1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

PRISSCA тест

Дискусија во 'Бременост' започната од Gea, 19 март 2013.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Поздрав до сите новопечени мамички. И јас сум сега во вашиот клуб, веќе 9 недела од бременоста и минатиот пат кога бев на преглед, лекарот ми препорача да направам Prissca test, најдоцна до 12 недела од бременоста.Пробав да најдам повеќе информации за тестов, ама сите што ги прочитав, беа некако малку оскудни. Има ли некој да сподели повеќе искуство околу овој тест?
     
  2. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.708
    Допаѓања:
    136.689
    Пол:
    Женски
    во темата испитуванја во бременост види има еден куп информации за сите испитуванја
     
  3. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    982
    Допаѓања:
    1.624
    PRISCA- Систем за калкулација на ризик од постоење на хромозомски и други нарушувања кај плодот.
    Како што кажува и самото име, (PRISCA- Prenatal Risc Calulation Software), се работи за една моќна алатка која се употребува како ефикасен метод во пренаталниот скрининг, рано во бременоста.
    PRISCA во себе инкорпорира повеќе сегменти и тоа : мерки од ултразвук, биохемиски маркери од крв, податоци од мајката за возраста, бременоста, заболувања и др.

    - Голем број алгоритми и протоколи за скрининг во прв и втор триместар од бременоста
    - Извештај кој може да се моделира кон барањата на докторот
    - Познати медијани и вредности изразени во MoM
    - Автоматска калкулација на ризик
    [​IMG]
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Аничка, благодарам за одговорот, но имам уште две прашања: На клиника на ГАК го правеше тестот? Однапред се закажува или...?
     
  6. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222

    Да во ГАК правев не треба да закажуваш доколку правиш само лабораторија таму и имаш со себе мерки од матичен гинеколог или од друг. Но ако ги правиш мерењата во ГАК најрано една недела пред да влезеш во 12та треба да закажеш само за мерењето а за во лабараторија не се закажува. Но запази го периодот на мерките значи несмеат да бидат постари од 1 ден пред да ти земат крв.
     
    На Noora му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Дали некој има правено Приска 2 и дали знае да ми протолкува дали се ок резултатите:

    AFP 21,6
    uE3 0,71
    HCG 38439
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Еве што најдов на нет, во врска со Даунов синдром....убаво појаснување за идните мамички кои ги интересира.
     
  9. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    Кога се прави ПРИСКА тестот? Дали е задолжителен? И дали вреди да се прави?

    Јас имам 29 и пол години, и некои мои блиски ми ја увртеа оваа идеја во глава, да не речам овој страв. Мојот гинеколог, воопшто не ми предложи да правам приска. Всушност вчера бев на контрола и јас го прашав, ми рече: ако сакаш дојди тогаш и тогаш (инаку јас сум 12+1 недела, а тој ми закажува термин за кога ќе бидам 13+1 или 13+2 до 13+5 -последен датум), и успут ми кажа како оди тоа и дека се тоа еден куп неточни бројки. Малку ме замисли, па барав денес на интернет, и најчесто пишува дека приска се прави најдоцна во 12 недела. Сега уште повеќе сум збунета. Од една страна ми е страв, од друга страна сметам дека ако е навистина само математичка формула и игра со бројки, тогаш тоа ништо не значи, само време и пари трошење. А и за било какви реакции по основ резултатот од тестот ќе биде доцна, бидејќи дури ги соберам сите резултати ќе бидам навлезена во 14 недела.

    Не сакам да се преоптеретувам со непотребни грижи. Јас не сум од Скопје и секој преглед во Скопје би ме чинело губење ден од работа, а тоа сега ми е луксуз. Но ете, како и секоја мајка и јас сакам моето дете да е здраво и живо. Ако некој преглед е неопходен- секако ќе го направам, а ако не е (како што ми се чини докторот сакаше да ми каже) - тогаш зошто да губам време, нерви и пари?
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    Јас имам 30години , го правев овој тест по препорака на гинекологот некаде околу 12-тата недела..Точно е дека се куп математички пресметки и на крај на англиски пишува каков е ризикот
    обично треба да пишува very low risk

    Процедурата е следната - 1 до 2 дена пред да одиш во Скопје одиш кај гинекологот , тој врши мерења на плодот и со тие мерки и упат одиш за Скопје во ГАК , во новата зграда , доле во лабараторија...Завршуваш за помалку од 15 мин ...Со картонче кошта 350денари, а резултати имаш за 2-3 дена (ќе ти дадат број да прашаш дали е тестот готов)...може да ти го земе било кој и да ти го прати да не се малтретираш пак ...

    твоја одлука мајче :*
     
  11. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    482
    Пол:
    Женски
    Порано не бил, но сега мислам дека е задолжителен
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.828
    Пол:
    Женски
    И јас во вторник треба приска да правам
     
  13. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    Ти благодарам за одговорот Mrs.Bass. Ќе размислам. Искрено, ми се чини дека нема да го правам, а и мојот гинеколог да не го прашав, немаше ни да ми спомне. Од муабетот сфатив дека тој не верува многу на овој тест. Затоа l-a-d-y-di мислам и дека не е задолжителен овој преглед. Со Господ напред, како треба - така ќе биде.
     
  14. Sunshine3

    Sunshine3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    215
    И јас имав слушнато дека наводно приската е задолжителна, дури и сестрата кај матичната тоа ми го рече.. Кога ја прашав докторката таа ми одговори дека нивно е да препорачаат да се прави, а на пациентот е да одлучи. Јас и реков дека нема да правам. Кога отидов на скринингот во 12 недела на клиника, завршив со прегледот и сестрата таму ми напиша упат за во лабараторија за приска. Па во моментот се премислив, си реков ај кај сум дошла ќе го направам и ова. Инаку според мене е чиста глупост, и се направи кај нас помодарство а нема никакво сигурност, чиста математичка веројатност. На една моја позната и излегоа резултатите катастрофа, се извади од памет жената, па потоа правеше амниоцинтеза на која беше се во ред..
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.755
    Допаѓања:
    32.130
    Пол:
    Женски
    Кога бев бремена со син ми не го правев тестов. Гинекологот ми рече дека не е задолжителен. Се распрашав кај неколку мајки кои што веќе родиле и тие ми рекоа дека не е морално да се направи. Така што, одлучив да не го направам. Од лани тестов е задолжителен.
     
  16. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    ^ Баш ме чудиш. Ако е задолжителен, зошто мојот гинеколог не ми го препорача? :?: И зошто кога јас, го распрашав, тој некако ми звучеше како да ме разубедува, а не како да настојува да го направам тестот?

    Ако овој тест не е задолжителен, јас немам намера да го правам.
     
    На EricaBellan му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Не е задолжителен!
    И јас имав избор, ако сакам да го направам ако не, не морам.
    Мене докторката ми кажа дека го препорачува на родилки постари од 30 години, но дека не е задолжителен.
    Јас си го направив, без оглед што станува збор за резултат кој не е воопшто сиурен и точен, базиран на некаква математичка формула, според мерките од скринингот.
    Ми поставија неколку прашања и ми земаа крв, па и од тоа добиваат одредени резултати.
    Несакав да ме јаде црвот па го направив. Не се чека многу, брзо се завршува работа, за недела дена најдоцна резултати и мирна глава.
    Сепак кој како си сака.
     
  18. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    Мене исто не ми рекле досега дека треба да го правам. :o
     
  19. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    приска како приска не е некој тест,каде што се зема здраво за готово,све е сведено на некаква тематика,меѓутоа многу битен е скринингот кој воедно и паралелно го прават,бидејќи дефинитивно според носната коска на бебето можат да потврдат ако има или нема сумља околу даунов синдром,па тогаш со сигурност ако се има потреба се испраќа за амниоцентеза.Tака да јас сум за сите можни тестови што се овозможени и предвидени за во една бременост,без разлика да се водам по некакви статистики за зтаросна граница,може тоа порано така било,ама сега и кај млади и кај постари ризиците се големи.
     
    На Radost i ocaj, Nevena.Smilevska и Agrona им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.755
    Допаѓања:
    32.130
    Пол:
    Женски
    Така имам слушнато. Штом не е задолжителен, ни во вторава бременост нема да го правам.