета со се и сешто. Има многу ливчиња, флаери, некои пораки, глупости, слики и слично. Ми стои веднаш до бирото, закачена на плакарот и секогаш ми е на видик. Одамна сакам да си купам нова, поголема табла ама никогаш не сум обрнала внимание низ продавнциите дали има вакви таблички. Искрено добра работа е ова, не дека на неа ми се закачени ливчиња со работи што треба да ги направам или со дати на кои правам тест/писмена, туку со ливчиња кои имаат некоја важност за мене и слично.
     
  17. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Јас од тие самолепливите лепам на фрижидер.
    Обично запишувам за на забар кога имам закажано, значи нешто кое е закажано за 2-3 недели да не заборавам :)
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Јас си направив, ко ќе ја досредам ќе ви ја сликнам.
    Да ставам само од другата морска пена зошто моменталнава ми е со розев спреј направена и почна да се рони. Инаку на неа имам закачено life quotes
     
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Дневните и неделни службени обврски си ги запишувам во службениот тефтер, а таблата во канцеларија ми е резервирана за месечниот личен план на активности, месечниот план на патувања, годишниот план на одделот, како и листата на празници, да не пропуштам некој :D

    Дома немам табла, ме асоцира на канцеларија :D
    Приватните обврски си ги запишувам во едно тефтерче кое си го носам секаде. Во него си запишувам и некоја идеја на која можеби во моментот не и е време за реализација, па да не ја заборавам.

    Дома си имам еден документ во ексел, кој живот ми значи, и во него има неколку страни, главно различни планови - годишни, месечни , неделни, дневни.
    За да не заборавам ништо, и да посветам внимание на се што треба, многу ми е важен планот кој содржи неделни и дневни задачи, поделен по сектори за да биде помалку хаотичен. Има неколку редици: лични, деца, сопруг, пријатели, постдипломски, дом, и имам колони - неделни, каде ги запишувам генералните планови, и дневни задачи, за секој ден во неделата. Ми требаше ваков приказ зошто ме потсетува да одржувам баланс на сите полиња :D Инаку знаеше да ми се случи одреден период да се посветам на едно - две полиња, и се друго да ставам во втор план, па после да трчам да оправам нешто друго, и на крај комплетно да излезам од колосек.

    На страна од генералните цели - годишни и месечни, обавезно си задавам неделни лични цели, на страна од претходно споменатите обврски, и поделени ми се на: физички, ментални, духовни и социјално-емоционални.
     
    На Stephanie и pink4ever им се допаѓа ова.
  20. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Мене не ми помагаат вакви таблички. :)
    Уште ко знам за себе чкртам, планирам, на телефон, на ливчиња, на компјутер или во џебно тефтерче.
    Оценки, идни обврски, облека за наредниот ден :D , курсеви или спортски активности, по фрижидер, шкаф, над кревет, на огледалото во купатилото (за кога ќе мијам лице да го видам :!: ) и истите следниот ден само чкраап во корпа, не се ни мачам да ги прочитам затоа што веќе имам друга умисла.
    Изгубив живци за вакви ствари.
    Единствено кога имам многу обврски збркани пишувам текст во телефон од типот, таму и таму во толку и ставам аларм за да ме потсети.
    Дата на тестови - позади на тетратка.
    Друго се во главата ми е скроено, за да ми е секогаш при рака. :rofl: