Нова серија,што ме потсеќа малку на Карадај, и мислам дека е една од подобрите што излегле од турска продукција. Се работи за полицаец,Појраз Карајел,кој е лажно оклеветен за примање мито и завршува во затвор,притоа губејќи го старателството над син му.Низа околности,како и борбата за детето ќе го натераат да ја прифати понудата на бившиот шеф да се инфилтрира во најголемата криминална организација во Истанбул и да пренесува информации на полицијата. Над сето тоа се појавува и Ајшеѓул,кардиолог во која ќе се заљуби Појраз,а таа всушност е ќерка на шефот на таа криминална организација,Бахри Уман. Тоа е нешто како кратка содржина,досега има испаднато 34 епизоди и ја даваат 2 сезона,првата сезона е до 24та епизода. Самата приказна е возбудлива,непредвидлива,има многу акција,многу заплети и пресврти,дијалозите се одлично склопени и во речениците има многу мудри мисли,како за животот,така и за љубовта. Ликовите се одлично градени,до тој степен што некогаш не знаеш што да очекуваш,од најчесниот најголемо зло и обратно. Актерот што го глуми Појраз немам го сретнато порано,ама е ненормално харизматичен,да се заљуби човек Појраз како лик исто така е одличен,страшно паметен и вешт,во многу ситуации комичен,иако некогаш знае да претера со глупирање. Ајшеѓул пак ја знам глумицата како Дениз од серијата Милост,искрено на почетокот ми беше многу крута и неприродна,да не речам антипатична,ама како минат епизодите пополека се привикнувам,таква и е улогата. Бахри Уман го глуми Решат Јашаран од Фатмаѓул,да не ги пишувам турски имиња и презимиња,вака полесно се распознаваат За него само едно,човекот е роден да биде шеф на мафија или воопшто криминалец.Беспрекорен е,тие фацијални изрази никаде ги нема. Има и многу други познати глумци,да не ги коментирам сите,туку само да ви ја препорачам серијата,навистина е феноменална. А ако ја гледа некој,да развиеме и некоја дискусија.