Си имам две вакви табли ама не ги користам за потсетување. Закачени ми се на ѕидот и на нив има слики од мене и моите пријатели, семејство... Инаку сликите ми се правени со украсни рамки на имикими Сега сакам да си купам уште една па неа може да ја користам како потсетник. Или пак пријателите да ми пишуваат на шарени ливчиња по нешто, јас да си напишам некои мудри мисли и да си ги закачам. Моите ми се чудат како ми се трошат пари за тоа, сите деца барале фармерки, маички и чизми а јас табла. Ама што да правам кога ме радуваат такви мали работи.
Ќе си напраам апдејт на одговорот, сега строго за накит ми користи, во немање на простор за ''скапоценостиве" мои. Иначе во план ми е да ја трансформирам во memory board, само со слики, писма, пораки и разни глупости од најблиските и најмилите
Одамна сакам да си купам али се заборавам Ќе си купам денес ако ми текне иначе би ја користела како потсетник за писмени, за на забар кога имам закажано.. И за накит ако има место
Имам ваква табла, ама нема улога на потсетник за секојдневни обврски, туку има улога на табла со спомени и работи што ги сакам. Имам закачено слики, исечоци од списанија, мотивациони текстови, слики од омилени бендови и сл. Интересен украс е,ми стои веднаш над кревет...
Пред некое време си направив голема ваква, зашто неможев да си ја најдам посакуваната големина а и рамка украсна да ми одговара со собата.. како и да е не ја користам за пост ит ливчиња, планирам да испозакачам слики. А ливчињава ги лепам кај стигнам, на тастатура, монитор, полици, на врата, на биро
Имав порано,уште кога одев во средно.Отпрвин чував сликички,етикети од омилените продавници , некои ливчиња испошкртани...После ставав ливчиња шо треба да направам у денот,такви некои ствари,ама на крај ме примрзе па фрлиф таблата,и си купив нотес.Мора да ги знаете оние дебелите мали нотеси,кожни,има за секој ден и секој час.Од тогаш не испуштам такво од рака,и да ви кажам,многу ми користи.Неморам да застанувам и да мислам шо требаше сеа да праам.Постојано е во моја близина нотесот,само го отворам за тоа што ми треба и кога ќе завршам нешто го прецртувам со една линија,и некогаш ставам штикла.Ми стана навика уште од тогаш,и супер е,за негубење време беспотребно.
Од кога се канам да си купам ама никако да го направам тоа, само што и да си купам нема да ја користам како потсетник туку сакам да си закачувам слики и некои такви мои важни спомени... а што се однесува на потсетник, во последно време почнав да си запишувам во мобилниот во мемо и ми стои на дисплеј и мнооогу ми помага
Имам таква табличка во мојата соба, над бирото, таму си ги закачувам белешките кои ми се потребни за на факултет, имам и над креветот, таму си закачувам слики, интересни пораки, некои ливчиња, to do листи .... На фрижидерот со магнет обесуваме ливчиња од рецепти, пораки кај сме што сме, нешто ако треба да се купи - направи
Јас имам една табла од плута со средна големина над бирото. Не закачувам многу потсетници ама имам закачено слики од мене, другарки, семејството... личности кои ми значат. Многу добар украс е на ѕидот. Ете најдов некои примери кои многу ми се бендисват
Сакам да си купам една, но во Велес, во книжарите има многу мали, за 200 денара. Две ливчиња да ставиш и полна е. Сакам некоја необична, не дрвена, поинаква некоја, со топувчиња да се закачува. Имам многу равоти за закачување, сликички, некои ливчиња со пораки кои ми се залепени со салотејп. Кога ги вадам ми се кинат. За потсетување користам самолепливи ливчиња, во бои што се, имам во форма на јаболко. Многу ми се слатки, цела соба ми е изналепена со такви. Лепам околу компјутерот, а во шкавчето со книги имам за на училиште, за тестови и писмени. Имавме едно, вертикално беше и имаше напишано како листа * на заболекар * на гости * на училиште * во продавница, и имаше едно топче на конче беше и го носиш до местото каде што си, па така дома знаеја каде сум или јас за нив. Но ми се изгуби некаде, па да ве прашам да не знаете од каде да си купам ? Многу ми вршеше работа. Си барам идеи за табла, па еве некои кои ми се допаѓаат. Може да ви бидат од корист.
Јас имам купено од Џамбо, но тоа е само како плута листови, тенки се, не се урамени, 3 имаше во пакување и беа околу 50 ден. Јас ги имам залепено на ѕид и си закачувам работи со обичниве шпенагли за вакви таблички што се, но морам накосо да ги боцнувам затоа што право би требало во ѕид да ги набодам. Со лепенки си закачувам исто. Предност е што може да ги обликуваш како сакаш и многу се ефтини, јас и не ги сакам тие во рамка што се.
Многу сакам организери,планери,потсетници. Имам и во мобилниот и на меил , а богами и вакви на хартија. Во сите си запишувам различни работи. Овие табличкиве ми изгледаат малку несредено и освен тоа се достапни за сечии очи. Јас си сакам приватност,да си шкртнам што планирам/сакам да направам. Имам за школо ,за обврски од тип забар,фризер,козметичар, до важни датуми , родендени ,забави,прослави. Убедливо најобемни ми се списоците за што треба да си докупам. Кога ќе видам така на хартија поразумно одлучувам дали нештото стварно ми треба. Инаку овие ливчињата за потсетување ми се ептен фини,шаренки. Обично му лепам такви на татко ми на фрижидер ако треба нешто да сработи.
Конечно, и јас си направив. Се мислам, дали го сликам, оти има слики.. После треба да ги замаглувам. На морска пења, ставив еден материјал/хартија, што е за подароци. Ама по друг е материјалот, сличен на платно. Испринтав, еден куп поговорки, повеќето се смешни. И ги обложував со салотејп. Затоа што, ако не ги обложев, ќе се разлетаа насекаде, и ќе требаше еден куп шпенагли да ставам. Вака изгледа, по спастрено. Башка, му ставив само бели и плави шпенагли, за да одговара со детската. Штета што немаше розеви/лила. Направивме, 2 таблички, коцкички, и ги ставивме една под друга. Едната е потемна плава, а таа под неа, е посветла. Посветлата е моја. Да не го фалам, ама многу е убаво.
^ Би сакала јас да го видам твоето, се гледаме на интернет, некои прилично невозможни за некои од нас. Ќе ги покриеш некои битни работи, слики и слично,
Еве го моето недопраено, го правев зимоска, со баѓи уништена морска пена, малку прснато со розев спреј, но гледате се уништи и не го допрскав. Има поучни цитати и реченици кои вреди да застанеш и да ги прочиташ. Го правевме со сестра ми, ама уште треба да се прави, ќе ставам после пак ко ќе го доправиме. Закачено е на ѕид над елементчето со фиоки.(како да го кажам не зна)
Епа ај тогаш, и јас да го ставам моево.. Во втората слика, фатив малце од на сестра ми. За да видите дека се со различни бои, и едно врз друго. На таа малецката слика, сум јас за полуматура. А на тие двете горе, што се споени.. Сме со другарките, и затоа има ливче: creating new memories with your friends. Edit: Тоа срцето, виолетовото.. Јас го направив, го сошив, и му бутнав памук. А тие срцињата, црвени, сестра ми ги направи.