Па тоа е резултатот. Има графикон. После обавезно појди си кај гинеколог да ти ги види и резултатите за хормоните чисто .
Ама постари се по 60 години и не користат ниту мобилни со камера а не со интернет ќе почекам вечер ќе прашам ако се снајдат
и моиве седат ама овие не татко ми само објавува слики на фб хахах и вика тагни ги сите хахах Ке почекам до петок за резултатот ;D
besplatna e so upat od maticen ginekolog i soodvetnata sifra za trudnici, privatnvo vo avicena cinam bese 4800.
Мешиња да ве прашам, сега сум 8+2 бев во Плодност за првиот преглед, а за два дена сум повторно на контрола и потоа ќе одам кај матичниот мој гинеколог кој работи со сини картони, па не сум доволно информирана, сакам да знам дали PRISCA правевте сите или само мамичките од 30 год нагоре затоа што било поризично да износиш бебуле?
Го правеле на клиника во Скопје така ми кажа моја блиска со претходно направен скрининг од истиот ден, но кога ќе појдам в петок кај матичниот гинеколог ќе се распрашам убаво. Ех што не ми се врти во главава само си се плашам
Јас не правев. Твој избор. Докторката категорични ми рече нема потреба. Освен ако јас ептен инсистирам.
Колку години имаш ако не е тајна Не од Прилеп сум а матична ми е Евгенија и откако сум бремена прв пат ќе одам кај неа на преглед во петок. А во четврток сум во Плодност
24. Ако имаш над 35 или било какви индикации , разгледај ги пренаталните тестови како верифии, нипт и нифти. Ама ова го процени според параметрите од ехо, не годините. Приска не ти кажува ништо. Резултатите се според статистики. Сепак ако сметаш дека ќе те смири, направи. Во државна е бесплатна. Избери стручен доктор за скрининг , он е побитен од приската.
Нема врска приската со годините. Си се испомешала малку. Да не мислеш на амниоцентеза? Таа се прави кај трудници со над 35 години.
Имам 25год, разговарав со матичната ошта докторка и истото ми го кажа дека Приската е само статистика. Фала Не знам искрно не сум доволно запознаена Ќе разговарам со матичниот гинеколог ќе ги разјасниме работите, Фала