Станува збор за најновата spin off серија од култната Pretty Little Liars. Премиерата беше на 28-ми јули, ја има на HBO. Сите дејствија се одвиваат во истото гратче - Милвуд уште еднаш станува центар на сите случувања, само што поставата која ги води сите случки е нова. Значи повторно имаме мала група на другарки во тинејџ-години и мистериозниот напаѓач „А“ кој на секој начин се обидува да им го загорчи животот на девојчињата. За разлика од нејзината претходничка, оваа серија повеќе се осврнува на хорор елементите и е нешто поморничава од претходната. Знам дека некои од вас веќе ја гледаат, па еве тема во која ќе си збориме за серијава. Јас ја изгледав само првата епизода, мислам дека ќе ја гледам првава сезона па ако е добра - супер.
Вреди да ја гледаш,сеа баш читав некои спојлери и теории,ќе биде мн интересна Топло ти ја препорачувам
Да, да, секако ќе ја гледам до крај сезонава. Засега држи внимание, а потоа ќе видам, ама баш ми се наоѓаат вакви серии да си пополнам време кога нема што друго да се гледа. Може па и навистина ќе испадне добра на крај, не се знае.
Аххх ја почнав таа другата со Алисон и беше катастрофа, сега се мислам ептен за оваа. Не дека имам превисоки критериуми за серии, пред некој ден ја изгледав First kill во два дена.
Се мислам дали подоцна да ја почнам. Јас ептен немам живци за лоши серии (иако исто First Kill имам изгледано ), ама мислам да и дадам шанса.
First kill и мене ми беше утка, некаде и во некоја тема мислам пишав. Оваа не е до толку кринџ, ма да од една епизода колку може да се примети, ко тизер ми се првите епизоди секогаш. Ај таму да се гледа нешто во ова досадно лето.
Утка или не, забавна беше, штом сите сме ја изгледале. Другарка ми има мала сестра, со друштвото од школо ја гледале ИРОНИЧНО. Него да не идам офтопик, ме убеди @Mishela, ќе си ја пуштам серијава
Ајде пуштај да врти, па после ќе му ја мислиме што со остатокот од сезоната. Јас ептен гласна на темава ко за некој што изгледал само една единствена епизода.
Сега ме фаќа паника дека ќе кажете - што нè натера оваа да гледаме и зoшто побогу се нафативме. Ај гледајте, have fun. Ќе тепаме време со серијава, да се гледа нешто актуелно, да минува време. *Ги тапка утешно по рамо @Srckata28 и @crimson *
Pretty Little Liars не беше во Rosewood? Првите неколку сезони ги гледав, после ми стана ту мач, па само пратев recaps за да добијам closure. Можеби ќе и дадам шанса и на оваа, ако има кај да се гледа овде. Се надевам само дека нема да ја развлечат во 100 сезони и оваа. Оригиналната да беше 3 сезони, ќе беше ептен фина серија, после ја направија циркус.
Rosewood не ли беше тој страшниот spooky град кај што го пратија Кејлеб да копа инфо, само не памтам за што. Битно се сеќавам дека фати автобус за да стаса до таму. Тапа сум со имиња за жал.
Ravenswood е тоа. И спиноф нели направија за него. Како за некој што ја руга серијата, доста информации памтам.
Така беше, имаш право и сетингот беше таков со гаврани, гробишта и глупости. Леле, сега за казна да ја почнам PLL од почеток, да се тортурирам малку зашто очигледно заслужувам. Сум заборавила. Оваа е во Милвуд, значи премиерно ќе му дојде сепак. Последните сезони на ПЛЛ навистина немаа смисла, не ја ни завршив до крај, само спојлери прочитав. А оваа ако не ја растегнат во сто сезони, може па и океј ќе испадне, којзнае.
Леле баш кога видов Милвуд ми звучеше погрешно и се разочарав што сум ја заборавила серијата шо и беше се на тинејџерка јас.
Ете една изгледав, ќе ја продолжам Океј е, не сум многу сконцентрирана и во позадина ми иде, а има премногу ликови, тоа мачку ме нервира.
Уууу, па не е лошо. Реално, глумата е океј. Дијалогот е кринџ како и секогаш во вакви серии, што е океј, ама обично сакам кога тоа е избалансирано со хумор за да можам да го голтам, а во оваа серија го нема. Ми се допаѓа што уствари ова започнува со нивните родители. Ми се допаѓаат хорор елементите. Карен е презлобна и ко за прва епизода ич не навлегоа во фактот што се близначки. I think I've seen this film before. Кога Таби на професорот му кажа као има 20 филмови на листава, ни еден director of color и само 2 жени... ок Џини, врати си се во твојата серија плс. Најнеомилено ми е во новиве серии кога being woke е обавезно карактеристика на некој женски лик, вауу. Дефинитивно ќе си ја гледам, ме изненади позитивно.
Ги изгледавте новите две епизоди? Јас уште прееска. Мене ми се сега навистина допаѓа серијава. Само морам да кажам, не ми е ни малку слично со оргиналната ПЛЛ, не дека треба да е слична, но некако се осеќам дека во серијава -А во последен план доаѓа, фокусирани се некако на Карен, на Анџела (што на крај ќе се склопи секако). И кога ќе почнат да зборат за -А многу ми е,, не знам ни со зборови да опишам, мислам дека пошто овој -А ги повише сталка физички, а во оргиналот ги торментираше доста долго стриктно преку пораки на телефон и нешто ќе им оставаше тук-там и не е тоа тоа. Паровите се дооооооооооооосадни, паровите во ПЛЛ беа феноменални (минус Ариа и Езра), со многу build up и се. Ова само како споредба. Иначе супер е.
И јас ги изгледав сите епизоди, конечно сум up to date. Баш ми се допаѓа, само навистина ми е тешко да ги запомнам ликовите, ми се мешаат малку кој-што-како. Не сфаќам едно, дали пропуштив во првите епизоди не знам, но Спојлер како да не кажаа кој е татко на бебето на Имоген? Што пропуштив не ми е јасно. Како дупка ми е во меморијата а ме мрзи малку да гуглам. И мене не ми е слична со ПЛЛ, повеќе ме потсеќа на Tiny pretty things некако со балетов и убиствата. Aма ми се свиѓа сетингот и концептот.
Мислам дека е издрогирана и силувана... според крајот на петата епизода... Иначе ок е серијава, сега засега ми привлече внимание. Ги изгледав вчера сите 5 епизоди