Не наидов на тема за оваа група, па решив јас да отворам, бидејќи сметам дека заслужува посебно внимание и простор. Основач на оваа група е Scott Bradlee, кој е музичар, пијанист, композитор и аранжер. Исто така е вљубеник во џез музиката уште од рана возраст, а е познат по своите вирални видеа на YouTube. Групата е активна уште од 2004 година, а карактеристично е тоа што изработуваат кавери на познати, претежно современи песни, преработувајќи ги во џез стил и други жанровски варијации. Групата брои огромен број на постојани членови и соработници, видеата им се ретро, со интересна костимографија и сценографија кои се во согласност со песната, а најчесто и кореографски поддржани. Се истакнуваат најмногу по тоа што секогаш се застапени вонсериски вокали. Јас генерално не сум љубител на современава музика, повеќе пати се имам изјаснето дека слушам постара музика, меѓутоа во нивна изведба сето тоа звучи како да е од некое друго време ме имаат освоено со доста песни кои инаку не ги сакам воопшто. Дали некој од вас е запознат со постоењето на оваа група, дали ги слушате, како ви се допаѓаат...? Ако не ја бива темава, се знае - канта.
Групава случајно ја открив, имаше ставено песна на некој од нашиве портали - ми се допадна, па ѕирнав и друго од нив. Се сложувам, нивниве верзии, особено во однос на „современиве“ хитови, се далеку подобри. Една од омилените од нив (инаку, песнава у оригинална верзија не ја поднесувам ): П.С. И оваа е закон.
Јас ја открив, т.е. ми ја покажаа пред две недели, и ми е најнова опсесија. Најомилени ми се преработките на Like a prayer, Talk dirty и Die young.
Од темава дознав за бендов и не знаев која песна попрво да ја пуштам. Одлична работа, современи песни, па дури и некои ептен утнати како Анаконда ги преработуваат на толку префинет начин. Прекрасно! Еве јас решив овие две да ги издвојам: Оваа посебно ми се допадна: Мислам дека пијанистот најдобро си ја врши работата, иако и другите не се воопшто за потценување, особено вокалите.
Овие ги знам уште пред неколку месеци и најмногу ми се допаѓа преработката Maroon 5- Мaps. Проверете и други песни од истата пејачка Morgan James.
Проверете ja и преработката од Anaconda-Nicki Minај. Браво за сите, сите се добри, а треба да имаат и турнеја низ Европа ама како и секогаш не доаѓаат во Македонија.
Сите им се преубави Патем, од тука дознав за нив...сега осеќам дека 24/7 ќе се слушаат Од сите, овие ми привлекоја доста внимание
Мило ми е што ви се допаѓаат и на тие што сега ги откриле преку темата и на оние кои ги знаат од претходно. Секогаш сум за квалитетна музика и квалитетни вокали. Ве поздравувам со уште нешто од нив: